Достапни линкови

Клинтон повторно на Балканот


Нема најава дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе дојде во Македонија, изјавија во МНР.

Нема најава дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе дојде во Македонија, изјавија во Mинстерството за надворепшни работи по информациите дека ќе го посети регионот. Се очекува, Клинтон да ги посети Атина, Анкари и Софија на почетокот од февруари. Тајмингот се совпаѓа со средбата на Нимиц со македонкиот и грчкиот преговрач на 9 февруари во Њујорк. Експертите сметаат дека оваа посета нема директна
Тоа е разговор меѓу значајни сојузници во НАТО. Тука се и економските проблеми на Грција, односите со Турција се исклучително важни.
врска со Македонија, иако е можно нешто да се спомне за спорот околу името. Изборот на периодот на Клинтон за посета на регионот може да се поврзе со важни настани, но тоа ќе биде разговор меѓу значајни сојузници, вели професор Денко Малески од Правниот факултет во Скопје.

„Тоа е разговор меѓу значајни сојузници во НАТО. Тука се и економските проблеми на Грција, односите со Турција се исклучително важни. Тоа се тие големи работи за кои се размислува и се бараат решенија. Ние тука, во тие процепи треба да бараме место на агендата во светската политика.“

Хилари Клинтон и српскиот претседател Борис Тадиќ во Белград на 12 октомври 2010

Засега нема потврда на тајмингот кога во кабинетот на државниот секретар на САД како заменик помошник државен секретар треба да замине американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер. Во американската амбасада велат дека новата функција тој треба да почне да ја извршува откако ќе излезе од амбасдорскиот
Тие направија што можеа за нас, ни поставија црвен тепих за НАТО. Меѓутоа големата и тешка работа останува за нас.
кабинет. Според непотврдени најави тоа најверојатно ќе биде во почетокот на летото. Амбасадорот Рикер на приемот кај претседателот Иванов пред неколку денови го повтори ставот на САД дека за прашањето околу спорот со името со Грција се подговени да помогнат за постигнување решение, но дека сепак тоа е прашање за кое нешто треба да биде направено од лидерите на двете земји.

Хилари Клинтон и косовскиот премиер Хашим Тачи на 13 октомври 2010 во Приштина

„Големите сили размидлуваат во големи потези, во таа слика Македонија не е во фокусот. Тие направија што можеа за нас, ни поставија црвен тепих за НАТО. Меѓутоа големата и тешка работа останува за нас“, коментира Малески.

Ова ќе биде втор пат како Клинтон го посетува регионот. Шефицата на дипломатијата во октомври беше во Србија, Босна и Херцеговина и на Косово. Филип Рикер на новата позиција ќе го наследи Томас Кантримен, заменик помошник на америаканскиот државен секретар за европски прашања. Високиот дипломат на американскиот Стејт Департмент Кантримен беше во Македонија во октомври минатата година пред ноемврискиот самит на НАТО во Лисабон.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG