Достапни линкови

Виси договорот меѓу СДСМ и ДПА


Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово. 18 јули 2012
Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово. 18 јули 2012

СДСМ се оптоварени со организирање митинг, ДПА тврдат дека и Струга е дел од техничкиот договор за соработка со СДСМ, а експерите дека власта не се урива со омраза, туку со платформа.

Власта не се урива со омраза или со сакање. Единствено што сака обединетата опозиција е да ја урне власта, но таа не се урива со омраза, туку со платформа, вели професор Алајдин Демири за тоа каде ќе се поклопат, а каде ќе се разединат партиите од опозицијата обединети во сојузот на иднината.
Власта не може да се урне таму каде што е јака, на национализмот, на македонскиот национализам, власта не може да се урне ако се атакува Скопје 2014-та, власта не може да се урне ако се атакуваат монтираните процеси.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Власта не може да се урне таму каде што е јака, на национализмот, на македонскиот национализам, власта не може да се урне ако се атакува Скопје 2014, власта не може да се урне ако се атакуваат монтираните процеси“, вели Демири.

Тој додава дека власта може да се урне само ако се направи заедничка платформа на меѓуетничка основа која би нудела поинаква Македонија од онаа на Никола Груевски.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција.

Сојузот на иднината составен од неколку опозициски партии в недела ќе одржи протестен митинг во Скопје.
Најодговорно ви тврдам, ако се спомене само „с“ од Струга , нема да има договор, нема да има технички договор, не се работи за инает, се работи за принцип. Нашиот принцип на договор, нашите изјави на денот на договорот се многу точни и децидни.
Мендух Тачи, ДПА.

Лидерот на опозициската ДПА, Мендух Тачи, вчера даде потврда за договорот со СДСМ, според кој, ќе се поддржи само еден кандидат за градоначалник од редовите на опозицијата во секоја општина, таму каде што е доминатно македонско насление ќе се подржи Македонец, а во општините каде е доминантно албанското – Албанец. Но Струга им ја помати водата.

„Најодговорно ви тврдам, ако се спомене само „с“ од Струга , нема да има договор, нема да има технички договор, не се работи за инает, се работи за принцип. Нашиот принцип на договор, нашите изјави на денот на договорот се многу точни и децидни“, изјави Тачи.

Тој порача дека разговорите со социјалдемократите продолжуваат, но дека нема политички договор туку само технички, кој мора да се почитува, а кој колку ќе го почитува ќе се покаже на изборите.

ДПА веќе го промовираа пратеникот Зијадин Села како нивен кандидат за Струга. Тој денеска рече дека нема коментар за тоа дали и како течат преговорите со СДСМ и каков е нивниот став за протестот на опозицијата во недела.

Пред два дена, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев на прашањето дали имаат договор со ДПА за заеднички кандидат за Струга, одговори дека немаат никаков договор со ДПА на таа тема.

„Ние стоиме на тој технички договор, како што кажав сега сме во преголема мерка оптеретени со митингот, ние стоиме на темата дека сме подготвени да разговараме со ДПА за сите отворени прашања, во овој момент ви кажувам ниту Струга ниту Кичево не беа предмет на никаков технички договор“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Демири вели дека обидот за соработка меѓу Тачи и Црвенковски е обид за помирување на двајца лидери кои околу 20 години глумат непријателство.

„Ваквото коалицирање без платформа и без идеја, односно со помирување на двајца лидери е нецелисходно и не може да даде резултати. Во иднина, во секој потег ќе се разединуваат и прашање на време е кога тоа ќе се случи.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG