Со силна заложба за промоција на македонското творештво и научна мисла и со многу помалку финансиски средства од порано, на 15 и 16 септември, во хотел „Галеб“ во Струга, ќе биде одржано 37-то издание на Меѓународната манифестација „Струшка музичка есен“, што како организатор ја потпишува Сојузот на композиторите на Македонија.
Меѓународната музичка научно-културна манифестација „Струшка музичка есен“ и годинава, се чини, ќе помине во идентичен амбиент како и на претходните неколку изданија. Наново генералната тема ќе биде македонската музичка наука, македонската музика, односно проблемите и перспективите со кои таа се соочува.
„Акцентот ќе се стави на Музикологијата и особено на недостатокот од музичка критика. Ние имаме музичка критика, но не таква каква што е потреба и каква што ја имало во минатото. Во изминативе неколку години проблемот некако се лоцираше во образованието, во образовниот процес, но и во комуникацијата помеѓу музичките дејци и институциите што е најважно“, вели Велика Стојкова Серафимовска, селектор и уметнички раководител на Манифестацијата.
Таа потенцира дека плод на таквите дискусии е поинтензивната соработка која се огледа со зголемениот број на дела на македонските автори во годишните програми на институции како Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, но забележува дека е изненадена од тоа што од година во година се повеќе се намалуваат финансиите за одржување на манифестацијата.
„Тоа резултира, за жал, и со намалување на бројот на учесниците и со интервенции во концертната програма, па така лани имавме два настапи а годинава ќе настапи само трио ИНТЕРАРТ од Битола во состав Емилија Стефановска Ристевска и Александар Стефановски – флејти и Татјана Божиновска – пијано и нивната програма ќе биде со камерни дела од македонски композитори.“
Организаторите велат дека со една ваква скромна подршка од Министерството за култура можат да бидат покриени само концертната програма и објавувањето на Зборникот од научниот симпозиум и дека ако натаму продолжи ваквиот тренд случувањето е на пат да го изгуби својот меѓународен карактер.
„Токму поради овие причини не можеме да ја вратиме таа меѓународна нота. Едноставно не знаеме што се случува. Целиов овој период на рецесија и финансиски проблеми резултира со кратење на средства и таму каде што не треба да се крати затоа што ова е многу важна манифестација во Република Македонија.“
Од друга страна, во Сојузот на композиторите на Македонија се радосни поради подмладувањето на манифестацијата (поголемиот дел од 23-те пријавени реферати се на млади научни кадри), но и по малку незадоволни поради фактот што нивната идеја за партиципација за престојот на „Струшка музичка есен“ по теркот на научните случувања во светот резултираше со откажување на присуството на манифестацијата на некои од македонските музиколози.
„Ние сме по малку размазени во таа област и немаме навика да инвестираме во сопствениот развој како научни работници. Оваа година пробавме да излеземе од тие поставени рамки од дамнина, но имаше повторно проблеми. Кога се спомна дека треба да се плати престојот бројот на заинтересираните веднаш се намали“, заклучува Велика Стојковска Серафимовска.
Акцентот ќе се стави на Музикологијата и особено на недостатокот од музичка критика. Ние имаме музичка критика, но не таква каква што е потреба и каква што ја имало во минатото. Во изминативе неколку години проблемот некако се лоцираше во образованието, во образовниот процес, но и во комуникацијата помеѓу музичките дејци и институциите што е најважно.Велика Стојкова Серафимовска, селектор и уметнички раководител на „Струшка музичка есен“.
„Акцентот ќе се стави на Музикологијата и особено на недостатокот од музичка критика. Ние имаме музичка критика, но не таква каква што е потреба и каква што ја имало во минатото. Во изминативе неколку години проблемот некако се лоцираше во образованието, во образовниот процес, но и во комуникацијата помеѓу музичките дејци и институциите што е најважно“, вели Велика Стојкова Серафимовска, селектор и уметнички раководител на Манифестацијата.
Таа потенцира дека плод на таквите дискусии е поинтензивната соработка која се огледа со зголемениот број на дела на македонските автори во годишните програми на институции како Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, но забележува дека е изненадена од тоа што од година во година се повеќе се намалуваат финансиите за одржување на манифестацијата.
Ние сме по малку размазени во таа област и немаме навика да инвестираме во сопствениот развој како научни работници. Оваа година пробавме да излеземе од тие поставени рамки од дамнина, но имаше повторно проблеми. Кога се спомна дека треба да се плати престојот бројот на заинтересираните веднаш се намали.Велика Стојкова Серафимовска, селектор и уметнички раководител на „Струшка музичка есен.