Штрајкот на лекарите најкоментиран

Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје.

Се чини дека граѓаните се прилично негативно расположени кон лекарската фела, ако се суди според коментарите на текстовите за штрајкот на лекарите на нашата интернет страна.
Судејќи според коментарите на информацијата дека почна штрајкот на лекарите, нашиот народ е прилично негативно расположен спрема лекарската фела. Веројатно, секој тргнува од личното искуство, а можеби има и прераскажување на искуствата.
Апс бре, за овие неработници, кај смее лекар да штрајкува.
Коментар од читател.

Слушател потпишан со „Окце 14“ прашува кога лекар во Македонија бил осуден за небрежност и предлага да штрајкуваат пациентите, па тие да донесат ред кај овие, вели, доктори што се нарекуваат, кои клатат врата, а земаат плата без никаква одговорност за пациентите.
Доктори издржете, изгледа вие сте најпаметни и најхрабри! Поддршка.
Коментар од читател.

Јосиф Давидов смета дека убаво било да си под државна капа, па ако сакаш ќе работиш, ако сакаш ќе штрајкуваш. „Ај, да ги видам дали смеат да штрајкуваат во приватниот сектор и забележува дека на штрајкот не видел ниту едно познато докторско лице, па заклучува дека незадоволни биле само оние што останале само со лекарска диплома. Е, лекарите, вели „Апс бре, за овие неработници, кај смее лекар да штрајкува“, а Анонимен се согласува со плата по учинок зашто требало и лекарите како и сите други професии прво да си ја сработат работата, а потоа да земат плата.

По нашата информација со наслов: „Тодоров не го гледа пожарот на Клинички“ има една порака со поддршка од Македонец од Скопје: „Ваква работа не знам дали била и дали ќе се повтори, ама така е кога народот избира, каков народ, таква власт“ - вели па додава: „Доктори издржете, изгледа вие сте најпаметни и најхрабри! Поддршка“.

Загрижувачката информација со наслов: „Секој петти Македонец ’избегал‘ во странство“, во врска со Информацијата за интензивирање на процесот на масовно иселување подготвена од НСДП и од опозицијата во Собранието, во која е користен податокот на Светска банка дека од Македонија се иселени 447.000 или 22 отсто од вкупното население го инспирирала слушателот потпишан со Нон од Ноно да напише: „Не дека таму е сјајно, ама тука ептен не ја бива“, а потпишаниот со Мене од Холандија пишува дека во Македонија нема перспектива за ништо, особено за младите. Институциите не признаваат зашто се срамат.

Неделното интервју со основачот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски предизвикало коментари во врска со тоа дали тој е вистинскиот основач на партијата и колку е тој патриот ако зел бугарско државјанство, очигледно пишувани од членови или симпатизери на едната и на другата ВМРО.