Достапни линкови

Богата годишна изложба на ДЛУМ


Стефан Хаџиниколов, сликар.
Стефан Хаџиниколов, сликар.

120 творци, со дела работени во сите категории и техники, се претставени на годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, што ќе биде отворена вечерва во Музеј на Град Скопје.

Ако масовноста и отвореноста вообичаено прават Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници, како една од неколкуте значајни традиционални постановки, да биде реална слика за продукцијата во текот на изминатиот период, тогаш бројката од 120 присутни творци со дела работени во сите категории и техники вели дека асоцијацијата е на вистинскиот пат во афирмацијата на овој вид творештво кај нас.
После 40 години творештво, големо задоволство е да добиеш „Нерешки мајстори“, една од поголемите награди на Друштвото на ликовни уметници.
Никола Иванов Балтон, сликар.

Од таму, сосема разбирливо е и што со нагласена љубопитност не само од авторите туку и од љубителите на ликовната уметност вообичаено бива пречекана и доделата на наградите. А, кога сме веќе тука да кажеме дека добитник на наградата „Нерешки мајстори“ за сликарство и континуирано творештво за 2011 година е Никола Иванов Балтон, кој во манир на искусен уметник за признанието ќе забележи:

„После 40 години творештво, големо задоволство е да добиеш
Зарије Амдију, сликар
Зарије Амдију, сликар
„Нерешки мајстори“, една од поголемите награди на Друштвото на ликовни уметници.“

Наградата Лазар Личеновски за едногодишна ликовна продукција, по прв пат во историјата на ДЛУМ, им припадна на двајца уметници – Стефан Хаџиниколов и Илија Спасовски Чендо.

„Сликата е долга речиси 5 метри и е
Оваа награда многу ќе ме повлече понатаму да творам посилно и со повеќе енергија.
Слободан Милошевски, сликар и музичар.

со име ’Облекување‘, името го дадов едноставно така за да не предизвика не можам да кажам рекации, туку да не отиде во друг смер самото сликање“, истакнува Хаџиниколов.

А Чендо, пак, откако ќе го сподели задоволството за освоената награда за делото Фосили од Стоби информира дека забрзано се подготвува за својата нова самостојна изложба.

„Правам една изложба за Софија некаде, оваа 2012-та година, тоа е еден нов циклус на слики.“

И наградата за сликарство за помлад автор Петар Мазев оди во рацете на двајца творци – Владимир Симеонов и Зарије Амдију.

„Јас сум многу радосна за оваа награда, затоа што можам да кажам дека Мазев ми беше како идол“, истакнува младата уметница која се подготвува за својата прва самостојна постановка која по Тетово ќе ја види и публиката во Скопје и потем ќе патува во соседните Албанија и Косово.

Сликарот и музичар Константин Качев кој неодамна со две големи признанија се врати од Франција е добитник на признанието Димитар Кондовски, наградата за графика Димче Николов ја освои Петра Јовановска Ристовска, а онаа, пак, за скулптура именувана по големиот Јордан Грабул му припадна на Слободан Милошевски.

„Оваа награда многу ќе ме повлече понатаму да творам посилно и со повеќе енергија, а што се однесува до делото кое е дадено на оваа изложба, тоа е само еден мал дел од еден циклус на мое творење минатите две години, во кое се занимавам со една филозофија на структурализмот“, вели Милошевски.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG