Достапни линкови

„Архи - архетипски слики“ изложба на Тони Васиќ


Еден од објектите кои ќе бидат преставени на изложбата на Тони Васиќ.
Еден од објектите кои ќе бидат преставени на изложбата на Тони Васиќ.

„Архи – архетипски слики“ е насловена самостојната изложба на академскиот графичар Тони Васиќ во Националната галерија на Македонија – Мултимедијален центар Мала станица во Скопје. Ќе бидат претставени 14 објекти и 20 цртежи, а авторот овој проект им го посветува на природата и на човекот.

Следејќи ја идејата зачната со делото „Ние и јас“ со кое доби Гранпри на Зимскиот салон на ДЛУМ во 2010 година, потем и со изложбата „Птичји гнезда“ првично одржана во Националниот завод и музеј Битола неколку месеци подоцна, Тони Васиќ и својот најнов проект „Архи-архетипски слики“ им го посветува на суштествата со кои што се занимаваат науките за птиците и за инсектите – орнитологијата и етномологијата.
Мојата порака е дека секој треба да внимава на своето гнездо, во кое се раѓа, живее и умира, односот помеѓу минатото и сегашноста кој не треба да се заборави.
Тони Васиќ, графичар.


Притоа, тој, покрај веќе претставените објекти за коишто употребува различно обоени природни материјали како пердуви, лушпи од јајаца, пеперутки, клинци, бодликава жица... него го надополнува и го синхронизира со цртежи. Всушност, проектот е генериран од древните, од „пра-архитектонските“ објекти што егзистирале далеку пред првите креации на човекот, а тој како
Тони Васиќ, графичар
Тони Васиќ, графичар
уметник на нивната богата барокизирана поетика им ги сопоставува лапидарните, апстрактно компонирани студии на цртежите.

„Мојата порака е дека секој треба да внимава на своето гнездо, во кое се раѓа, живее и умира, односот помеѓу минатото и сегашноста кој не треба да се заборави и употребата на сите оние
Дали треба толку упорно да такламе по корените кои се контроверзни, постојат, не постојат, колку далеку всушност треба да одиме или треба да се свртиме околку нас и да си го направиме нашето место за живеење пристојно онака како што треба во сегашноста.
Тони Васиќ, графичар.
стари матријали кои се употребени во градбата на гнездата, кои само даваат алузија на некакво гнездо завртено само кон себе си, а потоа кон сите останати, почнувајќи од домот, а потоа кон целата онаа заедница која не држи околку нас.“

Уметникот, кој овој проект им го посветува на природата и на човекот, притоа не го исклучува влијанието на актуелните случувања кај нас, посебно оние врзани со фамозниот проект „Скопје 2014“.

„Дали треба толку упорно да талкаме по корените кои се контроверзни, постојат, не постојат, колку далеку всушност треба да одиме или треба да се свртиме околку нас и да си го направиме нашето место за живеење пристојно онака како што треба во сегашноста.“

Тони Васиќ е роден 1966 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, член е на ДЛУМ од 1991 година и досега има реализирано девет самостојни изложби во земјава и во странство. Учествувал на преку 150 домашни и меѓународни групни постановки, претежно од областа на графиката, автор е на над 500 насловни страници на магазините во Македонија и добитник е на 11 престижни домашни и меѓународни награди за уметност и дизајн.

Со „Архи – архетипски слики“, Васиќ наскоро ќе се претстави и во Националната галерија во Ниш, соседна Србија, а потем ќе патува и во Париз каде на публиката ќе и понуди делови и цртежи од истата оваа постановка.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG