Лицата со инвалидитет се маргинализирани и дискриминирани во нашето општество. Дури нема ниту точни податоци колку ги има и колку од нив се работоспособни. Работодавачите, пак, не ги вработуваат, а и мал дел од нив ако бидат вработени неретко се злоупотребувани. Тие се недоволно едуцирани и не се синдикално организирани, забележува Гордана Бошковска, правник во кумановската Синдикална организација.
„Тие најчесто работат кај работодавачи кои не дозволуваат синдикално да се организираат како и останатите вработени. Од тој аспект можам да кажам дека тие се дискриминирани на некој начин од делот на заштитатата на правата од работниот однос, односно во делот на заштитата што синдикатот како органзиација може да им ја пружи.“
Бошковска вели дека, според нивните сознанија, овие лица имаат проблеми во исплата на плата и во остварување на други права од работниот однос.
„Тоа е еден од проблемите што ние постојано бараме овие лица синдикално да бидат организирани за да можеме да им помогнеме, да им пружиме целосна заштита во остварување на правата од работниот однос. Имаме сознанија дека на овие лица не им се исплаќа плата согласно законот, дури и минимална, а во одреден период не им се исплаќа дури никаква плата.“
Според Бошковска, овие лица се дискриминирани и во смисла на распоредување, на напредување на работа или вклучување во управните органи. И со тоа на лицата со инвалидност им се ускратени правата од работниот однос. Поради неедуцираноста, лицата со инвалидитет дури не знаат ниту да го препознаат мобингот на работните места, а на вербалните навреди дури се навикнале па воопшто и не бараат заштита или помош. А и да побараат помош поради синдикална неорганизираност Синдикатот може само да ги посоветува:
„До тука завршува нашето, таквите лица не можат да остварат одредени права и заштита, зашто тоа и материјално ги чини.“
Народниот правобранител со лицата со инвалидитет или попреченост се занимава последните три години.
„Кај нас тие права не се на потребното ниво. Нема податоци кај надлежните институции и органи бидејќи не воспоставиле точни евиденции. Меѓутоа познато е дека работодавачите, користејќи ги бенефициите што ги пружа општеството, државата, прекинувањето на работниот однос често не е соодветен. Не сум сигурен дека инспекциите го прават тоа што треба да го прават. Се поставува прашање дали кај нас треба да се менува законската релугатива, како во другите држави каде постојат посебни фондови и приватните фирми да имаат обврска да вработуваат одреден процент од оваа категорија лица“, вели Насер Весељи, заменик народен правобранител.
А Васка Бајрамовска, државен советник, вели:
„Народниот правобранител со цел да добие целосен приказ за вработувањето на лицата со инвалидитет спроведе едно истражување преку прашалник и интервју доставено до сите центри за социјална работа. Меѓутоа не добивме податоци по градови, туку на ниво на држава и тоа по однос на полова и старосна структура, по однос на инвалидитетот. За жал истражувањето што го направивме во период од 2007-та до 2011-та година дел од податоците кои што ни се доставени не даваат јасна слика колкав број од лицата евидентирани во Агенцијата за вработување се работоспособни за да имаме приказ во која насока треба да се движат натамошните активности во државата.“
Според Бајрамовска, за лицата со инвалидитет треба да се отвораат работни места не само во приватниот сектор туку и во администрацијата што е обврска на државата со потпишувањето на конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Тие најчесто работат кај работодавачи кои не дозволуваат синдикално да се организираат како и останатите вработени. Од тој аспект можам да кажам дека тие се дискриминирани на некој начин од делот на заштитатата на правата од работниот однос, односно во делот на заштитата што синдикатот како органзиација може да им ја пружи.Гордана Бошковска, правник во кумановската Синдикална организација.
„Тие најчесто работат кај работодавачи кои не дозволуваат синдикално да се организираат како и останатите вработени. Од тој аспект можам да кажам дека тие се дискриминирани на некој начин од делот на заштитатата на правата од работниот однос, односно во делот на заштитата што синдикатот како органзиација може да им ја пружи.“
Бошковска вели дека, според нивните сознанија, овие лица имаат проблеми во исплата на плата и во остварување на други права од работниот однос.
„Тоа е еден од проблемите што ние постојано бараме овие лица синдикално да бидат организирани за да можеме да им помогнеме, да им пружиме целосна заштита во остварување на правата од работниот однос. Имаме сознанија дека на овие лица не им се исплаќа плата согласно законот, дури и минимална, а во одреден период не им се исплаќа дури никаква плата.“
Кај нас тие права не се на потребното ниво. Нема податоци кај надлежните институции и органи бидејќи не воспоставиле точни евиденции. Меѓутоа познато е дека работодавачите користејќи ги бенефициите што ги пружа општеството, државата, прекинувањето на работниот однос често не е соодветен.Насер Весељи, заменик народен правобранител.