Повеќето политички партии во земјава сметаат дека лидерска средба на која ќе се дефинираат и јасно ќе се разграничат македонските црвени линии би било од корист за преговарачкиот процес за името.
Од Демократската унија за интеграција уверуваат дека и коалиционите партнери, но и владата во целост интензивно работат во правец на изнаоѓање на решение за прашањето за името со цел да се деблокира македонскиот евроинтеграциски процес, но став на партијата е дека би било добро до таа лидерска средба да се дојде дури откако преговарачите ќе достават конкретни предлози на маса.
„Во моментот е побитно да се приближат ставовите на двете страни по однос на наоѓање на решението, а потоа е лесно да се организира лидерска средба“, вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
Од Демократската партија на Албанците ја поддржуваат идејата на заедничка маса да седнат лидерите на политичките партии во земјата со да се постигне внатрешен консензус за спорното прашање.
„Таа средба би била продуктивна, преговорите помагаат без разлика за што и да се работи“, изјави Зијадин Села од ДПА.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски вели дека е неодговорно и несериозно власта да ги игнорира другите политички фактори и нивните ставови во врска со овој проблем.
„Неопходно е ако сака претседателот на Владата да обезбеди поддршка за евентуална своја идеја што би ја предложил да речеме и сега во рамките на преговорите. Може само да биде зацврстена позицијата на Македонија, доколку добие поширока поддршка“, изјави Петковски.
За разлика од политичките претставници, некои експерти сметаат дека лидерските средби немаат институционален карактер и истите го игнорираат државниот систем.
„Тие работи не се решаваат преку такви лидерски средби, туку мора да одат преку институциите на системот и некоја посебна потреба пред средбата кај Нимиц, впрочем и нема. Македонија има јасно позициониран став, исто таков позициониран став има и Грција. Разликите се огромни, длабоки, а преместувањето скоро невозможно“, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Никовски не очекува ништо суштинско од најавената средба на посредникот Метју Нимиц со преговарачите во спорот, оти како што вели улогата на медијаторот е сведена на демонстрација на добра волја.
„Нимиц е веќе во аут, е маргинализиран, затоа што после Самитот во Букурешт топката е префрлена во Брисел и Вашингтон, сега процесот директно го менаџираат Брисел и Вашингтон.“
Никовски е убеден дека овој процес нема да се реши уште долго време. Очекува дека македонскиот одговорот на грчкиот меморандум за разбирање, ќе повлече негативни последици за земјава. На меморандумот требаше да се одговори со нацрт меморандум, а не со писмо, вели Никовски и додава дека токму тоа Грција ќе го искористи во своја корист.
Во моментот е побитно да се приближат ставовите на двете страни по однос на наоѓање на решението, а потоа е лесно да се организира лидерска средба.Бујар Османи, ДУИ.
Од Демократската унија за интеграција уверуваат дека и коалиционите партнери, но и владата во целост интензивно работат во правец на изнаоѓање на решение за прашањето за името со цел да се деблокира македонскиот евроинтеграциски процес, но став на партијата е дека би било добро до таа лидерска средба да се дојде дури откако преговарачите ќе достават конкретни предлози на маса.
„Во моментот е побитно да се приближат ставовите на двете страни по однос на наоѓање на решението, а потоа е лесно да се организира лидерска средба“, вели портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
Може само да биде зацврстена позицијата на Македонија, доколку добие поширока поддршка.Тито Петковски, НСДП.
Од Демократската партија на Албанците ја поддржуваат идејата на заедничка маса да седнат лидерите на политичките партии во земјата со да се постигне внатрешен консензус за спорното прашање.
„Таа средба би била продуктивна, преговорите помагаат без разлика за што и да се работи“, изјави Зијадин Села од ДПА.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски вели дека е неодговорно и несериозно власта да ги игнорира другите политички фактори и нивните ставови во врска со овој проблем.
„Неопходно е ако сака претседателот на Владата да обезбеди поддршка за евентуална своја идеја што би ја предложил да речеме и сега во рамките на преговорите. Може само да биде зацврстена позицијата на Македонија, доколку добие поширока поддршка“, изјави Петковски.
Македонија има јасно позициониран став, исто таков позициониран став има и Грција. Разликите се огромни, длабоки, а преместувањето скоро невозможно.Ристо Никовски, поранешен дипломат.