На пат од дома до работа, може да добиете еден куп казни, кои можат да ве чинат цело богаство и да прогласите банкрот. На пример, можат да ве казнат ако фрлите отпадок со казна од 50 евра, ако се паркирате непрописно или ако направите сообраќаен прекршок со казна до 300 евра, ако сте доктор и ако издадете „лажно“ боледување освен паричната казна, може да добиете и затворска. Ако сте новинар и ако некој ве обвини за клевета може да добиете казна и од 15 илјади евра, ако сте угостител и ако некој запали цигара во вашиот објект, освен 4.000 евра казна, ќе добиете и забрана за работа на објектот. Ќе добиете казна и ако сте угостител и не издавате фискални сметки, или пак немате фискални апарати. Освен казната ќе добиете и забрана за работа. Може да добиете казна ако не ги праќате децата во средно училиште, ако не ги легализирате дивоградбите, ако купувате алкохол после 19 часот во зима, казни за училиштата кои не ги користат компјутерите и што ли уште не...
Од казни, банкрот
И ако недај боже ве казнат за нешто, може да ви отиде целата месечна заработка а неретко и годишната, а за некои богами и ќе си поработите подолго.
Утрово брзам за на работа, а сообраќајот турни-застани. Му велам на таксистот-Ајде побрзо! Не смеам ми вели, не казнуваат за се и сешто. И како оди работата го прашувам?
Е, како, ми одговара, како и нашето денешно возење, турни -застани.
Таксистот раскажува дека месечно компаниите плаќаат и по илјадници евра за казни за непрописно паркирање или застанување, или за други сообраќајни прекршоци.
„Казните, те сопре ли полиција ќе те казни. Нема доволно станици, по Партизанска нема каде да се застане.“
„Па за прекршоци, за друго нема што да не казнат и плус се уште има диви таксисти и инспекција доаѓаше, ама што се вели „секое чудо за три дена“, ги бркаа, ама толку беше имаат пријатели, врски, некогаш им пишуваат казни, не ги плаќаат, некогаш интервенираат преку пријател, а ние плаќаме и давачки и пак едноставно не можеме да опстанеме.“
Застанувам на Рекорд, ми вели ајде побрзо не смееме да застануваме тука на постројката за автобус, ќе не казнат, среќа што не е крај на месецот, тогаш контролите се најзасилени и полиција има на секој чекор. Тогаш сме како врапчиња, живееме на штрек, додава таксистот.
Поминувам од другата страна на улицата. На почетокот на плоштадот еден човек продава весници. Му подавам 15 денари за весник. Си го земам и му велам, а фискална!? Ме погледнува исплашено. Го смирувам, не сум инспекција му велам, само новинар. Го прашувам што мисли за новите измени според кој ќе се казнуваат сите кои немаат фискален апарат, а продаваат нешто. Ги крева рамениците, вели дека не знае што ќе прави.
„Луѓето нема да ни купуваат.“
Казни и за болните
Дел од последниот пакет на казни се и казните за лекарите и пациентите кои ќе издадат лажно боледување. Македонското Лекарско друштво поттикнато од изјавите на министерот за здравство Никола Тодоров и јавните закани кон лекарите дека за издавање на лажно боледување ќе се оди в затвор, регираат дека тоа можат да постигнат спротивни ефекти. Во нивната реакција се вели дека казните ќе придонесат да се наруши довербата помеѓу лекарите и пациентите која е една од најважните вредности во процесот на лекувањето. Тоа може да доведе до далекусежни штетни последици за сите, се вели во реакцијата. Лекарите укажуваат дека процесот на лекувањето може да биде проследен со ненамерни грешки и тоа се случува насекаде во светот, но тоа не смее да биде причина на ваков начин да се навредуваат лекарите и да се нарушува нивното достоинство и углед”, стои во соопштението.
И од Здружението на матични лекари бараат
Министерството за здравство да ја преиспита одлуката за затворските казни во случај на лажни боледувања. Тие тврдат дека одлуката ќе биде на штета на пациентите, бидејќи лекарите ќе се плашат да дадат боледување и во случај кога е потребно.
„Замислите да имате мајка која што има дете болно од дијабет и дали матичниот доктор да се плаши да издаде боледување или да имате пациент кој што е во нервно растројство“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.
Високи казни, ниски плати
Казни за ова, казни за она. Граѓаните велат дека глобите се високи и ако ги казнат за нешто, не можат да си ги платат, затоа што платите им се мали.
„Мислам дека се преголеми затоа што платите се многу ниски.“
„Па, можеби се малку големи за наш стандард.“
„Апсолутно се фер и мислам дека дури треба да бидат и построги.“
„Казните се мислам престроги, а стандардот на народот е пренизок.“
„Е тоа гарантирам дека е премногу за овој народ.“
Превисоки казни, селективност и тенденционозност на инспекторите, често менување на законите, недоречености во истите. Ова се само дел од критиките на економистите и на опозицијата за казнената политика во земјата.
И бизнисите се гасат пред високите казни
Опозицијата критикува дека казните се превисоки. Марјанчо Николов од СДСМ вели дека казните немаат ефект. Ако се земат на пример казните во сообраќајот, тие не допринесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, ниту за намалување на бројот на жртвите во сообраќајни несреќи. Казните за фирмите, не придонесоа за подобра даночна дисциплина, ниту во борбата со сивата економија. Па од тука испаѓа дека казните служат само за полнење на буџетот, вели Николов.
„А не се води сметка дека таквите казни не се реални, не соодветстуваат со моќта на граѓаните и на фирмите, дека делуваат уништувачки и ги затвараат бизнисите наместо казните да бидат избалансирани и да делуваат превентивно, да не ве тераат да направите прекршок меѓутоа и ако се направи прекршок да не ви го уништи бизнисот, немаме таква мерка кај казните туку напротив имаме само високи казни кои се во функција на полнење на буџетот.“
Парите од казните не придонесуваат нешто посебно за надополнување на буџетот и со нив не можат да се надминат финансиските проблеми, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој вели дека казните имаат друга цел.
„Тие им овозможуваат да вршат притисок на ситни даночни обврзници кои не припаѓаат на владеачката структура, тоа е еден од инструментите што ефикасно секој ден можат таму во општините да ги идентификуваат оние фирми и да вршат притисок врз нив и стопанските субјекти да ги натераат сите да бидат во служба на владеачката коалиција.“
Парите што во буџетот се слеваат во име на казни и глоби, немаат некоја посебна намена, тие одат во буџетот и потоа властите си ги распоредуваат кај што сакаат, вели Хајредини.
Во предлог-буџетот за следната година се предвидува пораст на неданочните приходи од 104 милиони евра годинава на 218 милиони евра идната година. Само од такси и од надоместоци, во 2012 година Владата планира да собере 65 милиони евра, што е за дури 64,5 милиони евра повеќе од годинава, кога се планирани само 0,5 милиони евра вакви приходи. Во буџетот за ова година било предвидено од глоби и судски и административни трошоци да се соберат 37 милиони евра. За следната година е предвидено да се соберат 40,7 милиони евра.
Иако побаравме, од Министерството за финансии не добивме одговор на прашањето што мислат тие за висината на казните и гледиштето на граѓаните и на опозицијата дека се превисоки за стандардот во земјата.
На фирмите треба да им се даде шанса, да не им се затвараат објектите за да може да си ги платат своите казни, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.
„Го спречува работењето на претпријатијата, ако тие претпријатија направиле грешка треба да си ја платат, но да им се даде шанса да работат бидејќи на тој начин и буџетот ќе може да биде алиментиран со средства.“
А, што се однесува до казните за лекарите кои издаваат лажни болувања, Потевска вели дека тоа е многу непопуларна мерка.
„Луѓето секако дека во најголем случај чесно работат, сакаат да работат и не ги злоупотребуваат болувањата. Значи човек ако е депресивен и да го пуштите на работа мислам дека во тој случај ќе има полоши последици отколку ако биде на боледување, а се разбира дека доколку се утврдат некои неправилности дека тоа треба да биде санкционирано, ама сега тоа да биде казнувано со затворски казни мислам дека тоа не е многу популарно.“
Не се води сметка дека казните се високи и не соодвествуваат со економската моќ на граѓаните, вели Марјанчо Николов од СДСМ. На пример казните можат да бидат крај за еден бизнис, вели Николов.
„Да земеме пример трафика, продава весници и не ти дава фискална сметка за еден весник, и ти доаѓа инспекција и те казнува 5000 евра и ти го затвора објектот 60 дена, една година... Пет илјади евра не вреди трафиката и човекот што ќе прави како ќе ја плати казната.“
Казните нема да им наштетат на оние кои си ги почитуваат законите, вели пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Што менуваат зголемените казни кај оние што го почитуваат законот и мислам дека е небулоза да се смета дека со казни се полни буџетот на државата, напротив со казни се намалува даночната евазија и се намалува наплатата на даноците.“
Во предизборието, Радмила Шеќеринска која беше кандидатката на СДСМ за премиер, ветуваше дека новата Влада на Социјалдемократскиот
сојуз нема да го полни буџетот со казни, туку со вистински инвестиции. Таа ветуваше дека во првите 100 дена од владата на СДСМ ќе се преиспитаат сите закони и ќе се преполоват казните кои удриаат многу силно врз грбот на граѓаните на Македонија.
Фискална дисцилина, воведување европски стандарди, борба со сивата екомомија, еднаквост на пазарот на сите економски субјекти, промена на свеста и навиките на граѓаните, тоа се образложувањата на власта кога воведува нови казни. Но, граѓаните велат дека казните не се начин да се сменат работите.
„Ако дошло до тоа да со казна наметнеш некое мислење на народот во глава, тоа е жално ми се чини.“
„Апсолутно е демократско средство, ако не се почитува законот ако не се почитува законот, луѓето ќе внимаваат.“
„Да треба да постојат казни, но повеќе треба да се работи да се промени општата слика за одредни навики, поими и начин на однесување во одредени прилики.“
„Човек се казнува порано со стап го тепале, а сега со пари, но не е начин тоа.“
Можеби во споредба со земјите од Европската Унија во Македонија нема високи казни, но ако се земат предвид просечните примања на граѓаните тогаш испаѓа дека казните се високи. На пример ако поминете на црвено светло во Италија можат да ве казнат со казна од 150 до 600 евра, за истиот прекршок во Словенија ќе мора да платите 250, а кај нас 300 евра. Но, просечната плата во Словенија е близу 980 евра, во Италија е дупло повисока од Словенијa, а кај нас изнесува околу 300 евра.
Нашите соговорници од почетокот на текстов, велат дека некако се снаоѓаат. Продавачот на весници кој 16 години го работи само тоа и никогаш не работел нешто друго, вели дека ако им се забрани работа, ќе мора да се снаоѓа на друг начин.
„16-17 години со ова се занимавам, дојдоа да прашаат за бинго да продавам, па морам и тоа да чепкам, кога нема друго чаре.“
А таксистот пак вели дека таксито му била последна шанса.
„Стечај ваму-таму и ова е последна работа, иако викаат ќе седнеш и само возиш сепак не е така, се расправаш со секакви патници, па не ти плаќаат, бегаат... ама мора човек нешто да работи, за леб барем ќе се извади ако не за друго.“
Мислам дека се преголеми затоа што платите се многу ниски.Анкетиран граѓанин.
Од казни, банкрот
И ако недај боже ве казнат за нешто, може да ви отиде целата месечна заработка а неретко и годишната, а за некои богами и ќе си поработите подолго.
Утрово брзам за на работа, а сообраќајот турни-застани. Му велам на таксистот-Ајде побрзо! Не смеам ми вели, не казнуваат за се и сешто. И како оди работата го прашувам?
Е, како, ми одговара, како и нашето денешно возење, турни -застани.
Таксистот раскажува дека месечно компаниите плаќаат и по илјадници евра за казни за непрописно паркирање или застанување, или за други сообраќајни прекршоци.
„Казните, те сопре ли полиција ќе те казни. Нема доволно станици, по Партизанска нема каде да се застане.“
Казните се мислам престроги, а стандардот на народот е пренизок.Анкетиран граѓанин.
РСЕ: За што најмногу ве казнуваат?
„Па за прекршоци, за друго нема што да не казнат и плус се уште има диви таксисти и инспекција доаѓаше, ама што се вели „секое чудо за три дена“, ги бркаа, ама толку беше имаат пријатели, врски, некогаш им пишуваат казни, не ги плаќаат, некогаш интервенираат преку пријател, а ние плаќаме и давачки и пак едноставно не можеме да опстанеме.“
Застанувам на Рекорд, ми вели ајде побрзо не смееме да застануваме тука на постројката за автобус, ќе не казнат, среќа што не е крај на месецот, тогаш контролите се најзасилени и полиција има на секој чекор. Тогаш сме како врапчиња, живееме на штрек, додава таксистот.
Поминувам од другата страна на улицата. На почетокот на плоштадот еден човек продава весници. Му подавам 15 денари за весник. Си го земам и му велам, а фискална!? Ме погледнува исплашено. Го смирувам, не сум инспекција му велам, само новинар. Го прашувам што мисли за новите измени според кој ќе се казнуваат сите кои немаат фискален апарат, а продаваат нешто. Ги крева рамениците, вели дека не знае што ќе прави.
„Луѓето нема да ни купуваат.“
Казни и за болните
Дел од последниот пакет на казни се и казните за лекарите и пациентите кои ќе издадат лажно боледување. Македонското Лекарско друштво поттикнато од изјавите на министерот за здравство Никола Тодоров и јавните закани кон лекарите дека за издавање на лажно боледување ќе се оди в затвор, регираат дека тоа можат да постигнат спротивни ефекти. Во нивната реакција се вели дека казните ќе придонесат да се наруши довербата помеѓу лекарите и пациентите која е една од најважните вредности во процесот на лекувањето. Тоа може да доведе до далекусежни штетни последици за сите, се вели во реакцијата. Лекарите укажуваат дека процесот на лекувањето може да биде проследен со ненамерни грешки и тоа се случува насекаде во светот, но тоа не смее да биде причина на ваков начин да се навредуваат лекарите и да се нарушува нивното достоинство и углед”, стои во соопштението.
И од Здружението на матични лекари бараат
Министерството за здравство да ја преиспита одлуката за затворските казни во случај на лажни боледувања. Тие тврдат дека одлуката ќе биде на штета на пациентите, бидејќи лекарите ќе се плашат да дадат боледување и во случај кога е потребно.
„Замислите да имате мајка која што има дете болно од дијабет и дали матичниот доктор да се плаши да издаде боледување или да имате пациент кој што е во нервно растројство“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.
Високи казни, ниски плати
Замислите да имате мајка која што има дете болно од дијабет и дали матичниот доктор да се плаши да издаде боледување или да имате пациент кој што е во нервно растројство.Д-р Лидија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.
„Мислам дека се преголеми затоа што платите се многу ниски.“
„Па, можеби се малку големи за наш стандард.“
„Апсолутно се фер и мислам дека дури треба да бидат и построги.“
„Казните се мислам престроги, а стандардот на народот е пренизок.“
„Е тоа гарантирам дека е премногу за овој народ.“
Превисоки казни, селективност и тенденционозност на инспекторите, често менување на законите, недоречености во истите. Ова се само дел од критиките на економистите и на опозицијата за казнената политика во земјата.
И бизнисите се гасат пред високите казни
Опозицијата критикува дека казните се превисоки. Марјанчо Николов од СДСМ вели дека казните немаат ефект. Ако се земат на пример казните во сообраќајот, тие не допринесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, ниту за намалување на бројот на жртвите во сообраќајни несреќи. Казните за фирмите, не придонесоа за подобра даночна дисциплина, ниту во борбата со сивата економија. Па од тука испаѓа дека казните служат само за полнење на буџетот, вели Николов.
„А не се води сметка дека таквите казни не се реални, не соодветстуваат со моќта на граѓаните и на фирмите, дека делуваат уништувачки и ги затвараат бизнисите наместо казните да бидат избалансирани и да делуваат превентивно, да не ве тераат да направите прекршок меѓутоа и ако се направи прекршок да не ви го уништи бизнисот, немаме таква мерка кај казните туку напротив имаме само високи казни кои се во функција на полнење на буџетот.“
Парите од казните не придонесуваат нешто посебно за надополнување на буџетот и со нив не можат да се надминат финансиските проблеми, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Тој вели дека казните имаат друга цел.
„Тие им овозможуваат да вршат притисок на ситни даночни обврзници кои не припаѓаат на владеачката структура, тоа е еден од инструментите што ефикасно секој ден можат таму во општините да ги идентификуваат оние фирми и да вршат притисок врз нив и стопанските субјекти да ги натераат сите да бидат во служба на владеачката коалиција.“
А не се води сметка дека таквите казни не се реални, не соодветстуваат со моќта на граѓаните и на фирмите, дека делуваат уништувачки и ги затвараат бизнисите наместо казните да бидат избалансирани и да делуваат превентивно.Марјанчо Николов, СДСМ.
Во предлог-буџетот за следната година се предвидува пораст на неданочните приходи од 104 милиони евра годинава на 218 милиони евра идната година. Само од такси и од надоместоци, во 2012 година Владата планира да собере 65 милиони евра, што е за дури 64,5 милиони евра повеќе од годинава, кога се планирани само 0,5 милиони евра вакви приходи. Во буџетот за ова година било предвидено од глоби и судски и административни трошоци да се соберат 37 милиони евра. За следната година е предвидено да се соберат 40,7 милиони евра.
Иако побаравме, од Министерството за финансии не добивме одговор на прашањето што мислат тие за висината на казните и гледиштето на граѓаните и на опозицијата дека се превисоки за стандардот во земјата.
На фирмите треба да им се даде шанса, да не им се затвараат објектите за да може да си ги платат своите казни, вели професор Марија Зарезанкова Потевска.
„Го спречува работењето на претпријатијата, ако тие претпријатија направиле грешка треба да си ја платат, но да им се даде шанса да работат бидејќи на тој начин и буџетот ќе може да биде алиментиран со средства.“
А, што се однесува до казните за лекарите кои издаваат лажни болувања, Потевска вели дека тоа е многу непопуларна мерка.
„Луѓето секако дека во најголем случај чесно работат, сакаат да работат и не ги злоупотребуваат болувањата. Значи човек ако е депресивен и да го пуштите на работа мислам дека во тој случај ќе има полоши последици отколку ако биде на боледување, а се разбира дека доколку се утврдат некои неправилности дека тоа треба да биде санкционирано, ама сега тоа да биде казнувано со затворски казни мислам дека тоа не е многу популарно.“
Не се води сметка дека казните се високи и не соодвествуваат со економската моќ на граѓаните, вели Марјанчо Николов од СДСМ. На пример казните можат да бидат крај за еден бизнис, вели Николов.
„Да земеме пример трафика, продава весници и не ти дава фискална сметка за еден весник, и ти доаѓа инспекција и те казнува 5000 евра и ти го затвора објектот 60 дена, една година... Пет илјади евра не вреди трафиката и човекот што ќе прави како ќе ја плати казната.“
Казните нема да им наштетат на оние кои си ги почитуваат законите, вели пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Што менуваат зголемените казни кај оние што го почитуваат законот и мислам дека е небулоза да се смета дека со казни се полни буџетот на државата, напротив со казни се намалува даночната евазија и се намалува наплатата на даноците.“
Во предизборието, Радмила Шеќеринска која беше кандидатката на СДСМ за премиер, ветуваше дека новата Влада на Социјалдемократскиот
Мислам дека е небулоза да се смета дека со казни се полни буџетот на државата, напротив со казни се намалува даночната евазија и се намалува наплатата на даноците.Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.