Во Музеј на град Скопје, од 18 декември до крајот на годинава, се одвива изложбата на слики на еминентниот македонски уметник Стефан Хаџи-Николов.
Во сликите на Стефан Хаџи-Николов убавината е млада девојка што излегла од сините води на мечтите и по нејзиното тело блескаат ситните капки вода како бисери. Тенката ткаенина на сонот се раскинала како превез од копрена и го открива нејзиното совршено тело на античка богиња. Никакви магли овде не го заматуваат погледот. Нема отровни испарувања над градовите, чад од фабриките и црни дождови. Сè е кристално проѕирно како она смарагдно утро кога е родена Афродита.
Ова ќе го запише Емил Алексиев во инспиративниот текст за каталогот за изложбата на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов што до крајот на годинава се одржува во Музеј на град Скопје и со која тој одбележува три децении од сопственото творештво. Алексиев дополнува дека во својата макотрпна работа над белото платно, сликарот ја обновува идејата за убавината или убавината на идејата која овозможува препознавање на убавите нешта во уметноста и во природата, која ги отвара очите и го овозможува видот, осветлувајќи ја, барем за миг, темната материја од која сме создадени.
Стефан Хаџи-Николов вели дека за јубилејот пред него се исправиле две патеки – или да стокми селекција на дела од секој период од трите децении негово творештво или да направи нова изложба за на публиката и прикаже до каде стигнал. Тој, како што вели, го одбрал потешкиот пат и неколку месеци неуморно творел во своето атеље.
„Убавината е мојот личен став и јас се обидувам тој став да го пренесам преку моите дела. Триесетина години тоа го работам, иако можеме да кажеме дека не е тоа само во женските фигури, бидејќи јас создавам и нефигуративни слики – „пејзажи на душата“ каде што исто така ја обработувам убавината, нормално од мој аспект“, истакнува уметникот.
Тој дополнува дека во овој негов нов циклус доминантна е еротиката, но таа овојпат за разлика од постановката во Куќата на Робевци во Охрид од пред четири години, неговиот последен поголем авторски проект, е со посмирени бои и дека тој е задоволен од она што го создал.
Роден 1955 година во Скопје, Стефан Хаџи-Николов завршил Педагошка академија, група ликовно воспитување. Во периодот од 1982 до денес има одржано над 50 самостојни изложби во земјава и во странство, а неговите препознатливи дела во кои женското тело ја репрезентира идеалната убавина, хедонизмот и прославувањето на животот се дел од значајни приватни колекции и ликовни збирки на музеи ширум светот. Член е на ДЛУМ од средината на 1980-те и за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија од кои посебно важни се наградата „Вангел Коџоман“ и признанието од љубителите на ликовна уметност, Сликарство мал формат на КИЦ, Специјалната награда на Бугарската национална асоцијација „Феномен“, наградата „Лазар Личеновски“ доделена на Годишната изложба на ДЛУМ за 2012 и други.
Говорејќи за натамошниот тек на сопственото творештво, уметникот вели дека со оглед на возраста, 57-те години од животот, не е сигурен дека би бил подготвен за некакви драстични промени, но не исклучува наплив на нови и свежи идеи.
„Јас така мислев и кога ја направив изложбата во куќата на Робевци, но еве пак ми се роди една идеја да ја направам оваа изложба која тематски, сепак, е значително различна од претходната. За три, за пет години, како ќе ми дојде некоја инспирација можеби ќе направам нови дела кои да речеме ќе бидат значително различни и по тема и по изработка од овие сега. Едноставно не можат да се прават планови. Јас за себе знам само дека ќе продолжам да сликам“, вели уметникот.
Убавината е мојот личен став и јас се обидувам тој став да го пренесам преку моите дела. Триесетина години тоа го работам, иако можеме да кажеме дека не е тоа само во женските фигури, бидејќи јас создавам и нефигуративни слики – „пејзажи на душата“ каде што исто така ја обработувам убавината, нормално од мој аспект.Стефан Хаџи-Николов, сликар.