Македонија, ЕУ и писмото на Филе до Аврамопулос

Средба на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино.

Од кабинетот на Филе за РСЕ потврдија дека Филе испратил писмо до Авромопулос, но без да коментираат што тоа содржело. Отфрлени се и наводите дека Филе го предлага директорот за проширување Санино за негов претставник во преговори за името меѓу Скопје и Атина.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, според некои наводи, во писмо до грчкиот министер за надворешни работи Аврамопулос предложил заедничка средба и со шефот на македонската дипломатија Попоски.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе планира наскоро да дојде во Македонија во рамки на посетата на регионот, но се уште не се знае точно кога, велат од неговиот кабинет. Од таму негираат дека ќе има соопштение за јавноста во врска со впечатоците на директорот за проширување на ЕУ Стефано Санино од посетата на земјава, како што вчера беше најавено. Исто така од кабинетот на Филе ги демантираат пишувањата во некои медиуми дека Санино би можел да биде личен претставник на Филе во спорот со името меѓу Македонија и Грција, затоа што процесот се води во рамките на ОН.
Во моментов тоа што Европската унија го бара од нас е да не се дефокусираме од европскиот пат, односно од агендата и од обврските што ги имаме ние како држава и да се создадат услови во државата со цел да бидеме фокусирани кон тие цели.
Бујар Османи, ДУИ.

Воедно за писмото од Филе до грчкиот министер за надворешни работи Аврамополус во кое тој предлага средба со него и со македонскиот колега Поповски во Брисел велат дека ваквиот начин е комуникација е редовна постапка и дополнително не сакаа да кометираат..

Во врска со посетата на Санино експертите велат дека таа е позитивна, но се скептични дека ЕУ може да помогне во надминување на политичката криза.

Потпаролот на ДУИ, Бујар Османи вели дека не би можеле да коментираат какви ќе бидат понатамошните активност на ЕУ по ова прашање.

Средба на Министерот за надворешни работи Никола Попоски со Директорот на генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино.


„Во моментов тоа што Европската унија го бара од нас е да не се дефокусираме од европскиот пат, односно од агендата и од обврските што ги имаме ние како држава и да се создадат услови во државата со цел да бидеме фокусирани кон тие цели.“
Mожеби ќе дојде до одредено изнаоѓање на некоја компромисна формула, но засега од ова што беше како средба со Санино не може да се заклучи дека брзо, лесно и ефикасно ќе се најде компромисната формула.
Нано Ружин, универзитетски професор.

Поранешниот амбасадор и професор Нано Ружин вели дека посетата на Санино може да ја оцениме како позитивна во смисла на покажан интерес од страна на ЕУ за политичката состојба во Македонија. Но независно од тоа барањата на опозицијата и она што власта го прифаќа според Ружин се толку одалечени што ЕУ не е во состојба да ги менаџира.

„Mожеби ќе дојде до одредено изнаоѓање на некоја компромисна формула, но засега од ова што беше како средба со Санино не може да се заклучи дека брзо, лесно и ефикасно ќе се најде компромисната формула.“

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири не верува дека опозицијата ќе се врати во Парламентот, затоа што позициите со власта им се многу спротиставени.

„Власта и понатаму се тера по свое, смета дека може така да функционира. На ВМО-ДПМНЕ и е доволна ДУИ за да може да функционира, не верувам дека мноу работи можат да помогнат од Европската унија, затоа што и тие се уморни со сите сугестии кои ги даваат на власта околу ова.“

Според Демири власта одамна повеќе се занимава со тоа како ќе владее и како повеќе гласови да добие, отколку на она што реално треба за земјата да го направи.