Достапни линкови

Прва меѓународна екс-либрис изложба „Скопје 2012“


Ex-libris, минијатурна графика „Луна“ на Симонида Филипова Китановска.
Ex-libris, минијатурна графика „Луна“ на Симонида Филипова Китановска.

Повеќе од осумдесеттина дела на 46 автори од Аргентина, Бразил, Индија, Египет, Словачка, Романија, Бугарија, Србија и од нашава земја ќе бидат претставени на Првата екс-либрис изложба „Скопје 2012“, која од 26 ноември до 15 декември, ќе се одржи во Отвореното графичко студио, а зад која како организатор стои Друштвото на ликовните уметници на Македонија.

По Графичкото триенале во Битола кое е етаблирано во една од најпрестижните графички манифестации во светот и инцидентните обиди во Тетово да заживее практиката за претставување на овој вид творештво, Македонија ќе ја добие и Првата меѓународна екс-либрис изложба „Скопје 2012“.
Сметавме дека овој тип на изложба ќе ја збогати графичката сцена бидејќи екс-либрисот не е нешто непознато во светот. Веќе постојат изложби кои исклучиво се посветени на овој тип креација и авторско изразување.
Соња Димовска, уметник.


Ex-libris минијатурна графика „К.Родел“ на Зденек Буган.
Ex-libris минијатурна графика „К.Родел“ на Зденек Буган.
На постановката, што во организација на Друштвото на ликовните уметници, од 26 ноември до 15 декември, ќе се одржи во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, ќе бидат претставени над осумдесеттина дела од 46 автори од светот и од нашава земја.
Ќе се трудиме оваа изложба да ја истуркаме бидејќи сметаме дека таа е и од национален интерес и со неа Македонија ќе се впише на мапата на меѓународните графички случувања а Скопје како главен град конечно заслужува да има и една ваква манифестација.
Атанас Ботев, уредник во Отвореното графичко студио.

„Сметавме дека овој тип на изложба ќе ја збогати графичката сцена бидејќи екс-либрисот не е нешто непознато во светот. Веќе постојат изложби кои исклучиво се посветени на овој тип креација и авторско изразување“, вели уметницата Соња Димовска.

Таа дополнува дека творбите, со оглед на нивната максимална големина А-5 формат, влегуваат во категоријата „минијатури“ и дека специфично за нив е што се графики, всушност печатени дела кои што на своето клише, односно на матрицата на која што се отпечатува, мора да го имаат интегрирано текстот „екс-либрис“ и името на институцијата или личноста на која што е посветено.

„Екс-либрисите се дела кои што се нарачуваат, но не е тоа секогаш случај бидејќи авторите самите по своја желба можат да направат екс-либрис кому ќе го посветат некому или ќе го подарат некому.“

Особено е значајно и тоа што на оваа постановка покрај гостите учествуваат дваесеттина автори на екс-либрис од Македонија како графичарите Росица Лазевска, Шкипе Мехмети, Денис Тенев, Димче Димевски, Весна Радишиќ, Вања Петрушевска, а и други уметници како Симонида Филипова Китановска која по прв пат се пројавува во овој медиум.

„За екс-либрисот кај нас се заинтересираа не само графичарите за кои е карактеристично да го употребуваат овој начин на изразување, туку и другите автори кои се бават со другите ликовни дисциплини како сликарство, вајарство и т.н.“, потенцира Димовска.

Инаку, организаторите велат дека иако со многу напори го потпишуваат ова „пилот издание“ на Првата меѓународна екс-либрис изложба „Скопје 2012“, нивните амбиции се таа да прерасне во традиционална и да се одржува биенално – на секои две години.

„Ќе се трудиме оваа изложба да ја истуркаме бидејќи сметаме дека таа е и од национален интерес и со неа Македонија ќе се впише на мапата на меѓународните графички случувања а Скопје како главен град конечно заслужува да има и една ваква манифестација“, забележува Атанас Ботев, уредник во Отвореното графичко студио.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG