Одговорноста на уредниците е да ги разјаснуваат нејасните контексти и изјави зашто извадените од контекст изјави отпочнуваат свој сопствен живот кој не е посакуван. На оваа тема се водат жестоки дебати и во ЕУ, но и во земјите кандидатки, посочи во своето воведно обраќање на форумот „Зајакнување на капацитетите и унапредување на позицијата на уредниците во Македонија“, германската амбасадорка во Скопје, Гудрун Штајнкаер.
На форумот што го организираше Македонскиот институт за медиуми, од искусни македонски уредници и новинари беше отворено и прашањето на непристрасноста, проверката на фактите и одговорностите. Своето искуство низ годините на форумот го сподели уредникот Мирче Адамчевски. Македонската новинарска пролет заврши со првата партиска влада, констатира тој.
„Непристрасноста во македонското новинарство исчезна со исчезнувањето на првата влада на независната држава. Периодот неколку години пред тоа, крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите не случајно се вика македонска новинарска пролет – вистински плурализам во приодот кон темите, вистински добронамерни критики, влади кои не го потиснуваа новинарството, политичари кои јавно не се лутеа и се така до доаѓањето на првата партиска влада“, вели Адамчевски.
Гостите на работилниците и креатори на програмата Рок Хеуксел и Роб Фрејсен, уредници и медиумски едукатори од Холандија, се обидоа преку своите холандски искуства да ја насочат работата на дводневниот форум поврзани со менаџирањето во редакциите. Прашањата кои мислеа дека треба да се отворат се како се работи во редакциите, тимската работа и одговорноста, се до реконструкцијата на профилот на еден совршен уредник.
Горан Момировски, уредник од телевизијата Канал5, се обиде да илустрира како изгледа таа тимска работа и одговорноста на уредниците во македонските медиуми.
„Нема отворена дебата за грешките што ги правиме.“
Работилницата апострофира голем број од проблемите со кои се соочуваат креаторите на вестите во Македонија како што е необразованоста и неподготвеноста на голем дел од уредниците за својата работа, непостоењето мотивираност на новинарите по принципот на награди, проблемот на неовластено снимање и многу други за кои не се водени доволен број дебати во Македонија. На дводневниот форум ќе зборуваат голем број уредници од македонските медиуми кои ќе ги отворат прашањата на уредувачките стандарди и независното новинарство, како и развивање на процесот на учење и правила на игра во редакциите.
Непристрасноста во македонското новинарство исчезна со исчезнувањето на првата влада на независната држава. Периодот неколку години пред тоа, крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите не случајно се вика македонска новинарска пролет – вистински плурализам во приодот кон темите, вистински добронамерни критики, влади кои не го потиснуваа новинарството, политичари кои јавно не се лутеа и се така до доаѓањето на првата партиска влада.Мирче Адамчевски, новинар.