Вистинската доблест на еден уметник е во моќта на создавањето, во нега на душата, во продлабочување на мудроста и вистинитоста на убавото. Слободата при изразувањето е чин на независен процес и го потенцира индивидуалниот став во поимувањето на творечката активност. Како плод од таквото спознание, Валентина Илијевска, дипломиран млад графичар, посветена на цртежот и сликарството, после повеќегодишна творечка активност на оваа изложба ни ја презентира сопствената комплексна, интимна визија низ призма на спиритуален ликовен јазик. Тоа се видливи, аргументирани, многубројни лирски записи и симболи сочинувајќи ликовни контексти на имагинарни слики.
Ова ќе го забележи професорот Мирко Вујисиќ во каталогот за престојната прва самостојна изложба на Валентина Илијевска што од 7 до 18 февруари ќе се одржи во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Постановката е насловена како HUMANITAS DIGNITAS или ЧОВЕКОВИ ВРЕДНОСТИ и донесува 20-тина дела настанати во последниве две години.
„Ние уметниците треба да бидеме во тек со времето и со настаните, приметив дека повеќето луѓе ги имаат подзаборавено тие вредности, онаа базичното што нас не врзува да бидеме како луѓе, онаа вистинското во нас, да се биде човек“, вели 24-годишната уметница.
Таа дополнува дека покрај општествениот аспек, оваа нејзина постановка си има и свој ликовен ангажман.
„Потесниот круг на луѓе, моиве колеги го запоставуваат цртежот, пак онаа базичното, сензибилитетот во цртежот, линијата и движењето, сите го гледаат само оној конечен резултат да го видат, не го негуваат цртежот, не се поистоветувааат, не се мачат, не го доживуваат на некој начин. Приметив дека едноставно тоа е заборавено и се обидувам на некој наичин сето тоа да го вратам, да ги потсетам каде сме заборавиле, каде сме застанале.“
Илијевска на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, оддел графика и графички техники дипломирала во 2010 година во класата на Вујисиќ, а изучувала и конзервација и реставрација кај професорите Невенка Величковска и Момчило Трајковски. Досега учествувала на голем број групни изложби и конкурси во земјава, соседна Србија, во Турција и во Полска и освојувала многу награди и признанија за своето творештво.
Живее и твори во Куманово, а во последниве неколку години работела на конзервација и реставрација на мозаици, ѕидно сликарство и на икони.
„Сето тоа пак на некој начин постсвесно ме врзува, конзервацијата и реставрацијата, тие вредности што човекот треба да ги вреднува.“
Инаку, по оваа изложба во МКЦ Валентина Илијевска планира своите дела да и ги претстави и на ликовната публика во останатите градови во земјава, а ќе одговори и на сите покани за творечки патувања во соседните држави.
Ние уметниците треба да бидеме во тек со времето и со настаните, приметив дека повеќето луѓе ги имаат подзаборавено тие вредности, онаа базичното што нас не врзува да бидеме како луѓе, онаа вистинското во нас, да се биде човек.Валентина Илијевска, сликар.
Ова ќе го забележи професорот Мирко Вујисиќ во каталогот за престојната прва самостојна изложба на Валентина Илијевска што од 7 до 18 февруари ќе се одржи во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Постановката е насловена како HUMANITAS DIGNITAS или ЧОВЕКОВИ ВРЕДНОСТИ и донесува 20-тина дела настанати во последниве две години.
Потесниот круг на луѓе, моиве колеги го запоставуваат цртежот, пак онаа базичното, сензибилитетот во цртежот, линијата и движењето, сите го гледаат само оној конечен резултат да го видат, не го негуваат цртежот, не се поистоветувааат, не се мачат, не го доживуваат на некој начин.Валентина Илијевска, сликар.