Здруженијата на новинари и медиуми бараат одговорност од надлежните кои наложија и ја извршија наредбата новинарите да бидат отстранети од собраниската галерија пред седницата за буџетот.
Од собраниската служба за односи со јавност велат дека новинарите не биле избркани од Собранието, туку биле замолени да ја напуштат галеријата и да се префрлат во прес центарот. Според нив, одлуката не ја донел претседателот на собранието Трајко Вељаноски, туку службата за безбедност.
Од МВР велат дека по консултација со Собранието, поради нападот врз Вељаноски и прекинот на седницата, било одлучено дека во тој случај новинарите немало потреба да бидат присутни.
Претседателот на Здружението на новинари и собраниски известувач Насер Селмани вели дека ни службите за безбедност ни од кабинетот на претседателот не им објасниле зошто треба да заминат од таму.
„Не се повлековме затоа што седницата траеше, 90 отсто од пратениците беа во сала, без разлика на тоа што едни беа седнати, а другите беа околу говорницата, така што никој не објави дека седницата е прекината. Кога седницата би била прекината пратениците би ја напуштиле салата, така што ние сметавме дека ние треба да бидеме тука, затоа што пратениците се во салата, без разлика што некој не сакаше ние да бидеме таму.“
Селмани додава дека ги прекинуваат преговорите со владата, бидејќи со вчерашниот инцидент е прекршен Уставот и е нарушен правниот поредок на Македонија.
„Ирационално е некој вас да ве влече да користи сила против вас, а вие да разговарате. Ние инсистираме тие што ја дадоа наредбата и тие што ја спроведоа да сносат одговорност, затоа што во Македонија слободата на изразување е загарантирана, а цензурата е забранета. Вчерашниот инцидент беше официјализирање во дело на цензурата, бидејќи некој сакаше да им каже на новинарите што треба, а што не треба да следат во Собранието“.
Билјана Петковска од МИМ вели дека се згрозени и вчудоневидени од постапката, новинарите без никаква причина насилно да бидат избркани при што им било оневозможено да следат точка на седницата, која била од особена важност за граѓаните.
„Снимките што ги видовме на телевизија, беа загрижувачки, запрепастувачки, оваа работа не смее да остане неразрешена, а претседателот на Собранието и собраниските служби, должат одговор и тоа под итно- Зошто се случи тоа, кој ја донесе таа наредба, врз основа на која аргументација.“
Односот кон новинарите, според МИМ, фрли црна дамка врз степенот на развој на демократијата во земјата и нема никакви услови дијалогот со власта да продолжи.
Новинарите не биле избркани од Собранието, туку биле замолени да ја напуштат галеријата и да се префрлат во прес центарот. Според нив, одлуката не ја донел претседателот на собранието Трајко Вељаноски, туку службата за безбедност.Собраниска прес служба.
Од собраниската служба за односи со јавност велат дека новинарите не биле избркани од Собранието, туку биле замолени да ја напуштат галеријата и да се префрлат во прес центарот. Според нив, одлуката не ја донел претседателот на собранието Трајко Вељаноски, туку службата за безбедност.
Од МВР велат дека по консултација со Собранието, поради нападот врз Вељаноски и прекинот на седницата, било одлучено дека во тој случај новинарите немало потреба да бидат присутни.
Претседателот на Здружението на новинари и собраниски известувач Насер Селмани вели дека ни службите за безбедност ни од кабинетот на претседателот не им објасниле зошто треба да заминат од таму.
Не се повлековме затоа што седницата траеше, 90 отсто од пратениците беа во сала, без разлика на тоа што едни беа седнати, а другите беа околу говорницата, така што никој не објави дека седницата е прекината. Кога седницата би била прекината пратениците би ја напуштиле салата.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.