Српскиот претседател Николиќ во посета на Македонија. Тој најави дека е подготвен лично да се ангажира СПЦ да ја признае афтокефалноста на МПЦ, но ако биде ослободен Јован Вранишковски.
Изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека е подготвен лично да се ангажира СПЦ да ја признае афтокефалноста на МПЦ, но ако биде ослободен Јован Вранишковски, за дел од експертите има сериозна политичка тежина. Според поранешниот дипломат Ристо Никовски, истата дава можност за конечно решение на еден тежок историски проблем.
„Барањето за евентуално ослободување на Вранишковски не е ништо невообичено во меѓународните односи. Имало на времето многу размени на шпиони, кои го негирале правниот систем, а би биле во интерес на државата.“
Изјавата на Николиќ е лична, тоа не значи дека историскиот спор ќе се реши на начин на кој македонската страна ќе сака да се реши. Не верувам дека барањето за ослободување на Вранишковски ќе биде прифатено, но не ја исклучувам можноста за тоа ако има напредок во решавањето на спорот, вели универзитескиот професор Владо Поповски.
„Ако има некој напредок во решавање на спорот меѓу самите цркви и ако се потпише некој договор којшто дава гаранција дека навистина ќе се реши, тогаш нашата страна ќе го разгледа тоа прашање.“
Досегашниот став на српските и на македонските власти беше дека спорот меѓу МПЦ и СПЦ е црковно прашање што тие самите треба да го решат, а државите можат да помогнат и да создадат услови тоа полесно и побрзо да се случи. Неколкупати досега се среќаваа претставници на српската и македонската православна црква со цел да се реши спорот кој датира од 1967 година, кога македонската црква прогласи автокефалност, но секој пат разговорите завршуваа без согласност на српските владики да им го признаат правото на црква на своите соседи.
Посетата во Македонија Николиќ ќе ја искористи и за ја посети спомен костурницата Зебрњак, во рамките на одбележувањето на годишнината од кумановската битка. Иако Поповски признава дека овие битки, како дел од балканките војни не се за ослободување на Македонија, туку за нејзина поделба, тој вели дека Николиќ има право да го посети местото, каде почиваат 400 српски војници кои учествувале во таа битка.
„Независно од Зебрњак и од посетата на Николиќ, за македонската историја балканските војни не се ослободување на Македонија, туку се војни за поделба на Македонија, која беше претходно договорена со балканскиот сојуз, со дипломатски акти.“
Инаку Николиќ во Скопје ќе биде пречекан со официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, по што е предвидена тет-а-тет средба со Иванов и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели. Покрај билатералната соработка, регионалните прашања и аспирациите на двете земји за евроинтеграција, се очекува тема на средбата Иванов-Николиќ да биде и спорот меѓу српската и македонската православна црква.
Барањето за евентуално ослободување на Вранишковски не е ништо невообичено во меѓународните односи. Имало на времето многу размени на шпиони, кои го негирале правниот систем, а би биле во интерес на државата.Ристо Никовски, поранешeн дипломат.
„Барањето за евентуално ослободување на Вранишковски не е ништо невообичено во меѓународните односи. Имало на времето многу размени на шпиони, кои го негирале правниот систем, а би биле во интерес на државата.“
Изјавата на Николиќ е лична, тоа не значи дека историскиот спор ќе се реши на начин на кој македонската страна ќе сака да се реши. Не верувам дека барањето за ослободување на Вранишковски ќе биде прифатено, но не ја исклучувам можноста за тоа ако има напредок во решавањето на спорот, вели универзитескиот професор Владо Поповски.
„Ако има некој напредок во решавање на спорот меѓу самите цркви и ако се потпише некој договор којшто дава гаранција дека навистина ќе се реши, тогаш нашата страна ќе го разгледа тоа прашање.“
Ако има некој напредок во решавање на спорот меѓу самите цркви и ако се потпише некој договор којшто дава гаранција дека навистина ќе се реши, тогаш нашата страна ќе го разгледа тоа прашање.Владо Поповски, универзитески професор.