Со концерти на состави како „Ѓорѓи Шарески квартет“, триото на Дамир Имери, „Летечки пекинезери“ и други, од 20 до 22 септември, на неколку локации во Прилеп се одржа првиот „Интермецо џез викенд“ чија основна идеја е „поинаков урбан Прилеп“.
Летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“, „Арт кафе“, Паркот под Саат кулата во Старата чаршија и Градскиот плоштад, од четвртокот до саботата, беа главните сврталишта на прилепските љубители на најслободната музичка форма и воопшто на урбаното живеење. На градот под Марковите кули му се случи првиот „Интермецо џез викенд“ во рамките на кој музицираше елитата на македонската џез сцена.
Манифестацијата со својата младешка енергија и инвентивност ја отворија „Летечки пекинезери“, а потем следуваше настапот на „Тотал џим“ - проектот на музичари како тромбонистот Владан Дробицки ( „Сетстат“), Џоле Максимовски („Кабадајас“ и „Влатко Стефановски трио“) и други. Следната вечер беше резервирана за искусниот пијанист, композитор и аранжер Дамир Имери кој настапи со своето трио и потентниот гитарист Ѓорѓи Шарески и неговите соработници, а за финалето беа оставени џез пејачката Марија Димитриевиќ Георгиева која го претстави материјалот од својот единствен албум „Make Someone Happy“ и еден од двигателите на ваквите субкултурни стремежи кај нас - Тони Китановски, овојпат во формација со Иван Бејков на бас, Иван Иванов на саксафон и Оскар Салас на тапани.
„Се надеваме дека овој наш скромен обид, обид би го нарекла за поинаков Прилеп, ќе расне понатаму и како што ќе расне така и ќе си придонесе за општата стратегија што ја имаме овде во локалната самоуправа да развиваме еден фестивалски културен туризам“, вели Снежана Ристевска, советник за култура.
Таа истакнува дека овој „Интермецо џез викенд“ е само претставување на идејата која што подразбира заокружување на проектот насловен како „Сезонски фестивал“ во рамките на кој се планирани и викенди на рок, алтернативна и сериозна музика кои би се одржувале во различни годишни времиња. Притоа Ристовска дополнува дека мошне битно е тоа што на ваков начин тие во практика ги спроведуваат своите заложби за враќање на вистинските вредности.
„Сите сме сведоци дека живееме во време кога вистинските вредности се малку испревртени, време во кое царуваат шундот и кичот, и ние само на ваков начин можеме да придонесеме кон враќањето на културните содржини и така да влијаеме на поведението на младата публика.“
Следниот музички викенд во Прилеп ќе и биде посветен на класиката и планирано е да се одржи зимава, а како и првиот пат влезот за сите концерти ќе биде слободен.
Се надеваме дека овој наш скромен обид, обид би го нарекла за поинаков Прилеп, ќе расне понатаму и како што ќе расне така и ќе си придонесе за општата стратегија што ја имаме овде во локалната самоуправа да развиваме еден фестивалски културен туризам.Снежана Ристевска, советник за култура во општина Прилеп.
Сите сме сведоци дека живееме во време кога вистинските вредности се малку испревртени, време во кое царуваат шундот и кичот, и ние само на ваков начин можеме да придонесеме кон враќањето на културните содржини.Снежана Ристевска, советник за култура во општина Прилеп.