Достапни линкови

Нимиц ги придвижува разговорите за името


Архивска фотографија: Посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.
Архивска фотографија: Посредникот на ОН Метју Нимиц во Скопје.

Претседателот Ѓорге Иванов истакна дека тој лично инсистирал процесот на преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција да се динамизира, оти секоја статус кво ситуација не му одговара никому.

За македонскиот државен врв е позитивен чекор средбата на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Јолевски и Василакис. Јолевски ги знае ставовите на македонската држава, изјави викендов македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изразувајќи надеж дека и грчкиот преговарач ќе ги презентира ставовите на грчката влада за да почне овој процес да се придвижува.
Сега е целата работа во тоа да се даде, да се формулира некој прифатлив предлог, бидејќи ние навистина покажавме дека сме конструктивни, дека сакаме тој спор да се реши.
Димитар Мирчев, универзитетски професор.

Иванов истакна дека тој лично инсистирал процесот на преговори за спорот за името меѓу Македонија и Грција да се динамизира, оти, како што рече, секоја статус кво ситуација не му одговара никому.
Медијаторот Метју Нимиц.
Медијаторот Метју Нимиц.

Според министерот за надворешни работи Никола Попоски, претстојната рунда разговори за името со Нимиц е добра можност да се покаже колку е конструктивен секој и колку ги почитува преземените обврски.

Универзитетскиот професор Димитар Мирчев вели дека претстојната средба со Нимиц е една добра основа за динамизирање на преговарачкиот процес.
Поконкретно во споредба со писмото пратено од министерот за надворешни работи, а посебно таа реченица која повикува на компромис, меѓутоа не е толку прецизна за да се насети дека од тоа без дилема произлегува политичката волја на Република Македонија тој проблем да се реши.
Мерсел Биљали, универзитетски професор.

„Сега е целата работа во тоа да се даде, да се формулира некој прифатлив предлог, бидејќи ние навистина покажавме дека сме конструктивни, дека сакаме тој спор да се реши“, вели Мирчев.

На средбата со Нимиц, професор Мерсел Биљали очекува конкретизирање на ставот на македонската страна околу ова прашање.

„Поконкретно во споредба со писмото пратено од министерот за надворешни работи, а посебно таа реченица која повикува на компромис, меѓутоа не е толку прецизна за да се насети дека од тоа без дилема произлегува политичката волја на Република Македонија тој проблем да се реши“, вели Биљали.

Мирчев е оптимист дека со посредство на Нимиц ќе се дојде до конструктивни предлози, а ако двете страни покажат дека има добра основа за разрешување на спорот, би можело да се очекува позитивна одлука за Македонија на декемврискиот самит на ЕУ.

„Јолевски апсолутно владее со тој проблем, ги знае нашите ставови, има и свој личен став и улога во тие разговори, така што оптимист сум дека ќе се придвижат разговорите за спорот“, вели Мирчев.

Во периодот до декемврискиот самит, Биљали вели дека Македонија треба да продолжи да лобира и да покаже конкретни чекори дека има волја за решавање на проблемот.

„Треба да се продолжи со политички и меѓународни активности, но и со конкретни пораки дека имаме волја да го решиме проблемот“, вели Биљали.

Според најавите, Нимиц прво ќе има одделни, а потоа и заедничка средба со Јолевски и Василакис со цел да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес во решавањето на прашањето за името.

Нема официјални најави дали Нимиц ќе излезе со нови конкретни предлози и идеи. Тој на почетокот на месецов изјави дека и натаму верува оти ако се направи обид на лидерствата во Скопје и во Атина и ако се покаже добра волја, може да се дојде до решение за името во наредните месеци. Последната формална средба на медијаторот Метју Нимиц со двајцата преговарачи Јолевски и Василакис се одржа во февруари годинава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG