Среќен сум што медијаторот Метју Нимиц ќе се сретне со преговарачите во Њујорк, изјави aмериканскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на средба со новинарите.
„Очигледно е дека проблемот нема да се реши со една средба. Веќе подолго време се организираат средби, но добро е да се придвижат работите бидејќи извесно време немаше средби. Како што веќе имам кажано, Соединетите Американски Држави го подржуваат процесот во Обединетите нации на чело со господинот Нимиц. Ќе го подржуваме и исходот од процесот и договореното меѓу Македонија и Грција во рамките на тој процес.“
Сосема е во ред што Македонија бара помош во процесот, вели aмбасадорот.
„Тоа што и претходно го споменав е дека на крај финалните политички одлуки мора да ги донесат двете страни. Тоа не може да се наложи од страна, бидејки тоа едноставно не функционира така. “
Во врска со претстојните избори, запрашан за избирачкиот список, амбасадорот Волерс изјави дека Соединетите Америнански Држави ќе помогнат со мониторингот.
„Очигледно толку можеме да направиме, бидејки тоа во крајна линија е обврска на надлежните и на граѓаните. Доколку сметаат дека постои проблем, од нив зависи да истапат и да разговараат за решенија. Можеме да погледнеме, да помогнеме но на крај ова не е наша земја.“
Македонија има технички капацитет да спроведе и локални и парламентарни избори во март, додава амбасадорот.
„Дали е препорачливо да се одржат и локални и парламентарни избори во исто време е нешто за кое треба да одлучи народот во Македонија и јас нема да делам совети. Тоа што лидерите и жителите на Македонија треба да го имаат предвид се долгорочните интереси на земјата.“
Запрашан за лустрацијата, Волерс вели дека исто како и сите други процеси во земјава, тоа мора да биде процес кој ќе ја придвижи земјата напред.
„Било кој процес кој создава дополнителни поделби наместо да решава проблеми веројатно не е од корист. Можеби нечии интереси ќе бидат задоволени на краток рок, но на долг рок, како што и претходно неколку пати напоменав, сите треба да ги имаат предвид интересите на Македонија како целина.“
Очигледно е дека проблемот нема да се реши со една средба. Веќе подолго време се организираат средби, но добро е да се придвижат работите бидејќи извесно време немаше средби. Како што веќе имам кажано, Соединетите Американски Држави го подржуваат процесот во Обединетите нации на чело со господинот Нимиц. Ќе го подржуваме и исходот од процесот и договореното меѓу Македонија и Грција во рамките на тој процес.Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.