Имајќи ги предвид трендовите и анализите кои доаѓаат и од дома и од надвор, многу поверојатно е младата популација да се исели од државата, наместо да дозволи да биде целосно партизирана, пишува извршниот директор на МОФ Марјан Забрачанец во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Извештаите кои доаѓаат од ЕУ покажуваат рекордна невработеност на младите која во некои земји стигнува и до 30%. Дискусиите се движат од декларативни изјави дека не смее да продолжи овој тренд бидејќи ќе резултира со изгубени генерации, до конструктивни предлози како да се зголеми бројот на работни места за млади. Европа се занимава сериозно со ова прашање, не се срами да ги презентира погубните резултати во јавност, не се амнестира себеси под изговорот „економска криза“ и активно бара решение за проблемот.
Но, што прави Македонија по однос на ова прашање во услови кога невработеноста кај младите е 50%, многу повисока од процентот кај најзогрезните членки на Унијата?
Ако со проста анализа погледнеме што се случува на теренот, лесно ќе разбереме дека младите како клучна шанса за вработување го гледаат државниот апарат, популарната администрација. Небаре е златна кокошка која остварува невиден профит, па едните-институциите се затрчуваат да нудат вработувања, а другите-младите без соодветна пракса и неверувајќи во слоганите за претприемништво паѓаат во партиско-административната замка, барајќи излез од финансиската агонија. Ова личи на апсурден систем кој го троши државниот буџет и се коси со сите повици за развој на мали и средни бизниси. Младите наместо да размислуваат на бизнис, мислат како да влезат во администрација, а при тоа да не станат партиски активисти. Последново се чини невозможно.
Технички гледано, во услови на рекордна невработеност при која повеќе од половина од работоспособното младо население не може да најде работа, работните места во администрацијата за многу граѓани се шанса. Но, ако се анализира што еден млад човек добива преку вработување во администрацијата, во каков систем ќе функционира, какви вештини ќе развива и што е неопходно да исполни за да го добие работното место, ваквите „шанси“ за краток период стануваат кочници во развојот на младите. Или ако сакате, состојба на удолница без кочници. Штета е што во Македонија да работиш за државата значи да работиш за партијата, а во ваква консталација тоа никако не може да значи да работиш за сопствен развој.
Имајќи ги предвид трендовите и анализите кои доаѓаат и од дома и од надвор, многу поверојатно е младата популација да се исели од државата, наместо да дозволи да биде целосно партизирана. 20 години по независноста, Република Македонија не знае колку млади и колку граѓани ја напуштаат државата, кои се конкретните причини за одливот, каков кадар се едуцира на студии во странство и колкав процент од овие млади се враќаат во Македонија. Ни една влада не се осудува да ја сработи оваа анализа бидејќи знае дека резултатите ќе бидат погубни по нејзиниот рејтинг.
А владите имаат капацитет за вакви анализи. И оваа и претходната и таа пред неа. Ако можат да знаат кој земјоделец колку субвенции примил, кој стечаец колку пати излегол на протест и кој возач колку пати поминал на црвено, сигурно можат да избројат и да анализираат колку млади ја напуштиле државата, од кои причини и што прават тие млади денес. Капацитет има секоја влада, но до сега ни една не покажа политичка волја и подготвеност да се откаже од дел од својата моќ и апсолутна доминација, во интерес на темелно фокусирање кон економски развој, преку обуки за младите и давање шасна на малите и средните претпријатија. Тоа значи и создавање реални услови за странски инвестиции, обезбедување транспарентни институции и квалитетно образование што создава кадри кои поседуваат работни вештини, а не сертифицирано „знаење“ кое е неупотребливо на пазарот на трудот.
Се плашам дека моменталните политички услови во државата нема да дозволат било каква промена на краток рок, имајќи предвид дека опозицискиот блок во себе вклучи премногу актери и дека се создадени идеални услови за целосна доминација на т.н. црно-бел политички контекст. Ништо ново. Тоа значи дека и со промена на власта, сегашната опозиција ќе биде принудена да се „раскусурува“ помеѓу бројните помали и поголеми партии кои ја сочинуваат, што најчесто ќе се прави преку распределба на квоти од работни места во државната администрација. Влогот во окрупнување на опозицијата, во случај на промена на власта, ќе резултира со продолжување на трендот на партиски вработувања бидејќи секој ќе сака да добие дел од колачот после преземањето на власта.
Во вакви услови, младите се обидуваат да крикнат, се активираат во граѓански групи, излегуваат на улица и се обидуваат да станат гласни и слушнати. Се уште не им успева да издејствуваат промена бидејќи врз ни се применува познатиот принцип на лепење партиски етикети и дискредитација, што ја намалува нивната релевантност во јавност, но и нивниот ентузијазам. Токму поради тоа, поединецот нема да дозволи и понатаму да опстојува во бесперспективност и се поголем ќе биде бројот на млади кои не сакаат да се потчинуваат на партиите и кои ја напуштаат државата. Ваквата политика повеќе ја поттикнува бесперспективноста на државата, отколку на поединецот во неа. Граѓаните секогаш ќе имаат втора опција, ама државата не.
Ова не е повик за напуштање на државата, ова е повик за освестување на државата на која и се заканува да остари пред време и да остане само со својата златна администрација, ама без млади кадри во неа.
Штета е што во Македонија да работиш за државата значи да работиш за партијата, а во ваква консталација тоа никако не може да значи да работиш за сопствен развој.
Ако со проста анализа погледнеме што се случува на теренот, лесно ќе разбереме дека младите како клучна шанса за вработување го гледаат државниот апарат, популарната администрација. Небаре е златна кокошка која остварува невиден профит, па едните-институциите се затрчуваат да нудат вработувања, а другите-младите без соодветна пракса и неверувајќи во слоганите за претприемништво паѓаат во партиско-административната замка, барајќи излез од финансиската агонија. Ова личи на апсурден систем кој го троши државниот буџет и се коси со сите повици за развој на мали и средни бизниси. Младите наместо да размислуваат на бизнис, мислат како да влезат во администрација, а при тоа да не станат партиски активисти. Последново се чини невозможно.
Технички гледано, во услови на рекордна невработеност при која повеќе од половина од работоспособното младо население не може да најде работа, работните места во администрацијата за многу граѓани се шанса. Но, ако се анализира што еден млад човек добива преку вработување во администрацијата, во каков систем ќе функционира, какви вештини ќе развива и што е неопходно да исполни за да го добие работното место, ваквите „шанси“ за краток период стануваат кочници во развојот на младите. Или ако сакате, состојба на удолница без кочници. Штета е што во Македонија да работиш за државата значи да работиш за партијата, а во ваква консталација тоа никако не може да значи да работиш за сопствен развој.
Имајќи ги предвид трендовите и анализите кои доаѓаат и од дома и од надвор, многу поверојатно е младата популација да се исели од државата, наместо да дозволи да биде целосно партизирана. 20 години по независноста, Република Македонија не знае колку млади и колку граѓани ја напуштаат државата, кои се конкретните причини за одливот, каков кадар се едуцира на студии во странство и колкав процент од овие млади се враќаат во Македонија. Ни една влада не се осудува да ја сработи оваа анализа бидејќи знае дека резултатите ќе бидат погубни по нејзиниот рејтинг.
Влогот во окрупнување на опозицијата, во случај на промена на власта, ќе резултира со продолжување на трендот на партиски вработувања бидејќи секој ќе сака да добие дел од колачот после преземањето на власта.