Режирана криза за предвремени избори

Парламентарни избори 2011 година.

Политичката криза намерно се продлабочува за да се оди на предвремени парламентарни избори, коментираат дел од домашните аналитичари.
Намерата да се продлабочи политичката криза во земјава за да се оди на предвремени парламентарни избори е очигледна, коментираат дел од домашните аналитичари. Станува збор за еден договор со кој би требало да им расте рејтингот на владејачките партнери, смета универзитетскиот професор Алајдин Демири.
Ова станува веќе обичај во Македонија, третпат едно по друго одиме на вонредни парламентарни избори од многу проста причина - падот на рејтингот на владејачките партии. И тука е таа приказна која кажува дека овие партии ја проектираат оваа криза.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Ова станува веќе обичај во Македонија, третпат едно по друго одиме на вонредни парламентарни избори од многу проста причина - падот на рејтингот на владејачките партии. И тука е таа приказна која кажува дека овие партии ја проектираат оваа криза.“

Директорот на институтот за политички и правни истражувања, Владимир Божиновски смета дека изборите не треба да бидат единствениот излез од политичката ситуација во која се наоѓаме. Во овој момент тие не им одговараат на политичките актери, иако опцијата да се одржат избори во моменти кога има вакви политички кризи, не може да се отфрли, вели Божиновски.
Наместо да се радикализираат работите треба да се постигне компромис. Што би им одговарало на страните во определена ситуација којшто бара компромис? Ако се две страни, дали на двете страни им одговара да се постигне тој компромис или не им одговара. Во случајов им одговара и затоа мислам дека е можно решение.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

„Избори би дошле само во случај доколку не се изнајде решение да се надмине ситуацијата во којашто сме сега. Зависи од следниве неколку денови како ќе се изреагира, набрзо ќе видиме дали се зголемуваат или се намалуваат шансите за избори.“

Но ваквата криза, не само владина, туку и парламентарна, може да излезе од контрола, предупредува Демири. Постои можност, пред или по изборите состојбата да ескалира, вели тој.

„Играта, супстанцата со која се обидуваат да прават криза е национализмот и тоа еден тврд национализам без некоја силна подлога, без некој силен капацитет, повеќе мислам дека е вербален меѓутоа народот тоа не го голта. Постои можност да ескалира состојбата зашто изгледа дека партиите не ќе може да ја задржат контролата.“

Божиновски сугерира дека решение од кризата може да се постигне само преку компромис меѓу коалиционите партнери. Во исто време ДУИ треба да се воздржи од провокации со кои само би можеле да ја продлабочат деликатната ситуација, вели Божиновски.

„Наместо да се радикализираат работите треба да се постигне компромис. Што би им одговарало на страните во определена ситуација којшто бара компромис? Ако се две страни, дали на двете страни им одговара да се постигне тој компромис или не им одговара. Во случајов им одговара и затоа мислам дека е можно решение.“

Според други, пак, целата криза е игра за предвремени парламентарни избори со која главните актери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, покажуваат дека немаат желба за демаскирање на лажниот „патриотизам“ и политичката трговија со бранителите.