Достапни линкови

„Анонимни вагини“- победник на Зимскиот салон на ДЛУМ


Уметничката Петра Јовановска е добитничка на гран-при на 14-от Зимски салон на тема „Секспресија“
Уметничката Петра Јовановска е добитничка на гран-при на 14-от Зимски салон на тема „Секспресија“

Петра Јовановска е добитничка на гран-при на 14-от Зимски салон на тема „Секспресија“ што во организација на ДЛУМ се одржува во Музеј на современа уметност во Скопје. Нејзиниот полиптих „Анонимни вагини“ победи во конкуренција од 80 дела на преку 35 автори од земјава на постановката чиј куратор беше Австриецот Филип Маурер.

По неполни два месеца од добивањето на годишната награда за графика „Димче Николов“, уметницата Петра Јовановска освои и гран-при на 14 Зимски салон на Друштвото на ликовни уметници на Македонија чија тема овојпат беше „Секспресија“.
Делото ми е составено до 5 делови, сакав да направам една симбиоза и да поставам прашања: Како се доживува сексот? Зошто за сексот не се зборува како за храната? Дали во сексот уживаме толку, колку што уживаме во храната? Тоа ми беше целта да произлезат многу прашања, од тоа што сакам да кажам на мој ликовен јазик.
Петра Јовановска, уметница.

Нејзинотот дело „Анонимни вагини“, сув печат и колаж, беше одбрано меѓу 80 други остварувања на 35 македонски уметници кои, како што ќе забележи кураторот Филип Маурер, се обидоа преку својот ликовен јазик „да побараат и да најдат ново изразување на сексуалноста“.

„Делото ми е составено до 5 делови, сакав да направам една симбиоза и да поставам прашања: Како се доживува сексот? Зошто за сексот не се зборува како за храната? Дали во сексот уживаме толку, колку што уживаме во храната? Тоа ми беше целта да
произлезат многу прашања, од тоа што сакам да кажам на мој ликовен јазик.“

Петра Јовановска е родена 1972 година во Јесеник, Република Чешка. На Факултетот за ликовна уметност, отсек графика, дипломирала во класата на професор Димче Николов во 1995 година, а зад себе има 15 самостојни изложби и над 100 групни постановки во земјава и во странство.
Зимскиот салон го сметам за престижна ликовна манифестација и кога би се погледнало наназад кој се ги има добиено наградите на Зимскиот салон, тоа се се имиња кои значат многу на локовната сцена во Македонија.
Петра Јовановска, уметница.

Последните две претставувања и беа во „Галерија 8“ во Безистен, во Старата скопска чаршија, каде уметницата во рамките на изложбата „Во допир со минатото“ претстави 20 дела во мал формат, и потем во Кавадарци со избор од 30-на свои остварувања во комбинирана техника со елементи од графика и линорез.

Речовита во ликовниот израз, а скромна во говорењето за себе како автор, уметницата по освојувањето на ваквите признанија за нејзиното творештво само кратко забележува:

„Тие награди многу ми значат, ги добив од моите колеги, од ДЛУМ и ми преставува огромно задоволство. Зимскиот салон го сметам за престижна ликовна манифестација и кога би се погледнало наназад кој се ги има добиено наградите на Зимскиот салон, тоа се се имиња кои значат многу на локовната сцена во Македонија.“

Кон ова само уште информацијата дека Јовановска наскоро наново ќе патува во Република Чешка од каде има покани за две самостојни постановки, а по освојувањето на гран-при на Зимскиот салон на ДЛУМ, летово ја чека и двомесечниот престој во уметничкото ателје Ците Интернатионале дес Артс во Париз, наградата што ја доделува македонското Министерство за култура.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG