Достапни линкови

Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963


Разурнатото Скопје по земјотресот од 26 јули 1963.
Разурнатото Скопје по земјотресот од 26 јули 1963.

„Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963“ е насловена изложбата што в четврток ќе биде отворена во Музеј на град Скопје. Постановката му е посветена на Јован Поповски, хроничарот и новинарот кој преку весникот „Политика“ на светот му ја соопшти веста за катастрофалниот земјотрес.

„Отидов до плоштадот, видов една голема дупка, низ која што се гледаше телефонската централа на Пошта 1. Стојам кај хотел Македонија и ги слушам повиците на затрупаните. Не, не, тоа не ме интересира, јас не сум тој што треба да спасува луѓе, јас сум новинар, јас морам да се јавам на редакцијата.“
Идејата не потекна од нас. Потекна од веќе покојниот Јован Поповски, којшто сакаше во пресрет на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, да го доближиме првиот момент до публиката како еден вовед во сето она што после тоа следело. Нашата соработка започна лани во јуни месец кога тој ни донираше дел од своите предмети и од она што сметаше дека ќе биде интересно за нашиот музеј, да остане како траен белег на еден значаен настан за градот.
Зоја Богдановска, Зоја Богдановска, виш кустос во Музеј на град Скопје.

Ова ќе го каже Јован Поповски припомнувајќи си за трагичниот настан во прилогот емитуван на Радио Слободна Европа на 26 јули 2003 година. Нецела деценија подоцна, во Музеј на град Скопје, се обистинува изложбата насловена „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963“ посветена на хроничарот и новинарот кој, како дописник, преку вонредното издание на весникот „Политика“, на светот му ја соопштил веста за катастрофалниот земјотрес, а за која самиот бил иницијатор.
Зоја Богдановска, виш кустос, Музеј на град Скопје. Изложба „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963“ посветена на Јован Поповски.
Зоја Богдановска, виш кустос, Музеј на град Скопје. Изложба „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963“ посветена на Јован Поповски.

„Идејата не потекна од нас. Потекна од веќе покојниот Јован Поповски, којшто сакаше во пресрет на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, да го доближиме првиот момент до публиката како еден вовед во сето она што после тоа следело. Нашата соработка започна лани во јуни месец кога тој ни донираше дел од своите предмети и од она што сметаше дека ќе биде интересно за нашиот музеј, да остане како траен белег на еден значаен настан за градот“, вели Зоја Богдановска, виш кустос и авторка на постановката.
Скопје е град на светот, а ние со тие улици кои еве се викале Мексичка, Рузвелтова, Прашка, тоа е едно вистинско духовно наследство и сме светот во мало во еден волку мал град.
Зоја Богдановска, Зоја Богдановска, виш кустос во Музеј на град Скопје.

Историчарката дополнува дека по смрта на Поповски на 4 мај оваа година, со својот стручен соработник Стоиле Трајковски, проектот го работеле следејќи ги неговите сугестии, но и со идеја, преку објавите, документите и личните предмети, публиката да ја запознат и со неговото богато новинарско и публицистичко творештво.

„Тука имаме една ексклузивна награда, а тоа е наградата добиена од Здружението на новинари на Македонија за најдолг новинарски стаж.“

Роден 1916 година во Вевчани, струшко, Јован Поповски работел како новинар-уредник на „Политика“ за Македонија, а известувал и за светски весници како „Лондон тајмс“, „Ле Монд“ и „Вашингтон пост“. Член на ДПМ станал во 1972 и во својот работен век има објавено 72 книги, како „Една младост“, „На татковски начин“, „Дримколски записи“, „Дневникот на Страшо Пинџур“, „Дечомани“, „Август“, „Ангели со скршени крилја“, „Рапорт на војникот“, „Вевчанци“, „Зловреме“, „Поганици“, „Човек од првиот чин на историјата“, „Желник на далгите на животот“, „Сами“, „Измеќари“, „Зајдено сонце“ и други.

Особено се бележити и неговите разговори со Венцоносците - Пабло Неруда, Блаже Коневски, Ханс Магнус Енцербергер, Рафаел Алберти, Артур Лундквист, Мирослав Крлежа, Леополд Седат Сенгор и други.

Инаку, изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје од 26 јули 1963“ посветена на Поповски, како што ќе забележи Зоја Богдановска, треба да не потсети на тоа дека овој град бил и треба да остане Град на солидарноста.

„Скопје е град на светот, а ние со тие улици кои еве се викале Мексичка, Рузвелтова, Прашка, тоа е едно вистинско духовно наследство и сме светот во мало во еден волку мал град.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG