Синдикатот на Клинички го интензивира штрајкот, а гранковиот синдикат за здравство се враќа на преговарачка маса со министерот за здравство.
Лекарите специјалисти од Клиничкиот центар ги интензивираат протестите, односно го намалија обемот на работа. Тие продолжија и со протестот пред Министерството за здравство, а штрајкуваат и лекарите специјалисти во клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, во болниците во Охрид, Гостивар, Струга, Струмица, Куманово, Кавадарци, Кочани и Гевгелија.
Доктор Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар вели дека со намалувањето на прегледите се зголемува и онака наталожениот голем број на пациенти, а со тоа расте незадоволството и кај пациентите и кај лекарите.
„Од наша страна уште еднаш ќе упатиме извинување до пациентите што се во ваква ситуација со нас и ќе ги упатиме своето незадоволство да го изразат на вистинската адреса за оваа ситуација, а тоа е Министерството за здравство кое го носи одговорноста за овој штрајк во здравството.“
Што се однесува до најавата за протести на лекарите пред владата, Ставриќ вели дека до среда ќе се знае дали такви протести ќе има.
Во меѓувреме, од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, или во јавноста познат како гранковиот синдикат, најавија дека повторно ќе седнат на преговарачка маса со министерот за здравство. Се наметна еден тежок преговарачки процес, но очекуваме да се постигне договор, задоволувачки за двете страни, вели Љубиша Каранфиловски од гранковиот синдикат.
„Се надеваме дека двете преговарачки страни да го постигнеме тој договор. Знаете дека на преговарачката маса е дел од проектот плаќање по учинок и корекцијата на коефициентите за лекарите, но во случајот Самостојниот синдикат го бара како корекција на коефициентите за сите вработени во здравството.“
Доктор Ставриќ вели дека Самостојниот синдикат на Клинички центар е тој што е во штрајк и не е јасно зошто министерот за здравство разговара со гранковиот синдикат.
„Може да разговараат на друга тема, меѓутоа во врска со штрајкот, тоа не се преговори кои треба да ги прави гранковиот синдикат со Министерството. Тоа знаете како е, како што се изрази еден мој колега, тоа е како кога имате две деца, од кои едно постојано плаче, вришти и има некаков проблеми, а вие разговарате со детето кое е здраво и мирно, значи грешка во постапката.“
Лекарите речиси две недели штрајкуваат барајќи корекција на платите и донесување на адекватен модел за плаќање по успешност.
Се надеваме дека двете преговарачки страни да го постигнеме тој договор. Знаете дека на преговарачката маса е дел од проектот плаќање по учинок и корекцијата на коефициентите за лекарите.Љубиша Каранфиловски, Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Доктор Дејан Ставриќ од Самостојниот синдикат на Клинички центар вели дека со намалувањето на прегледите се зголемува и онака наталожениот голем број на пациенти, а со тоа расте незадоволството и кај пациентите и кај лекарите.
„Од наша страна уште еднаш ќе упатиме извинување до пациентите што се во ваква ситуација со нас и ќе ги упатиме своето незадоволство да го изразат на вистинската адреса за оваа ситуација, а тоа е Министерството за здравство кое го носи одговорноста за овој штрајк во здравството.“
Што се однесува до најавата за протести на лекарите пред владата, Ставриќ вели дека до среда ќе се знае дали такви протести ќе има.
Може да разговараат на друга тема, меѓутоа во врска со штрајкот, тоа не се преговори кои треба да ги прави гранковиот синдикат со Министерството. Тоа знаете како е, како што се изрази еден мој колега, тоа е како кога имате две деца, од кои едно постојано плаче, вришти и има некаков проблеми, а вие разговарате со детето кое е здраво и мирно, значи грешка во постапката.Доктор Дејан Ставриќ, Самостоен синдикат на Клинички центар.