ДУИ тврди дека ќе спречи донесување на законот за бранители, ВМРО-ДПМНЕ вели дека разликите се суштински, а СДСМ не учествува на пленарните седници.
Демократската унија за интеграција останува на ставот дека законот за бранители не смее да биде донесен. Портпаролот на оваа партија Бујар Османи вели дека нивниот став е конструктивен и конзистентен. Османи вели дека добрата политичка волја партијата ја покажала на вчерашната собраниската седница. Сепак, потенцира дека тоа не значи оти ќе попуштат во врска со законот за бранители.
„Апсолутно, ставот во однос на Законот за бранители е дефинитивен и очекуваме да се најде решение, или да се повлече или да се прифатат амандманите“, вели Османи.
Од ВМРО-ДПМНЕ вчера јасно кажаа дека разликите меѓу нив и ДУИ во однос на спорниот закон за бранители сè уште се ненадминливи, но денеска не беа достапни за да кажат како, доколку и двете страни не попуштат, ќе се надмине парламентарната криза. Илија Димовски на кого не упатуваа од партијата, но не можевме да го добиеме, вчера изјави дека последните случувања во парламентот, не треба да се поврзуваат со партиските активности за локалните избори.
„Разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во однос на Законот за бранители се сè уште актуелни и се суштински. Не би сакал да ги поврзувам овие конкретни активности на партијата за коишто кажав дека се константни со политичките случувања тука во парламентот или генерално меѓу коалиционите партнери“, рече Димовски.
Иако пратеничката група на СДСМ вчера ја напушти собраниската сала со образложение дека нема да учествува во пленарната седница, сè додека владината коалиција не каже дека има усогласени ставови за сите закони предложени од Владата, денеска сепак се појави на седницата. Пратениците од опозицијата пред паузата се изјаснија дека ќе го поддржат Законот за следење на комуникациите, кој како што соопштија, е важен за евроинтеграциите на Република Македонија. Со 96 гласа за, ниту еден воздржан и ниту еден против, Собранието го го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите.
Засега, останува неизвесен расплетот на случувањата во парламентот, кои според домашните аналитичари веројатно ќе завршат со избори.
Од двете најголеми партии велат дека се подготвени за избори, иако од опозицијата сметаат дека најдобриот термин за нивно одржување би бил заедно со локалните во март. Но за тоа да се случи бараат претходно да биде прочистен избирачкиот список, усогласен изборен законик и да се постават фер правила за слобода на медиумите.
Апсолутно, ставот во однос на Законот за бранители е дефинитивен и очекуваме да се најде решение, или да се повлече или да се прифатат амандманите.Бујар Османи, ДУИ.
Разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во однос на Законот за бранители се сè уште актуелни и се суштински. Не би сакал да ги поврзувам овие конкретни активности на партијата за коишто кажав дека се константни со политичките случувања тука во парламентот или генерално меѓу коалиционите партнери.Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.