Граѓаните и локалната власт во Битола имаат различни перцепции за тоа колку се исчистени улиците од мразот и снегот во градот. Додека граѓаните се жалат дека освен главните улици, другите се приклештени во мраз, посебно повисоките населби каде е отежнато движењето, од општинските служби велат дека сообраќајниците се исчистени.
„Снег има, а ни песок имаат фрлено, ни ништо.“
„Аха, мајка ми од гробот помина и со металата ги исчисти улиците.“
„Ни Широк Сокак не е исчистен, само некои главни улици, а низ другите човек само со санка може да се движи“, коментираат анкетираните битолчани.
Од локалната опозиција обвинуваат дека низ градските улици не е флрена ни лопата сол да ги разгризе замрзнатите површини.
„Во јавното претпријатие Нискоградба задолжено за одржување на улиците во зимски услови нема ни грам сол, а улиците не се исчистени од снегот. Очигледно градоначалникот по кој знае кој пат е изненаден од снегот во декември“, вели Васко Ковачевски од СДСМ.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески тврди дека улиците се исчистени.
„Нашата зимска служба навистина е максимално подготвена. Сите патишта се пробиени. Едноставно и во урбаниот дел на градот службите се на терен. Прво се обезбедени примарните улици, односно оние од прв приоритет, а потоа од втор итн. Сè што е потребно за сезоната е подготвено максимално - и со луѓе и со механизација и со материјал.“
Кире Крстевски, директор на јавното претпријатие „Нискоградба“ вели дека располагаат со доволно сол и ризла, а ги чистат и потешко пристапните делови од градот.
„Фрлено е околу 140 тони сол, 70 метри кубни ризла. Главните сообраќајници на повисоките населби, како на Баирот се чисти, но има многу мали улички каде не можат да влезат поголемите машини, па таму интервенираме со помали машини бобкети и трактори“, вели Крстевски.
Градоначалникот по кој знае кој пат е изненаден од снегот во декември.Васко Ковачевски, СДСМ.
„Снег има, а ни песок имаат фрлено, ни ништо.“
„Аха, мајка ми од гробот помина и со металата ги исчисти улиците.“
„Ни Широк Сокак не е исчистен, само некои главни улици, а низ другите човек само со санка може да се движи“, коментираат анкетираните битолчани.
Од локалната опозиција обвинуваат дека низ градските улици не е флрена ни лопата сол да ги разгризе замрзнатите површини.
Прво се обезбедени примарните улици, а потоа од втор итн. Сè што е потребно за сезоната е подготвено максимално.Владимир Талески, градоначалник на Битола.