Заложбите за европска Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се политичка игра и глума, велат дел од домашните аналитичари.
За домашните аналитичари заложбите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за европска Македонија се политичка игра и глума. Според аналитичарот Рамадан Рамадани од институтот Нисма, изјавите на политичарите од владејачките партии се само декларативни. Во пракса не се прави ниту половина од тоа што се кажува, вели Рамадани.
„Значи наместо Тито, сега е „ЕУ ние ти се колнеме“ и тоа е сè во таква декларативна форма. Инаку, она што е загрижувачки за секој проследувач на европеизацијата на Македонија се назадувачките трендови во партизацијата на јавната администрација, на вработувањата и узурпирањето на многу сегменти на правната држава од страна на владејачките партии.“
Наспроти мислењето на надлежните дека земјава е сè поблиску до евроатлантските структури, политикологот Соња Стојадиновиќ, вели дека се вртиме во место и оти не се прави ништо суштинско за да се олеснат евроинтеграциите.
„Изјавата на министерот за надворешни работи дека Македонија сега е на највисоко ниво спремна за преговори е нешто што е многу бледо, затоа што Македонија имала далеку поблескави моменти во евроинтегративниот процес отколку што е сега. Ние имаме, не блокада на евроинтегративниот процес, туку шлаканица од страна на Европската комисија со пристапниот дијалог на високо ниво.“
Доколку продолжи ваквото однесување на владејачките партии, односно ако се игнорира и молчи на критиките од надвор, не е исклучено назадување на патот кон евроинтеграциите и негативни последици за македонското општество.
„Секако, ваквиот процес и однесување ќе доведе до крах на ваквата политика. Ние секој нов пат добиваме начнат по еден нов критериум“, вели Рамадани.
Ако продолжи ваквата тенденција, Стојадиновиќ не очекува подлабока криза, оти како што вели, сè што се прави е врз основа на коалициски договор и е во функција на привлекување политички поени.
„Сето тоа се коалициони договори за глума и за претставување на некоја полукриза и добивање на поени кај гласачкото тело за следните избори.“
Инаку и еврокомресарот за проширување Штефан Филе за време на посетата во Скопје изрази загриженост во однос на работата на политичките партии, кои како што рече се целат кон сопствените политички бази за сметка на политичката стабилност. Сето ова има потенцијално негативни последици врз се што се прави во земјата, а пред се врз придвижувањето кон Европската унија, рече Филе.
Значи наместо Тито, сега е „ЕУ ние ти се колнеме“ и тоа е сè во таква декларативна форма. Инаку, она што е загрижувачки за секој проследувач на европеизацијата на Македонија се назадувачките трендови во партизацијата на јавната администрација, на вработувањата и узурпирањето на многу сегменти на правната држава од страна на владејачките партии.Рамадан Рамадани, политички аналитичар.
„Значи наместо Тито, сега е „ЕУ ние ти се колнеме“ и тоа е сè во таква декларативна форма. Инаку, она што е загрижувачки за секој проследувач на европеизацијата на Македонија се назадувачките трендови во партизацијата на јавната администрација, на вработувањата и узурпирањето на многу сегменти на правната држава од страна на владејачките партии.“
Наспроти мислењето на надлежните дека земјава е сè поблиску до евроатлантските структури, политикологот Соња Стојадиновиќ, вели дека се вртиме во место и оти не се прави ништо суштинско за да се олеснат евроинтеграциите.
„Изјавата на министерот за надворешни работи дека Македонија сега е на највисоко ниво спремна за преговори е нешто што е многу бледо, затоа што Македонија имала далеку поблескави моменти во евроинтегративниот процес отколку што е сега. Ние имаме, не блокада на евроинтегративниот процес, туку шлаканица од страна на Европската комисија со пристапниот дијалог на високо ниво.“
Македонија имала далеку поблескави моменти во евроинтегративниот процес отколку што е сега.Соња Стојадиновиќ, политиколог.