Дијалог му е мајката, но кој прв да почне?

Средбата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на која се обидат да изнајдат решенија за политичката криза 22 јануари 2013.

Излезот од политичката криза е во дијалогот, се согласуваат и власта и опозицијата, но имаат различни гледишта за тоа кој треба да го направи првиот чекор.
И власта и опозицијата си стојат на своите ставови, првите дека локални избори ќе има, а вториве дека ќе ги бојкотираат. Во услови кога секој си ја дефинира демократијата на свој начин, кога опозицијата вели дека ќе ја жртвува партиската иднина за онаа на граѓаните, а власта не отстапува од ставот да се оди на избори, затоа што опозициските партии кои бојкотираат не биле единствената опозиција, во услови кога сите се во своите ровови, се поставува прашањето што се случува со државата? Како и прашањата како политичката криза се одразува на интеграциите на земјата во ЕУ и во НАТО и кој е излезот од ситуацијата?
Ова може да трае многу долго, затоа што ние не можеме на сила да ја седнеме власта на маса. Веќе добиваме конкретни пораки дека власта е таа која треба да преземе конкретни чекори или дека е во интерес нејзин, затоа што на крајот на краиштата таа ја води државата, да седне да разговара. Не велам дека априори тоа значи прифаќање на сите услови на опозицијата, но да се седне и да се разговара со желба да се дојде до едно решение.
Андреј Жерновски, ЛДП.

Лидерот на ЛДП и член на здружената опозиција Андреј Жерновски вели дека власта е одговорна за состојбата и таа треба да преземе конкретни чекори. Но додава дека и опозицијата сноси одговорност.

„На крајот на денот се сомневам дека воопшто се нема желба за дијалог или да не бидам радикален, меѓутоа некој можеби посакува да имаме ваква состојба за полесно да владее и за да не доминираат во Македонија темите коишто навистина ги засегаат најмногу граѓаните, тоа е економската состојба, тоа е пропаѓањето на стандардот на граѓаните, туку да се дискутира за политички кризи, за прашањето за името итн. Јас не чувствувам волја од страната на власта да се реши овој проблем и воопшто да се седне на маса за да почне да разговараме.“

Протест на опозицијата.


Тој вели дека Македонија е кандидат за полноправно членство во ЕУ и ова што сега се случува во земјата навистина не доликува. На прашањето до кога може да трае оваа состојба, Жерновски одговара:

„Ова може да трае многу долго, затоа што ние не можеме на сила да ја седнеме власта на маса. Веќе добиваме конкретни пораки дека власта е таа која треба да преземе конкретни чекори или дека е во нејзин интерес, затоа што на крајот на краиштата таа ја води државата, да седне да разговара. Не велам дека априори тоа значи прифаќање на сите услови на опозицијата, но да се седне и да се разговара со желба да се дојде до едно решение.“
Доколку постои и минимално чувство кај поголемиот дел на раководството на социјалдемократите и на коалицијата којашто ја предводат се надевам дека во следните неколку дена бидејќи нема веќе време дека сепак ќе одлучат позитивно да одговорат на ваквата иницијатива и со тоа ќе покажат политичка зрелост, ќе покажат дополнителна одговорност за интересите и угледот на државата.
Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот министер за надворешни работи и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вели дека некои европратеници сметаат дека постои ризик Македонија да загуби дел од својот углед ако опозицијата и понатмау стои на ставот за бојкот на изборите и Парламентот.

„Не е исклучено заради опозициониот бојкот на политичките процеси некои земји членки тоа да го земат како аргумент за на Македонија да и се утврди недостаток за недоволно исполнување на политичките критериуми за почеток на преговорите за членство.“

Милошоски вели дека ситуацијата може да се надмине со политички дијалог. СДСМ треба да го направи првиот чекор и да го прифати предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за формирање на комисија која ќе расправа за настанувањето на политичките инциденти, вели Милошоски.

„Доколку постои и минимално чувство кај поголемиот дел на раководството на социјалдемократите и на коалицијата којашто ја предводат, се надевам дека во следните неколку дена бидејќи нема веќе време дека сепак ќе одлучат позитивно да одговорат на ваквата иницијатива и со тоа ќе покажат политичка зрелост, ќе покажат дополнителна одговорност за интересите и угледот на државата.“

Во неколку наврати експертите, коментирајќи ја кризата, рекоа дека разговорите се излез од неа, велејќи дека и земји кои војувале и имале непомирливи разлики седнале па се договориле.