Политичари, не листа на желби, туку конкретни решенија за младите!

Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.

Младите ако не се членови на политички партии, ретко кога можат да ги остварат своите цели и да ги решат своите опшествено-социјални проблеми, зашто, така речено, многу ретко се вклучени во процесите на донесување одлуки и креирање на младинска политика,пишува за РСЕ Зоран Илиоски, извршен директор на Коалицијата на младинските организации СЕГА.
Двајца млади луѓе, со високо образование, ги прашав, ненамерно и случајно, зошто сакаат да се зачленат во политичка партија? Веруват ли во нејзините идеали, бидејќи така носи редот-да веруваш во нешто и да пристапиш кон таа група во која веруваш? Кои идеи ќе ги понудат како млади луѓе во партијата, за подобрување на положбата на останатите млади, за подобра комуникација на паријата со младите? Што ќе предложат? Во кој дел од политичката програма веруваат ? Како дошле до идеја дека баш тука треба да се зачленат ? И .... не бев изненаден оти и јас не сум од „Марс“, но едниот само ми се насмевна и со големо крекање, не зборување, ми рече „па, кој бре чоек ти бара идеи, идеали и такви глупости, јас сакам само да се вработам? Како инаку би се вработиле, кажи? Каде ќе најдам работа ако не ме поткрепи партијата, а?! И, направи фаца на лицето, како да сака да каже „колку овој е глуп “ и двајцата одминаа,смеејќи се на моите „глупи“ прашања.
не дека не треба младите да се зачленуваат во политичките партии, но кога се веќе таму, да дадат свој придонес за развој на партиската организација, за подобра иднина на младата популација, не партијата да служи само како отскочна штица за решавање на социјалниот проблем.


Не дека бев изненаден, но очекував дека тие веруваат во она каде се зачленуваат и со својот труд ќе придонесат.... итн .Но, се ти било проста математика „јас член кај тебе – ти мене работа“. И сфатив, појак водич немало од празен стомак! Тој го мами и го насочува и умот и телото.
Наравоучение на ова, не дека не треба младите да се зачленуваат во политичките партии, но кога се веќе таму, да дадат свој придонес за развој на партиската организација, за подобра иднина на младата популација, не партијата да служи само како отскочна штица за решавање на социјалниот проблем.

Дали сте слушнале досега дека политичка партија во Македонија односно нивните подмладоци, да прават трибина на тема „што сакаат младите? Што им е приоритет? Дали освен идеите од политичкиот подмладок кој собира информации само од нивните членови, во некоја изборна политичка програма, некој внел идеи од група на млади средношколци, студенти или невработени, кои имаат ваков или онаков проблем? Досега не сум слушнал ниту некоја граѓанска организација да прави активност коа ќе прибира мислење на младите и со нив да лобира кај полатичките партии, со цел истите да се најдат во нивните приоритетни изборни програмски листи.

И да се навратам на приказната погоре, младите ако не се членови на политички партии, ретко кога можат да ги остварат своите цели и да ги решат своите опшествено-социјални проблеми, зашто, така речено, многу ретко се вклучени во процесите на донесување одлуки и креирање на младинска политика. А, нив ги мачат неколку теми: подобро образование, невработеност, младинско учество и организирање, култура и младинско информирање.
Нашата цел во оваа насока е на полатичките партии пред престојаните локални избори, да им ги понудиме барањата на младите, за локалните власти да станат свесни дека младите во Македонија имаат свои проблеми и очекуваат од идните политичари, градоначалници, членови на Советите, кога ќе ги избереме да делуваат кон решавање на нашите проблеми, а не само да се грижат за нивниот подмладок . Не да има листа на желби ,туку конкретно решение, кои ќе послужат во иднина да се мери отчетнста , транспарентноста и заложбата на власта која ќе биде избрана.



Земајќи го ова како параметар како Коалиција Сега ќе се обидеме, велам ќе се ОБИДЕМЕ, темите за кои младите најмногу се засегнати, да бидат доставени и поставени како дел од политичките изборни програми на партиите и коалициите за престојаните Локалните избори 2013 година! Бидејќи, политичките партии немаат системски начин, преку кои можат да го собираат мислењето на младите и нивните потреби, како специфична целна група, иако младите се една од најголемите категории на гласачи. Нашата цел во оваа насока е на полатичките партии пред престојаните локални избори, да им ги понудиме барањата на младите, за локалните власти да станат свесни дека младите во Македонија имаат свои проблеми и очекуваат од идните политичари, градоначалници, членови на Советите, кога ќе ги избереме да делуваат кон решавање на нашите проблеми, а не само да се грижат за нивниот подмладок . Не да има листа на желби ,туку конкретно решение, кои ќе послужат во иднина да се мери отчетнста , транспарентноста и заложбата на власта која ќе биде избрана.

Фокус групи од по 80-тина млади, на возраст од 15 до 30 години, во 8 градови во Македонија вклучувајќи ги сите осум плански региони (Прилеп, Скопје - Кисела Вода, Куманово, Тетово, Охрид, Кавадарци, Штип и Струмица), претставници од средношколски организации, студенти, младински организации, невработени, политички подмладоци итн. ќе работат на идентификување на проблемите и потреби, а резултатите ќе бидат сумирани во еден документ (policy brief) кој ќе биде презентиран на пошироката јавност и доставен до сите политички партии. Така решивме да направиме и веќе делуваме, се со цел да се ОБИДИМЕ, сите да имаме полн стомак и разумна чиста мисла, кога сите млади бираме и имаме можност на избори да избереме, кој ќе се грижи за нашата иднина!