По Јин-Јанг во Галерија 8, поставката во Арт соба Мерикон и изложбата во Македонската амбасада во Виена – Австрија и по Портрети во Младинскиот културен центар во Скопје, младиот академски сликар Гоце Илиевски ја закажа и својата петта самостојна средба со ликовната публика. Тој овојпат ќе се обиде да го изнуди вниманието на јавноста со своите 20-тина нови актови под заеднички наслов Голи, но како што и
самиот забележува во овој случај не станува збор ниту за нашето голо тело, ниту за материјалната голотија.
„Насловот „Голи“ не се однесува на чисто материјално голи, како човечко тело, туку повеќе на духовно соголување, навлегување кон суштината на човекот, кон она што се крие зад секого од нас.“
Илиевски дополнува дека не му е прв пат на публиката да и ги претставува своите сликарски актови.
„На изложбата во Виена исто така имав изложено актови меѓу другото, но ова е проект за себе.“
Гоце Илиевски е роден на 8 февруари 1988 година во Скопје. Завршил средно Уметничко училиште Лазар Личеноски насока сликарство, а дипломирал сликарство со насока конзервација на Факултетот за ликовни уметности, во класата на Жанета Вангели. Тој досега има учествувано на повеќе заеднички поставки како Групната изложба на студенти од Факултетите за ликовни уметности во Истанбул во 2009 година, Биеналето на мала графика – Тетово 2008, хуманитарната групна изложба во Културниот центар Мала Станица во Скопје... а интересно е што сите негови самостојни претставувања се обистинија во текот на оваа календарска година.
„Бев зафатен со студиите па откако дипломирав се „фрлив“ на работа и мислам дека имам доволно енергија за сето тоа да изгледа така како што сум го замислил.“
Младиот уметник беше учесник и на хепенингот што се одржа во рамките
на годинешното издание на Карпошово културно лето и стана добитник на откупна награда на ликовниот натпревар што го потпиша оваа скопска општина.
„Мило ми е за таа награда затоа што таму учествуваа многу веќе докажани автори од ликовната уметност.“
Гоце Илиевски наскоро со својот помлад брат исто така ликовен уметник заминува за САД каде ќе ја претстават својата заедничка изложба на портрети на блуз класиците бидејќи како што дополува енергијата која што му ја дава музиката нему силно му влијае во творештвото.
Насловот „Голи“ не се однесува на чисто материјално голи, како човечко тело, туку повеќе на духовно соголување, навлегување кон суштината на човекот, кон она што се крие зад секого од насГоце Илиевски, сликар
самиот забележува во овој случај не станува збор ниту за нашето голо тело, ниту за материјалната голотија.
„Насловот „Голи“ не се однесува на чисто материјално голи, како човечко тело, туку повеќе на духовно соголување, навлегување кон суштината на човекот, кон она што се крие зад секого од нас.“
Илиевски дополнува дека не му е прв пат на публиката да и ги претставува своите сликарски актови.
„На изложбата во Виена исто така имав изложено актови меѓу другото, но ова е проект за себе.“
Гоце Илиевски е роден на 8 февруари 1988 година во Скопје. Завршил средно Уметничко училиште Лазар Личеноски насока сликарство, а дипломирал сликарство со насока конзервација на Факултетот за ликовни уметности, во класата на Жанета Вангели. Тој досега има учествувано на повеќе заеднички поставки како Групната изложба на студенти од Факултетите за ликовни уметности во Истанбул во 2009 година, Биеналето на мала графика – Тетово 2008, хуманитарната групна изложба во Културниот центар Мала Станица во Скопје... а интересно е што сите негови самостојни претставувања се обистинија во текот на оваа календарска година.
„Бев зафатен со студиите па откако дипломирав се „фрлив“ на работа и мислам дека имам доволно енергија за сето тоа да изгледа така како што сум го замислил.“
Младиот уметник беше учесник и на хепенингот што се одржа во рамките
На изложбата во Виена исто така имав изложено актови меѓу другото, но ова е проект за себеГоце Илиевски, сликар