Дали министерот знае како е да си ПОИНАКОВ?

Беким Асани, ЛГБТ aктвист и еден од основачите на Здружениe на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица „ЛГБТ Јунајтед“

Би сакал некој да застане да и каже на оваа македонска јавност дека хомосексуалците постоеле и пред првиот самит на НАТО, пред основањето на ЕУ. Значи хомосексуалноста ниту е болест, ниту увезена работа. Тоа се само луѓе кои се заљубуваат во личности од ист пол. И? Каде е тука проблемот?, пишува Беким Асани, активист и еден од основачите на Здружениe на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица „ЛГБТ Јунајтед“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Јас сум посвоено дете. Дали во моментот кога моите билошки родители ме оставиле, тука завршиле семејните вредности или тие почнуваат кога други ме посвоиjа и ми ја дaдоа целата љубов, иако не ми се биолошки родители?
Ова прашање сакам да им го поставам на властите кои постојано преку телевизија ни зборуваат за семејните вредности, за моралните вредности, за правата на жените, на мажите, на маргинализираните - демек многу сме барале.

Ах, Македонија како да полудeла. Не можеш да гледаш вести. Пред некое време сè беше само за владата, како направила, што направила, колку чекори успеала да оствари, а сега, пак, изгледа веќе и завршија чекорите, па се осврнаа врз хомосексуалците. Изгледа сè е во транзиција, па и оваа прашање.
Не можам да разберам една работа, зошто кон ова прашање се однесуваат како да во Македонија од вчера има хомосексуалци. А, да, заборавив на стереотипите, хомосексуалците ги донесоа НАТО, ЕУ, Америка. Смешно.

Би сакал некој да застане да и каже на оваа македонска јавност дека хомосексуалците постоеле и пред првиот самит на НАТО, пред основањето на ЕУ. Значи хомосексуалноста ниту е болест, ниту увезена работа. Тоа се само луѓе кои се заљубуваат во личности од ист пол. И? Каде е тука проблемот?
И не само тоа, во нашата ни мила Македонија си дозволува кој сака да зборува за тоа. Па дури и министерката за внатрешни работи. Е сега мислам дека ја претераа. Пушташ телевизија и ја слушаш Јанкулоска како кажува дека децата во хомосексуалните бракови се подлежни на педофилија???

И не само тоа, во нашата ни мила Македонија си дозволува кој сака да зборува за тоа. Па дури и министерката за внатрешни работи. Е сега мислам дека ја претераа. Пушташ телевизија и ја слушаш Јанкулоска како кажува дека децата во хомосексуалните бракови се подлежни на педофилија???

Од почеток не ти е јасно што слушаш, после сакаш да не веруваш во тоа што го слушаш. Чекај, чекај, сака да каже дека хомосексуалците си ги силуваат децата?

После тоа, на денот нивни, државен празник на ВМРО, застанал премиерот и изгледа дека веќе нема со што да се фали, и ја фаќа темата за хомосексуални бракови! Е сега овде не ми беа јасни неколку работи:

1. Каква врска имаат хомосексуалните бракови со денот на ВМРО?

2. Имало рецесија во наталитетот и хомосексаулците биле виновни за тоа, па нели никогаш нема да дозволите бракови, како тогаш тие се виновни тука? (да се надоврзам тука не ми е јасно нешто, ако си хомосексуалец нема никогаш да имаш дете или ако го имаш ќе си го силуваш?)

3. Хомосексуалните бракови или хомосексуалците ќе донесат пропаѓање на државата. Ама, ај да ја земеме Германија на пример каде што на ниту еден Германец не му е гајле за тоа што прави другиот, имаат дозволено хомосексуални бракови, па супер и оди на Германија, да не е таа Европа одамна ќе пропаднеше финансиски.

Одиме понатаму, ако се дозволат права на бракови ќе било катастрофална работа. Тоа што ќе стапат во брак две заљубени личности, каде е тука катастрофата? Си одиш дома од работа, те чека маж или жена, седнуваш, пиеш кафе, јадеш, водиш љубов, се караш. Истото е де. Тоа е само љубов. Владата на Македонија осудува лубов. Луѓево тука имаат премногу проблеми, дајте сите да си ги решаваме своите.

И да не заборавам, ставот дека од хомосексуални бракови излегувале хомосексуалци. Баш ми е чудно тогаш од каде се нашиве хомосексуалци, кога во Македонија сè е толку традиционално и има само хетеросексуални бракови.
И да не заборавам, ставот дека од хомосексуални бракови излегувале хомосексуалци. Баш ми е чудно тогаш од каде се нашиве хомосексуалци, кога во Македонија сè е толку традиционално и има само хетеросекуални бракови.

Е сега, втората етапа од проблемот - хетеросексуалците. Тие биле навредени. Е како? Нивните деца ќе учеле дека ова било нормално или нешто слично. Е баш ме интересира нивните деца што учат на часови, кога или седат на фејсбук или снимаат некакви клипчиња. Не можам да разберам како во Македонија се гледа толку розево. Сите тука живееме во најголема хармонија, подобро дури и од Швајцарија и сега еднинствен проблем ни е хомосексуалноста. Наместо да гледате што прават вашите комшии во кревет и со кого се, погледнете малку и во вашата детска соба и сфатете дека ајфонот не ја заменува љубовта што треба да му ја даде на вашето дете кое излегува од традиционално семејство.

Престанете да ги одбивате децата или да ги затварате по шупи само затоа што се хомосексуалци. И мислам дека тука не е страшно што нечие дете е хомосекуалец, туку тоа што ќе кажат соседите? Од кога мислењето на соседите е побитно од среќата на твоето дете?

Да се биде хомосексуалец во нашата земја значи да се биде исклучен на семеен, професионален и социјален план. Секојдневно ги слушаме дискриминаторските изјави на министрите, сведоци сме на еден весник кој нè покажува во најлоша слика, здруженија на пензионери, спортски федерации, здруженија на социјални работници и сите други кои излегуваат со најразлични изјави со кои ни го го одземаат и забрануваат она примарното, вистинското и најубавото - љубовта!

Живееш со твоето семејство, а не можеш да го кажеш она за кое живееш. Не смееш да им соопштиш дека си заљубен/а во личност од ист пол. Внимаваш на повиците на телефон, внимаваш каде ќе излезете заедно. Постојано чувствуваш притисок и можеби надежта ја гледаш во претпоставените политичари, се надеваш на денот кога ќе бидеш прифатен!

И одненадеж ја слушаш/читаш изјавата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски кој вели дека нема да дозволи да се посвојуваат деца затоа што смета дека едно дете треба правилно да се развива да расте во брак во кој ќе има мајка и татко. Дали министерот некогаш ги седнал хомосексуалците на маса и да ги праша што сакаат, кои се нивните потреби? Дали министерот се распрашал дали меѓу младите кои бегаат и ја напуштаат државата има и хомосексуалци кои бегаат само поради фактот што тука не се прифатени. Дали министерот знае за насилството врз хомосексуалците во средините во кои живеат? Дали министерот знае како е да си ПОИНАКОВ?

А веднаш потоа ја слушаш изјавата на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која го има истиот став како и министерот Спиро Ристовски, а чии ставови се базираат врз политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните противници, односно СДСМ го имаат истиот став.

Не знаеме зошто припадниците на ЛГБТ заедницата би излегле на претстојните избори кога ниту една од двете поголеми политички партии во Македонија не им го ветува она за кое што живеат и кое тежнеат да го остварат - да бидат прифатени и да не бидат дискриминирани!

Јас сум горд што сум хомосексуалец, најнапред човеково битие, среќен сум што сум прифатен од моите најблиски, но поголем дел од хомосексуалците не се прифатени. Јас како активист, се борам за ЉУБОВ, затоа што под хомосексуалност подразбирам една од формите низ кои може да се чувствува и сподели љубовта, осудувачки е кога љубовта е опструирана токму од својот човеков род.

Немојте да ни го скратите правото да сакаме и да бидеме сакани. Немојте да ни ja забраните љубовта само затоа што не е иста како и вашата.