Лиценцираните таксисти од Битола бараат зголемување на цената на такси превозот, но, општината ја одлага расправата по оваа точка.
Се уште траат натегањата околу цената на такси превозот во Битола. Таксистите бараат таа да поскапи преку зголемување на стaртот од 20 на 30 денари или на изминат километар. Но, општината ја одлага расправата по оваа точка.
„Бараме корегирање на цената. Ова барање го поднесовме поради зголемувањето на цената на горивата. Здружението предвид ја зема и финсиската состојба на граѓаните, па затоа инсистира за најминимална корекција.“
„На 15 метри од полициската станица има диви таксисти кои немаат ни табла. Тие се приватни коли на паркинг за такси. Барем за погрешно паркирање можат да ги казнат. Тоа не е злосторничко здружување? 1.000 ги има, повеќе се од легалните таксисти. Господинот градоначалник социјален мир чува. Нека ме земе мене со семејството да ме рани, па нека го чува социјалниот мир, а не со туѓа погача умен да се прави“, реагираат таксистите.
Од општината се правдаат дека процедурите не дозволуваат по итна постапка да се одлучува по оваа точка. Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска образложува:
„За да се стави точка на дневен ред постојат процедури по статут и деловник на општина Битола. Не можеше процедурално по пропис да стигне како точка на дневен ред. Ќе се формира едно регулационо тело кое професионално ќе ја согледа потребата од покачување на цената на такси превозот.“
Ваквите образложенија, според локалната опозиција, не држат место и сметаат дека не е во ред врз туѓ грб да се чува социјалниот мир во градот.
„Тој аргумент што го дадовте по статут не држи. Можевме да го дополниме дневниот ред со измена на цената на такси превозот. Таксистите не можат да бидат социјална брана да го шититат социјалниот мир во градот. Ако не сакаме да имаме скап такси превоз во градот ќе предложам да го субвенционираме секој изминат километар на таксистите, па општината нека ја преземе таа социјална мерка“, изјави Горан Милевски од ЛДП.
Од оваа проблематика се засегнати многу семејства во градот зашто Битола има над 250 лиценцирани такси превозници.
На 15 метри од полициската станица има диви таксисти кои немаат ни табла. Тие се приватни коли на паркинг за такси. Барем за погрешно паркирање можат да ги казнат.Таксист од Битола.
„Бараме корегирање на цената. Ова барање го поднесовме поради зголемувањето на цената на горивата. Здружението предвид ја зема и финсиската состојба на граѓаните, па затоа инсистира за најминимална корекција.“
„На 15 метри од полициската станица има диви таксисти кои немаат ни табла. Тие се приватни коли на паркинг за такси. Барем за погрешно паркирање можат да ги казнат. Тоа не е злосторничко здружување? 1.000 ги има, повеќе се од легалните таксисти. Господинот градоначалник социјален мир чува. Нека ме земе мене со семејството да ме рани, па нека го чува социјалниот мир, а не со туѓа погача умен да се прави“, реагираат таксистите.
Од општината се правдаат дека процедурите не дозволуваат по итна постапка да се одлучува по оваа точка. Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска образложува:
Ако не сакаме да имаме скап такси превоз во градот, ќе предложам да го субвенционираме секој изминат километар на таксистите, па општината нека ја преземе таа социјална меркаГоран Милевски од ЛДП.