Елизабета Аврамовска, Дијана Томиќ-Радевска и Вана Урошевиќ, на својата актуелна постановка „Не ги затворај очите“, на ликовната публика и воопшто на нашата културна јавност и претставуваат три различни творечки начини на толкување на современието преку директно или индиректно реферирање на селектирани примери од историјата на уметноста, од историјата на културата воопшто.
На тој начин, уметниците било да станува збор за циничен или амбивалентен однос кон дадениот концепт, проектирајќи свои модели на дадени дела, теми и концепти од минатото, всушност креираат дијалог со актуелни моменти и вредности од времево во кое битисаме.
„Ние како уметници нели имаме свој стил на изразување, сметаме дека малку повеќе едукација и асоцијација на некои теми од историјата на уметноста се доволни за да ги предизвикаме другите да не ги затворат очите, да ги повикаме на една будност како човечка обврска, кон себе, кон другиот, кон општеството“, истакнува Дијана Томиќ-Радевска.
Уметницата дополнува дека иницијативата за оваа изложба е од пред две години и дека и припаѓа на Сашка Диноска Вилиќ. Таа тогаш го предложила дадениот наслов на постановката, но за нејзиното комплетирање се
погрижила кураторката Маја Чанкуловска.
Инаку „Не ги затворај очите“ е мултимедијален проект составен од објекти, видео и принтови кои се сместени во три пооделни соби што подразбира дека секоја од уметниците има свој сопствен простор кој е поврзан од идејата коментарите да се кажат на еден индиректен начин.
„Со моето дело сакав да го регистрирам времето во кое живеам, делото ми е некој вид на констатација на фактите на она што ни се случува денеска, со тоа што сакам да оставам простор на гледачот, сам да процени дали моето дело е позитивна или негативна критика на состојбите“, вели Елизабета Аврамовска.
Таа појаснува дека и самите елементи од кои е сочинето делото носат некои алузии и прашања и заклучува:
„И конечно сакам да го поставам вечното прашање, особено за љубителите на класичните техники на уметноста-Што е уметност?“
Дијана Томиќ-Радевска, пак, забележува дека во нејзиното дело има една позиција каде што со говорот на телото таа сака да асоцира на некои цитати од историјата на уметноста.
„Да го кажам своето мислење преку некој повик за будност, една искрена акција во сите односи, не се работи за политича изложба.“
Елизабета Аврамовска e родена во Скопје во 1956 година. Во 1984 дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на сликарскиот оддел кај проф. Петар Мазев. Во 1986 апсолвирала на архитектонскиот факултет. Од 1986 па до денес редовен професор на Архитектонскиот факултет на предмети од областа на Ликовни и визуелни уметности. Во 1995 магистрирала на катедрата за Историја и филозофија на уметност и архитектура на Централно Европскиот Универзитет (CEU), Прага, Р. Чешка. Од 1985 до 2003 е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Од 2004 до 2009 е член на бордот на Швајцарската културна програма на Западен Балкан (Прохелвеција) / Локална канцеларија Скопје, Р. Македонија. 2008 година е член на бордот на Фондацијата „Скопје метропола“, комитет за култура при Советот на град скопје во Градското собрание, а во 1987 ја формира фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“, награда на студенти од Графичкиот оддел при ФЛУ, Скопје, Р. Македонија. Самостојни изложби: 2001 Загреб, Хрватска; 1998 Виена, Австрија; 1995 Прага, Р.Чешка; 1998, 1997, 1989, 1987 Скопје, Р. Македонија.
Дијана Томиќ Радевска е родена 1961 година во Скопје. Дипломирала 1984 година на одделот за графика на Факултетот за ликовни уметности и член е на ДЛУМ. Во 1997 година имала студиски престој при отворенотот графичко студио во Дрезден, а две години подоцна станала официјален Витез на одделот за уметност при Академијата „Греци Марино“, во Вербано – Италија. Самостојно изложувала во Скопје (1998, 1992, 1995, 1996, 1998, 2002, 2005, 2010), Охрид (1988, 1992, 1995), Гевгелија (1985) , Куманово и Штип (1995), Милано (1996), Мастрихт ( 1997), Ахен (1998), Загреб и Битола (1999), Фриментал (2000), Берлин и Њујорк (2006), Белград (2009) и Прилеп (2011).
Вана Урошевиќ е родена во Скопје. Дипломирала и завршила пост-дипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Студиски престој во Париз 1987, и специализација на Академијата за убави уметности во Венеција 1988. Во 2003 година ја претставуваше Република Македонија на Биеналето во Венеција. Самостојни изложби: Скопје 1989, 1998, 2001, 2003, 2007; Белград 1987, 1992, 2002, 2009, 2011; Струга 1996; Битола 2003; Венеција 2003; Љубљана 2009; Њујорк 2010.
Ние како уметници нели имаме свој стил на изразување, сметаме дека малку повеќе едукација и асоцијација на некои теми од историјата на уметноста се доволни за да ги предизвикаме другите да не ги затворат очите, да ги повикаме на една будност како човечка обврска, кон себе, кон другиот, кон општеството.Дијана Томиќ-Радевска, сликарка.
На тој начин, уметниците било да станува збор за циничен или амбивалентен однос кон дадениот концепт, проектирајќи свои модели на дадени дела, теми и концепти од минатото, всушност креираат дијалог со актуелни моменти и вредности од времево во кое битисаме.
„Ние како уметници нели имаме свој стил на изразување, сметаме дека малку повеќе едукација и асоцијација на некои теми од историјата на уметноста се доволни за да ги предизвикаме другите да не ги затворат очите, да ги повикаме на една будност како човечка обврска, кон себе, кон другиот, кон општеството“, истакнува Дијана Томиќ-Радевска.
Уметницата дополнува дека иницијативата за оваа изложба е од пред две години и дека и припаѓа на Сашка Диноска Вилиќ. Таа тогаш го предложила дадениот наслов на постановката, но за нејзиното комплетирање се
Со моето дело сакав да го регистрирам времето во кое живеам, делото ми е некој вид на констатација на фактите на она што ни се случува денеска, со тоа што сакам да оставам простор на гледачот, сам да процени дали моето дело е позитивна или негативна критика на состојбите.Елизабета Аврамовска, сликарка.