За лицата со хендикеп, архитектонските бариери и неможноста за пристап до јавните институции се главен проблем што им го отежнува и така тешкиот живот.
Архитектонските бариери претставуваат главен проблем за лицата со инвалидитет во Македонија. Пристапот до државните и останатите јавни институции особено во главниoт град е речиси невозможен бидејки до нив нема соодветен пристап за овие лица.
Венко Голабоски воен пилот до 1990 година, а сега лице со инвалидитет и претседател на охридското здружение „Мобилност“ од Охрид вели дека проблемите не се само во Скопје, туку и во помалите градови. Вели дека на нив како лица отежнат им е пристапот и до езерото и плажите и оти Охрид како туристички центар во кој доаѓаат туристи од целиот свет ова прашање треба да го реши.
„Кај нас во Македонија многу малку е направено да се решат тие проблеми. Не е проблем што некои стари објекти кои се градени во минатитот век не се адаптибилни за инвалидите, проблем е што ден денес кај нас се дозволува употребна дозвола за објекти на институции кои се градат и ден денес со барикади и без пристап за инвалиди“, вели Голабоски.
Голабоски вели дека Македонија е најназад кога се во прашања лицата со инвалидитет.
„Во секој поглед сме ние најназад. И во поглед на почитување на законот, во поглед на импелментација на конвенцијата на ОН за правата на инвалидите, и во поглед на материјалните примања“, вели Голабоски.
Бранимир Јовановски претседател на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија, вели дека архитектонските бариери се почетниот и основен проблем на лицата со инвалидитет во Македонија.
„Доколку вие имате едно скалило пред некоја институција, луѓето кои се во инвалидска количка не можат да влезат во неа и тие се спречени самостојно да ги обавуваат своите животни потреби. Мора да ангажираат лица од страна за да им помогнат во тој процес. Пристапноста значи да има и адаптиран тоалет. Доколку објектите не се пристапни тогаш лице со посебни потреби нема да може да се школува“, вели Јовановски.
Јовановски вели дека состојбата во регионот е најдобра во главниот град на Словенија, Љубљана.
„Љубљана многу предничи во тој поглед направен е тотален пристап за лицата во инвалидски колички. Не е таков случајот со Белград, со Скопје иако има подобрувања во таа насока. Меѓутоа треба да се подобри јавното мнение и да се сфати дека лицата со инвалидитет се рамнопртавни граѓани со останатите лица во државата.“
Претпоставките се дека околу 200.000 лица во Македонија се со некаков вид на инвалидитет. Со пристапници во националниот сојуз во Македонија има 90.000 членови. Лицата со инвалидитет во Охрид имаа средба со со нивните колеги од Србија и Словенија каде разговаараа за проблемите со кои се соочуваа.
Кај нас во Македонија многу малку е направено да се решат тие проблеми. Не е проблем што некои стари објекти кои се градени во минатитот век не се адаптибилни за инвалидите, проблем е што ден денес кај нас се дозволува употребна дозвола за објекти на институции кои се градат и ден денес со барикади и без пристап за инвалиди.Венко Голабоски, здружение на лица со инвалидитет „Мобилност“ од Охрид.
Венко Голабоски воен пилот до 1990 година, а сега лице со инвалидитет и претседател на охридското здружение „Мобилност“ од Охрид вели дека проблемите не се само во Скопје, туку и во помалите градови. Вели дека на нив како лица отежнат им е пристапот и до езерото и плажите и оти Охрид како туристички центар во кој доаѓаат туристи од целиот свет ова прашање треба да го реши.
„Кај нас во Македонија многу малку е направено да се решат тие проблеми. Не е проблем што некои стари објекти кои се градени во минатитот век не се адаптибилни за инвалидите, проблем е што ден денес кај нас се дозволува употребна дозвола за објекти на институции кои се градат и ден денес со барикади и без пристап за инвалиди“, вели Голабоски.
Доколку вие имате едно скалило пред некоја институција, луѓето кои се во инвалидска количка не можат да влезат во неа и тие се спречени самостојно да ги обавуваат своите животни потреби. Мора да ангажираат лица од страна за да им помогнат во тој процес.Бранимир Јовановски, претседател на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија.