Достапни линкови

Орав - Во власта се уште има демократски капацитет


Евроамбасадорот Аиво Орав смета дека е добра идејата на претседателот Иванов за формирање експертска комисија за настаните од 24 декември. СДСМ, пак, вели дека тоа не е доволно.

Потребен е дијалог за излез од политичката криза, смета евроамбасадорот Аиво Орав во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Тој додава дека предлогот на претседателот за формирање на посебна комисија по декемврискиот инцицент е добра идеја.
Ги видовме снимките од 24 декември и тие не беа многу охрабрувачки. Но сепак, секој ден сме сведоци на телевизиски снимки. Јас вчера гледав телевизија и видов многу проблематични работи. Тоа го гледаме на телевизија. Доколку постои проблем важно е да се верификуваат сите факти.
Аиво Орав, евро-амбасадор.

„Ги видовме снимките од 24 декември и тие не беа многу охрабрувачки. Но сепак, секој ден сме сведоци на телевизиски снимки. Јас вчера гледав телевизија и видов многу проблематични работи. Тоа го гледаме на телевизија. Доколку постои проблем важно е да се верификуваат сите факти и да се разјасни што се има случено, какви правила и процедури биле прекршени, што се случило зад сцената, што се случувало претходно и што се случува после настанот. Тие работи не ги гледаме на телевизија“, вели Орав.

Владејачката партија веќе изрази подршка за предлогот на претседателот за формирање на независна комисија. Андреј Петров од опозициската СДСМ вели дека ставот на партијата е јасен: само со комисијата нема да се излезе од кризата.

„Таа може да биде разгледана само во пакет на мерки кои може да доведат до излез од кризата, во која клучно место има возобновување на легитимитетот на парламентот, а тоа може да настане само преку одржување на предвремени парламентарни избори.“
Таа може да биде разгледана само во пакет на мерки кои може да доведат до излез од кризата, во која клучно место има возобновување на легитимитетот на парламентот, а тоа може да настане само преку одржување на предвремени парламентарни избори.
Андреј Петров, СДСМ.

СДСМ не е против формирање на комисија и лоцирање на одговорноста, додава Петров.

„Меѓутоа наивно и сосема погрешно е очекувањето дека таа Комисија ќе биде доволна за да се реши политичката криза. Тој што тоа го наумил можам само да кажам дека е во голема грешка, бидејќи тоа за СДСМ е целосно неприфатливо.“

Орав верува дека во институциите се уште има демократски капацитет.

„Проблемот е што моментално има политички потешкотии и земјата се подготвува за локални избори. Доколку политичките партии и граѓаните се фокусирани на тие две прашања тогаш веројатно нема доволно време за фокусирање на агендата на Европската унија.“

Евроамбасадорот исто така изрази загриженост за тоа што Здружението на новинари ги напушти преговорите со владата по декемврискиот инцидент во собранието.

„Мислам дека ова е многу вознемирувачки и пак сметам дека тука клучен е дијалогот. Владата мора да изнајде начин како да го обнови дијалогот со новинарите. Сигурен сум дека ќе има многу можности како да се постигне ова. Треба да се покаже добра волја.“
XS
SM
MD
LG