Тоа што Клинтон ја заобиколува Македонија е дипломатска порака до нашите власти, велат аналитичарите. Според нив Македонија има најлоша билатерална соработка со САД во изминатите десет или петнаесет години.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во рамки на балканската турнејата ја заобиколи Македонија. Според соопштението на американскиот Стејт департмент, посетата на регионот има за цел да го демонстрира американскиот интерес, посветеност и поддршка за европската и евроатлантската иднина на балканските земји.
За време на претходните посети на регионов држеше тезата дека Клинтон не доаѓа во земјата затоа што немаме големи проблеми за решавање како другите балкански земји, вели универзитетскиот професор Стево Пендаровски, кој е и член на дипломатскиот совет на СДСМ. Но овој пат ја посетува и Хрватска која нема такви проблеми какви што имаат Србија, Косово или Босна и Херцеговина, што значи дека не ги посетува само проблематичните земји, додава Пендаровски.
„Тоа што не доаѓа кај нас значи дека нема што ново да чуе од македонското раководство, кое за последен пат го прими во Вашингтон пред две, две и пол години и разговорите кои таму ги имаа не се преточија во конкретна политичка активност кога нашето раководство се врати во Скопје. Мојот впечаток е дека во моментов Македонија има најлоша билатерална соработка со САД во изминатите десет или петнаесет години.“
Пендаровски вели дека Македонија со Брисел одржува барем некакво техничко ниво на соработка, но дека за Вашингтон тоа не може да се каже и дека тоа нема да се смени независно од тоа кој од 6 ноември ќе биде американски претседател.
Тоа што Клинтон ја заобиколува Македонија е дипломатска порака до нашите власти, вели универзитетскиот професор Мерсел Биљали.
„За тоа што не сме биле конзистентни во однос на тоа што сме ветиле дека прашањето за името треба да се реши, тоа е прво, или премногу сме го манипулирале тоа прашање за дневно-политички цели и тоа е истовремено притисок да го решиме тој проблем или прелиминарно да дадеме согласност дека ќе го решиме.“
Клинтон го посети регионов и во јануари минатата година и тогаш Македонија не се најде на нејзината листа.
Последен пат висок американски претставник ја посети Македонија кон крајот на август. Заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер, тогаш рече дека САД силно ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО. Македонските власти на тогашните средби го искажаа очекувањето дека САД и понатаму ќе пружа засилена поддршка за евро-атлантските интегративни процеси.
Мојот впечаток е дека во моментов Македонија има најлоша билатерална соработка со САД во изминатите десет или петнаесет години.Стево Пендаровски, универзитетски професор и член на дипломатскиот совет на СДСМ.
За тоа што не сме биле конзистентни во однос на тоа што сме ветиле дека прашањето за името треба да се реши, тоа е прво, или премногу сме го манипулирале тоа прашање за дневно-политички цели и тоа е истовремено притисок да го решиме тој проблем или прелиминарно да дадеме согласност дека ќе го решиме.Мерсел Биљали, универзитетски професор.