Независните политичари во Куманово велат дека тие се можност за граѓаните и дека ќе им овозможат на луѓето да не се плашат од партиите. Поранешниот претседател на кумановскиот совет Виктор Цветковски кој беше исклучен од СДСМ веќе ја најави својата кандидатура за локалните избори.
Додека двете најголеми политички партии во државава се во меѓусебен конфликт до точката на вриење, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, исклучениот активист од СДСМ, Виктор Цветковски континуирано ја разработува стратегијата за претстојните локални избори. Колку оваа генерално непријатна политичка клима која негативно се рефлектира врз севкупното општествено постоење на граѓаните во оваа држава, нему му остава простор да се наметне и да ги освои симпатиите на кумановци.
„Во конфронтаци и меѓу двата политички блока се помалку е времето за граѓаните. А ние излеговме со таква платформа, значи приоритет се интересите на граѓаните, а не на политичките партии.Тоа е разликата меѓу нас.“
И додека, како што вели Цветковски, политичките партии водат меѓусебна битка се до истребување, тој со неговите приврзаници е во редовна и секојдневна комуникација токму со граѓаните.
„Веруваме дека нашата непосредност ќе биде основен адут во освојување на гласовите на граѓаните.“
Колку граѓаните можат да им веруваат на независните кои како до вчера биле партиски активисти и функционери, дека нема пак да се вратат во старото јато, Цветковски додава:
„Ние сме искрени кон граѓаните, насочени сме кон нив и немаме потреба, ниту интерес, ниту е наш интерес во оваа битка со било кого да влегуваме во било какви разговори и договори. Единствено сме посветени на работата и заштитата на интересите на граѓаните и да се стави крај на конфронтациите на двата блока.“
Цветковски вели дека се соочува со лицемерието во политиката која подразбира и пазарење. Но неговиот став за локалните избори е:
„Нашата проекција е да влеземе во вториот круг, а доколку таа се оствари немаме потреба да влегуваме во било какви договори, разговори, или пазари туку сите тие ќе не бараат нас.Тоа е нашата цел. Потоа можеме да коалицираме без пазар и без договарање кое е надвор од реалноста.“
Зоран Петрушевски кој е во Здружението на независните граѓани и главната поддршка на Цветковски забележува:
„За разлика од времето пред пет-шест години кога ја започнувавме таа независна приказна, една група луѓе е која сакаше да покаже што не е добро во демократијата и што на време треба да се избегне. Партиите со своето членство и интереси, има некои предности, но во нашата земја граѓаните беа ставени на страна и не беа вистински коректор на политичките случувања.“
Како независен советник во општинскиот Совет во мандатот на изминување Петрушевски вели дека е неминовна соработка со партиите, при што настојувал интересите на граѓаните да бидат земени предвид. А партиската војна според Петрушевски покажува колку интересите на граѓаните им се неважни. Затоа:
„Нас најмногу не интересира да ги ослободиме граѓаните да не им се плашат партиите.“
Во конфронтаци и меѓу двата политички блока се помалку е времето за граѓаните. А ние излеговме со таква платформа, значи приоритет се интересите на граѓаните, а не на политичките партии.Тоа е разликата меѓу нас.Виктор Цветковски, независeн кандидат за градоначалник на Куманово.
„Во конфронтаци и меѓу двата политички блока се помалку е времето за граѓаните. А ние излеговме со таква платформа, значи приоритет се интересите на граѓаните, а не на политичките партии.Тоа е разликата меѓу нас.“
И додека, како што вели Цветковски, политичките партии водат меѓусебна битка се до истребување, тој со неговите приврзаници е во редовна и секојдневна комуникација токму со граѓаните.
„Веруваме дека нашата непосредност ќе биде основен адут во освојување на гласовите на граѓаните.“
Колку граѓаните можат да им веруваат на независните кои како до вчера биле партиски активисти и функционери, дека нема пак да се вратат во старото јато, Цветковски додава:
За разлика од времето пред пет-шест години кога ја започнувавме таа независна приказна, една група луѓе е која сакаше да покаже што не е добро во демократијата и што на време треба да се избегне. Партиите со своето членство и интереси, има некои предности, но во нашата земја граѓаните беа ставени на страна и не беа вистински коректор на политичките случувања.Зоран Петрушевски, независен советник во Совет на општина Куманово.