Најмногу ваши коментари има на текстовите поврзани со штрајкот на лекарите. Едните ги поддржуваат, но се чини повеќето се незадоволни од здравствените услуги.
Неисполнувањето на барањата на лекарите специјалисти чиј штрајк се зголемува со учесниците и трае, ги прави и понатаму присутни во домашните медиуми, па и на нашата веб страница. Впрочем, информацијата со наслов „Казните нема да ги скршат лекарите е и најкоментираниот од вас, почитувани. Си ги кажувате маките и искуствата со лекарската фела, некои од вас се полни со жолч, како на пример, коментарот од „Пациент“, кој го опишува примерот со својот син кој си ја повредил брадата, а во Ургентниот центар лекарите, според пишувањето, не постапиле како што е редот.
„МКД“, полн со револт, коментира дека лекарите биле полни со пари, па затоа немало да ги скршат казните, а Владо од Скопје дури и се заканува дека ако му се случело нешто слично на член од неговото семејство, лекарите ќе проплукале мајчино млеко.
Но приказната има и втора страна: Овој пат со потпис „Пациентка“, некоја слушателка порачува дека токму тоа е проблемот на плаќањето според учинок: лекарот го прегледал повреденото момче, рентгенологот го снимил и дал мислење, трет постапил според снимката - каде е квалитетот? - прашува пациентката.
И Милорад од Италија го кажува истото: „Жал ми е за вашето дете, но вие сте биле само број за кој докторот зема плата. Ајде, кој друг е на ред да го заведеме во книгата, нели треба да ја исполниме нормата за плата?“ - иронизира Милорад.
„Има ли фајде од протести во Македонија“, е насловот на текстот во кој е обработено нашето неделно ТВ-интервју со Андреј Жерновски. Многу отровни стрели испраќаат неколкуте пораки испратени на нашата веб-страница против опозицијата и нејзините лидери. Марко од Скопје на опозицијата ѝ предвидува нов пораз во март, Миле од Охрид реагира на зборовите на Жерновски дека доколку се открие и најмал обид за фалсификат, изборите не ќе бидат признаени од опозицијата: резултатите, вели, ќе им го покаже местото на опозиционерите. И Владо реагира против опозицијата сметајќи дека таа работела против својот народ.
Зачудува вашиот молк, почитувани, на нашето прашање во Хајд Паркот - што направи власта во изминатава година и што пропушти да направи? Оние што ги анкетираме во видео-анкетата си кажуваат што мислат - со тоа што немате испратено ниту една порака, сметате ли дека власта годинава не направила ништо за спомнување, или, пак, направила премногу, па немате време да пишувате?
Јасно дека казните нема да ги скршат, толку полни пари се што можат и со месеци да си штрајкуваат без плата, око нема да им трепне, а цела Македонија во залог. Да видам било која друга професија, да не кажам приватник да штрајкува месеци, без плата да може.Коментар од читател.