Основен предмет на интерес во делата на Нина Нинеска се амбивалентните структури, претставени преку скулптури и дигитални графики, кои развиваат концепт на интервенција – како на материјално, така и на спиритуално ниво.
Ова ќе биде запишано во каталогот за првата самостојна изложба ТЕ САКАМ... Слушни ја тишината, бескрајна Љубов... Свети на младата уметница поставена во Мултимедијалниот центар Мала станица во Скопје. А, таа пак како објаснување на суштината на својот проект знае да забележи дека:
„Љубовта е основното нешто во целово постоење, без љубов ниту јас ниту целово постоење ќе постои.“
Нина Нинеска е родена во 1974 година во Скопје. На одделот за вајарство при факултетот за Ликовни уметности на Универзитетот Свети Кирил и Методиј дипломирала 2005 година и досега учествувала на ликовната колонија Саи Арт Симпозиум во Атина, соседна Грција и на групната интернационална изложба 5th Blue Sky Imai Museum Mitsuke во Нигата – Јапонија каде го претставила своето дело Месечеви зраци – фотографија од скулптурата Објект 2-ка.
Во 2008 година уметницата доби награда од Министерството за култура на Република Македонија за својот предлог за монументална скулптура за град Скопје насловен како Изгрејсонце. ТЕ САКАМ е првиот нејзин самостоен проект за кој таа има и своја порака до посетителите.
„Кога ги восприемаат, гледаат скулптурите и делата да се запрашуваат со љубов: кој сум јас, кој го гледа ова дело, кој го создава ова дело? Самото битие во моментот на гледање на скулптурата, графиката, објектот е директно творецот.“
Инаку, Нинеска пожелува нејзината поставка да ја види и ликовната публика во регионот бидејќи...
„Да покажеме и на земјите околу Македонија и пошироко, дека Македонија како земја нуди, вистинска, директна уметност.“
Кон ова само уште информацијата дека поради убавиот прием кај публиката изложбата на Нинеска во Националната галерија ќе продолжи до 10 ноември годинава.
Кога ги восприемаат, гледаат скулптурите и делата да се запрашуваат со љубов: кој сум јас, кој го гледа ова дело, кој го создава ова дело? Самото битие во моментот на гледање на скулптурата, графиката, објектот е директно творецот.Нина Нинеска, уметник.