Нимиц одби да конкретизира кои се новите идеи со образложение дека преговарачите треба да ги разгледаат заедно со нивните влади, а потоа да го изнесат својот став.
Иако, според експертите, не треба да има дилеми дека новите предлози на Нимиц се дел од процесот кој го води Брисел, а не Обединетите нации, аналитичарите не очекуваат придвижување на преговарачкиот процес. Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека напорот кој го прави Нимиц е во насока да се преземат одредени чекори до декемврискиот самит на Европската унија.
„Тешко е да се каже што претставил тој, но не треба да има дилеми дека тоа е дел од она што веќе било на маса, така што не треба да има некое изненадување. Сè што е во игра досега веќе било познато, спомнато, навестено итн.“
И универзитетскиот професор Беким Кадриу не смета дека во моментот е создадена поволна клима која може да навести приближување на ставовите на двете страни. И Грција и Македонија покажаа дека не отстапуваат од своите црвени линии, а тоа не влева надеж дека преговорите ќе се придвижат напред, вели Кадриу.
„Тие укажуваат дека се спремни да направат отстапки, меѓународната заедница се обидува да направи некаков притисок врз двете страни за решавање на спорот за името, меѓутоа ако го гледате однесувањето на двете држави во спорот, мислам дека е тешко да се очекува нешто такво, барем сега пред Самитот на ЕУ.“
Експертите не се оптимисти дека сè што ќе се стави на маса како нов предлог, може да биде прифатливо за едната или за другата страна.
„Добро е што Нимиц се вклучи и што се прават овие напори, но исто така постои една јанѕа дека сè што ќе биде на маса ќе биде тешко прифатливо за Македонија“, изјави Никовски.
„Нимиц вели дека има нови предлози, и еве преговарачите ќе се вратат во своите држави, ќе се разговара за тие нови предлози и се плашам дека државите повторно ќе останат на своите позиции“, изјави Кадриу.
На вчерашната прес-конференција, Нимиц одби да конкретизира кои се новите идеи со образложение дека тие им се пренесени на преговарачите кои заедно со нивните влади треба да ги разгледаат, а потоа да го изнесат својот став.
„Дадов неколку предлози, се надевам ќе ги сфатат сериозно и ќе ја прифатат оваа можност да ги надминат недоразбирањата за ова тешко прашање. Лидерствата во двете земји треба да признаат дека тоа е нивна одговорност и цел свет ги набљудува“, рече Нимиц.
Тој истакна дека разговорите покажале оти двете страни навистина имаат желба да ги сослушаат аргументите на соговорникот, како и дека се вистински посветени на пронаоѓање решение за спорот, кој, како што рече, е од најголема важност за интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО.
Тешко е да се каже што претставил тој, но не треба да има дилеми дека тоа е дел од она што веќе било на маса, така што не треба да има некое изненадување. Сè што е во игра досега веќе било познато, спомнато, навестено итн.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
„Тешко е да се каже што претставил тој, но не треба да има дилеми дека тоа е дел од она што веќе било на маса, така што не треба да има некое изненадување. Сè што е во игра досега веќе било познато, спомнато, навестено итн.“
И универзитетскиот професор Беким Кадриу не смета дека во моментот е создадена поволна клима која може да навести приближување на ставовите на двете страни. И Грција и Македонија покажаа дека не отстапуваат од своите црвени линии, а тоа не влева надеж дека преговорите ќе се придвижат напред, вели Кадриу.
Тие укажуваат дека се спремни да направат отстапки, меѓународната заедница се обидува да направи некаков притисок врз двете страни за решавање на спорот за името, меѓутоа ако го гледате однесувањето на двете држави во спорот, мислам дека е тешко да се очекува нешто такво, барем сега пред Самитот на ЕУ.Беким Кадриу, универзитетски професор.