Ако Груевски реши во декември да го смени името, тогаш нека го исполни ветувањето кон народот па во март да распише референдум и парламентарни избори заедно со локалните, порача на митингот на опозицијата лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
„Ако на 10- ти декември Македонија добие датум за преговори тоа ќе значи дека премиерот Никола Груевски се договорил за промена на името, но доколку Македонија не добие датум значи дека од статус кво ситуацијата земјава нема да мрдне и со тоа ни НАТО ни ЕУ ќе види“. Ова го изјави лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на централниот митинг на здружената опозиција во Скопје.
Ако во декември Груевски реши да го смени името тогаш нека организира во март и реферндум како што вети и локални и парламентарни избори, па се во еден ден нека се реши, порача Црвенковски.
Тој истакна дека Македонија е режимска држава, во која власта сама си апси и пресудува, земја на политички затвореници и на режимски синдикати, како и единставена земја во која се оддржуваат контрапротести.
Црвенковски состојбата во земјава ја спореди со Белорусија и нејзиниот владетел Лукашенко. Обраќајки им се на присутните на митингот Црвенковски рече:
„Да беше жив Александар Македонски денеска ќе речеше тоа што никому не му успеа, ви успеа вам, ме опколивте од сите страни.“
Црвенковски зборувајќи за корупцијата во државата изјави дека нема еден тендер кој што не е наместен и, како што рече, тендерската коалиција ја претвори државата во пералница на пари и мозоци, а забораваат да објаснат како еден човек близок до „фамилијата“ купи медиуми, направи огромна болница, си купи банка и отвара ресторани.
„Цело време зборуваат за црната транзиција и криминалната приватизација, за тајкуни и олигарси. А како ќе го наречат и овој период и човекот кој за само неколку години ја изгради најголемата приватна болница, ја купи најголемата медиумска куќа сосе печатница и сите весници, купи зeмјоделски комбинат, банка, градежни фирми и отвори ресторани? И сосема случајно е прв пријател на фамилијата? Или човекот само купува, а други се вистинските газди?“, рече Црвенковски.
Црвенковски најави дека доколку ја добијат власта нема да трошат пари на владини кампањи, дека нема да дозволат медиумите да даваат донации на политички партии, а што се однесува до МТВ ќе биде раководена од трипартитен систем во кој ќе учествува власта, опозицијата и граѓанскиот сектор.
Кандидатот за градоначалник за град Скопје Јани Макрадули од говорницата денеска порача дека доколку победи на изборите прва работа што ќе ја направи е целосна ревизија на проектот Скопје 2014, со што ќе бидат спречени непродуктивните трошоци предвидени со проектот. Тој во својот говор истакна дека „додека ДПМНЕ се грижи за барокно Скопје 2014 , СДСМ ќе се грижи за гасифицирано Скопје 2017.“
Македонија е режимска држава, во која власта сама си апси и пресудува, земја на политички затвореници и на режимски синдикати, како и единставена земја во која се оддржуваат контрапротести.Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.