Без иницијатива од Македонија, Нимиц не може ништо

Архивска фотографија -Преговарачот Зоран Јолевски, претседателот Ѓорге Иванов и медијаторот Метју Нимиц.

Нови предлози од медијаторот нема да има и веќе е илузорно да се бараат, вели професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, зошто клучно е да се појави иницијатива од внатре, од политичкото водство на државата и без тоа да се случи не може да се случи ништо ново.
Средбата која ја закажа медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, вчера одвоено, а денеска како што е најавено заедничка, не случајно се совпаѓа со напорите на меѓународната заедница да се поттурнат разговорите за името кон некакво придвижување нанапред се анализити кои произлегуваат од дводневните случувања во Њујорк.
Да се очекува Нимиц постојано да излегува со предлози, без ние да преземеме некаква иницијатива тука и со некаква креативност да се вклучиме, тоа зборува дека и нема некое големо расположение за компромис во политичкото водство на Македонија.
Денко Малески, универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи.


Сепак, иако оценети позитивно и со недеж дека ќе постигнат некакво придвижување кое претходно го изразија во своите изјави и претседателот Ѓотге Иванов и министерот за надворешни работи, Поповски, на сите им е јасно дека за тоа да се оствари потребно е да се работи на климата внатре во државата, па и во двете држави и тоа засега и натаму е клучната алка која недостасува.

Mедијаторот Метју Нимиц.


Еврокомесарот за проширувањето нормално, работи на својата агенда, а дел од мисијата на медијаторот Нимиц е да биде оптимист и тоа се што можат да забележат познавачите на состојбите како дел од атмосферата во која се случуваат средбите на медијаторот со претставниците од двете страни во Њујорк. Во официјалното соопштение од канцеларијата на медијаторот пред почетокот на оваа рунда стоеше дека целта е да се процени статусот на разговорите и можноста да се направи прогрес.

Нови предлози од медијаторот нема да има и веќе е илузорно да се бараат, вели професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески зошто клучно е да се појави иницијатива од внатре, од политичкото водство на државата и без тоа да се случи не може да се случи ништо ново.

„Да се очекува Нимиц постојано да излегува со предлози, без ние да преземеме некаква иницијатива тука и со некаква креативност да се вклучиме, тоа зборува дека и нема некое големо расположение за компромис во политичкото водство на Македонија.“

Во склоп на ваквата атмосфера очигледно е дека нема ниту нови инструкции од македонскиот државен врв до македонскиот преговарач Јолевски со кои тој би настапил во оваа рунда преговори што оди во прилог на тезата дека и по оваа средба работите ќе останат на претходните позиции. Реториката и гестовите кои што си разменија двете страни во пресрет на средбата дополнително ги обесхрабрува очекувањата. Меморандумот за разбирање што го испрати Грција како и одговорот од македонска страна само ги утврдија постоечките позиции и ја демонстрираа незаинтересираноста да се отстапи од своите позиции. По заедничката средба на медијаторот со преговарачите денеска се очекуваат изјави.