Лизгалиштето забава и рекреација на кумановци

Лизгалиштето на градскиот Кеј во Куманово.

Се бара билет повеќе на кумановското лизгалиште на градскиот кеј. Освен деца и возрасните се обидуваат да застанат на лизгалки, велат вработените на Лизгалиштето.
Лизгалиштето на градскиот Кеј во Куманово е најомиленото место за децата и за повозрасните граѓани кои се љубители на ваков вид забава и рекреација. Од претпладневните часови, се до полноќ на лизгалиштето се бара билет повеќе и опрема што се изнајмува. Основците и средношколците од кои поголемиот дел не заминале на зимување надвор од градот, велат дека секој втор ден се забавуваат и уживаат на лизгалиштето. Некои од нив првпат минатата, а некои оваа година застанале на лизгалките, затоа и има паѓања. Но, не се предаваат.
Претпладне доаѓаат мали деца, а во попладневните часови лизгаат повозрасни дури до полноќ. Нема поплаки дека е скапо, има деца што доаѓаат секој ден.
Иван Андоновски, вработен на лизгалиштето.

Иван Андоновски вработен на Лизгалиштето вели дека заинтересираноста на кумановци е голема.

„Претпладне доаѓаат мали деца, а во попладневните часови лизгаат повозрасни дури до полноќ. Нема поплаки дека е скапо, има деца што доаѓаат секој ден.“

РСЕ: Има ли од други градови?

„Да,имаше и од други држави. Од Хрватска, Италија, Грција, тука луѓето имаат работа и доаѓаат да лизгаат со своите деца.“
Убаво ми е. Доаѓам секој втор ден, а денеска три пати паднав.
Посетител на Лизгалиштето.

А децата кои уживаат на лизгалиштето запрашани како се чувсвтуваат велат:

„Убаво ми е мене.“

РСЕ: Колку пати доаѓаш?

„Секој втор ден.“

РСЕ: Паѓаш?

„Да. Денеска три пати паднав.“

Паѓаат и другите.

РСЕ: Зошто паѓаш?

„Не знам да се лизгам. А сакам да се лизгам.“

РСЕ: Боли?

„Малку.“

„Оваа година првпат се лизгаме.“

РСЕ: Скапи ли се билетите?

„Не. За еден ипол час 70 денари“, велат развеселените основци кои освен што се рекреираат на мразот тука создаваат и нови познанства, другаруваат, си помагаат едни на други, подаваат рака. А, кумановскиот Кеј се повеќе граѓани го користат за пешачење, за спортување во мал фудбал, кошарка, тенис, за прошетка заедно со пријателите и домашните миленичиња и го сметаат за најубаво место во градот.