Во конкуренција на повеќе од 2.500 ликовни уметници од светот чии дела се најдоа на постановката на тема „Уметност и капитал“ што се одржа во рамките на Есенскиот салон во реномираниот париски музеј Гранд пале, македонскиот сликар Константив Качев за делото Донесен со ветрот од циклусот Емигрант посветен на Децата бегалци и жртвите на егзодусот го освои сребрениот медал.
Наедно тој беше награден и со паричен износ од престижната фондација Тејлор, што дефинитивно подразбира дека минатогодишното освојување на бронзата за сликата Јас видов се нималку не било случајност кога станува збор за творештвото на овој наш автор.
„Многу ми е драго и верувам дека и на кој било друг кога неговото дело вака ќе остане забележано не во Македонија, тука некаде надвор на такво ниво, бидејќи тоа е единствен Салон во цел свет, во Париз секоја година во тоа време. Пред неколку години Манасиевски доби златен медал, таа информација ми беше многу драга, поттик ми беше и јас да се пријавам за да учествувам.“
Овие награди на уметникот догодина ќе му овозможат и двомесечен студиски престој во Париз, а многу поважно од тоа е што неговото име и творештво се најдоа во Светскиот каталог за 2011.
„Секој месец добивам по две-три понуди не само за во Франција, туку и за цел свет. Тоа е прва позитивна работа што во Светскиот каталог сум внесен со се, со адреса, со телефон, со меил, со сите податоци, со самата слика, така да луѓето може тоа да го видат.“
Качев е член на ДЛУМ и зад себе има голем број на изложби во земјава и во странство од кои посебно за издвојување се постановките во Њујорк, Париз, Лион, Минхен и Берлин, а во перидов што следува интензивно се подготвува за новата средба со македонската ликовна публика што треба да се случи напролет во Куманово и во Скопје и за постановката во Москва, во Русија.
„Тоа е една престижна галерија до самиот Кремљ. Како што добив информации, таму и руски уметници чекаат со месеци да изложат. Ова ми е најновиот циклус Емигрант кој не е довршен се уште, би сакал да направам една завршница условно на тој циклус и веројатно само со тоа ќе се преставам во Москва.“
Наедно, сликарот на љубителите на рок музиката во Македонија им е познат и како гитарист на хеви-метал составот САНАТОРИУМ, бендот што по долгогодишна пауза најавува нов албум и враќање на сцената.
„Секогаш си работевме пред се од љубов спрема таа музика. Чуствуваме потреба едноставно да се собереме и да го издадеме тој албум, а резултаот каков ќе биде ќе видиме сите заедно.“
Многу ми е драго и верувам дека и на кој било друг кога неговото дело вака ќе остане забележано не во Макеоднија, тука некаде надвор на такво ниво, бидејќи тоа е единствен Салон во цел свет, во Париз секоја година во тоа време.Константив Качев, уметник.