20 цртежи работени во комбинирана техника на различни видови хартија ќе и бидат претставени на ликовната публика на изложбата Белешки од киоскот за цигари и весници 4 на македонскиот уметник Миле Ничевски што од 27 јануари до 15 февруари ќе се одвива во Отвореното графичко студио на Музеј на град Скопје. Со делата од оваа постановка авторот го продолжува циклус на своите естетски и ликовни преокупации од последнава деценија и нешто повеќе, во случајов со акцент на нашата автентична реалност онака како што е прикажана во медиумите.
„Се работи за пародирање на сама ситуација и тоа оди по некој редослед како што оди, да кажеме, во новините, во печатените медиуми или во медиумите, значи од политика, трачеви, спорт, култура, менталитет... Екстремен вид на деконструкција на тие вести, да кажеме, или лични видувања, сето тоа измешано во еден надреалистички колаж.“
За можното препознавање на некои ликови во делата од актуелната постановка, Ничевски вели дека не ги бирал со некаква особена намера да ги посочи токму нив, туку дека дозволил самиот цртеж да ја направи нарацијата на неговата приказна.
„Не е тоа со намера нешто или некого да посочам, но ете така едноставно оставив цртежот да ме води“, вели Ничевски.
Роден 1972 година во Гевгелија, Миле Ничевски по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, педагошки отсек, насока графика, се враќа во родниот град каде што работи како раководител на Домот на култура. За време на студискиот претстој во Париз во 2006 година станал член на интернационалната арт група Г.Е.М каде што работел на долгорочниот проект Свилени патишта – патишта за дијалог, проект базиран на интер-културниот уметнички дијалог и заедничкиот интерес за класични ликовни техники и нивниот сооднос со современите медиуми.
Се занимава со сликарство, цртеж и стрип и досега учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство. Автор е на неколку кирилични фонтови и учебници, минатата година беше еден од двигателите на манифестацијата „Гевгелија – град на културата 2011“, а Белешки од киоскот за цигари и весници 4 е негова шеста самостојна постановка.
За периодот што следува тој вели дека пред себе има една покана за изложба во Германија и дека времето ќе го искористи малку повеќе да ја ужива самотијата на сопственото атеље за да ги заврши проектите што од поодамна ги планирал.
„Две работи ми се како автор многу битни, а тоа е некој вид на печатено издание, нешто помеѓу графичка новела и книга, или стрип да кажеме, ете нека е и тоа и едно вообличување на еден циклус на слики, масло на платно илио некоја комбинирана техника“, вели Ничевски.
Се работи за пародирање на сама ситуација и тоа оди по некој редослед како што оди, да кажеме, во новините, во печатените медиуми или во медиумите, значи од политика, трачеви, спорт, култура, менталитет... Екстремен вид на деконструкција на тие вести, да кажеме, или лични видувања, сето тоа измешано во еден надреалистички колаж.Миле Ничевски, уметник.
„Се работи за пародирање на сама ситуација и тоа оди по некој редослед како што оди, да кажеме, во новините, во печатените медиуми или во медиумите, значи од политика, трачеви, спорт, култура, менталитет... Екстремен вид на деконструкција на тие вести, да кажеме, или лични видувања, сето тоа измешано во еден надреалистички колаж.“
За можното препознавање на некои ликови во делата од актуелната постановка, Ничевски вели дека не ги бирал со некаква особена намера да ги посочи токму нив, туку дека дозволил самиот цртеж да ја направи нарацијата на неговата приказна.
„Не е тоа со намера нешто или некого да посочам, но ете така едноставно оставив цртежот да ме води“, вели Ничевски.
Не е тоа со намера нешто или некого да посочам, но ете така едноставно оставив цртежот да ме води.Миле Ничевски, уметник.