ЗНМ бара одговорност за исфрлањето на новинарите од Собрание

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, исфрлен од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот за 2013.

ЗНМ поднесе претставка до претседателот на Собранието и до МВР за да се утврди кој стои зад бркањето на новинарите од Собранието. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека очекува институциите да го обелат образот и да се оградат од непрофесионалното однесување на собраниските служби.
Здружението на новинарите на Македонија денеска достави преставка до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во која бара од него објаснување кој наредил да се користи сила против новинарите во Собранието и која е правната основа за таквата одлука.
Ние сметаме дека е апсурдно да се разговара за подобрување на состојбата на медиумите кога на терен ни се случувааат вакви тешки случувања или тешки настани каде што се демонстрира сила против новинарите. Ако ние сега не го спречиме тоа во старт мислам дека во иднина ќе се отвори патот некои луѓе да користат подраматични или по драстични мерки против новинарите. Затоа мислам дека сега е моментот кога треба да се рече стоп на таквото неодговорно и незаконско однесување кон новинарите.
Насер Селмани, ЗНМ.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека претставка е поднесена и до Министертвото за внатрешни работи со која бараат да се утврди идентитетот на тој што ја издал наредбата да се користи сила против новинарите и да се покрене постапка за утврдување на одговорност и санкционирање на сите кои беа вклучени во акцијата против новинарите. Селмани вели дека очекува од институциите да го обелат образот и да се оградат од непрофесионалното однесување на собраниските служби.

„Однесувањето на обезбедувањето беше крајно непрофесионално и мислам дека ќе знаат да се оградат од таквото однесување и да преземат законски мерки за таквите ситуации.“

Новинарските здруженија, невладините организации и новинарскиот синдикат денеска ќе испратат заедничко писмо до Меѓународната федерација на новинари, која засега само усно е информирана за случувањата во собранието, а реакција очекуваат во следниве неколку дена. Во меѓувреме ЗНМ ги прекина преговорите со владата, а до сега Премиерот и Претседателот на државата изразија жалење за како што велат, „немилите случувања со новинарите“.

„Ние сметаме дека е апсурдно да се разговара за подобрување на состојбата на медиумите кога на терен ни се случувааат вакви тешки случувања или тешки настани каде што се демонстрира сила против новинарите. Ако ние сега не го спречиме тоа во старт мислам дека во иднина ќе се отвори патот некои луѓе да користат подраматични или по драстични мерки против новинарите. Затоа мислам дека сега е моментот кога треба да се рече стоп на таквото неодговорно и незаконско однесување кон новинарите“, додава Селмани.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Инциденти и протести пред и во Собрание на РМ

Аналитичарите велат дека основен проблем со кој се соочуваат новинарите е цензурата, која со последните случувања во Собранието се покажа во вистинска слика. Комуникологот Климе Бабунски вели дека последните случувања по секоја дефиниција укажуваат на цензура.
Тоа што некои медиуми имаат една Македонија, а некои медиуми презентираат друга Македонија е всушност состојба која за жал, трае подолго или предолго.
Климе Бабунски, комуниколог.

„Дали новинарите ќе бидат замолени или ќе бидат избуткани или едноставно ќе наидат на сила која нема да им дозволи да присуствуваат на настан тоа е по секоја дефиниција се работи за цензура, а тоа е најсериозниот проблем кој денес ни се случува.“

Тој додава дека сега е потребно да се изнајде излез од ситуацијата во која и покрај цензурата дел од медиумите во јавноста и натаму претставуваат две вистини, онаа на власта и онаа на опозицијата со цел ослободување на „заробените“ медиуми од политичките спреги.

„Тоа што некои медиуми имаат една Македонија, а некои медиуми презентираат друга Македонија е всушност состојба која за жал, трае подолго или предолго. Борбата да се афирмираат новинарските принципи, да се оддржат професионалните стандарди и да се активира професионалната верзија на новинарството е вистинскиот одговор.“