Достапни линкови

Дискусијата заглавена кај коментарите


Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум.
Дона Костуранова, претседателка на Младински образовен форум.

Вистинските дебати во нашиот медуимски простор речиси не постојат, а терминот дебата стана вулгаризиран, пишува за РСЕ Дона Костуранова, дебатер, претседател на Младински образовен форум.

Ние имаме слобода на говор. Ја гледаме и преточуваме во слобода на дискусија, на несогласување, за застапување, за реагирање. Границите во кои ги користиме овие слободи се променливи и се движат од можностите за изразување, до органичувањата за каде се’ може некој да се изрази, низ немањето соговoрник или противник, но и свесна само-цензура.

Потребата за да пишувам на оваа тема ми дојде од некои неодамнешни коментари на споделувања видени низ Фејсбук. Ништо ново не се случува таму, но по не знам кој пат ме вознемирија коментирања и начинот на комуникација на некои статуси. Веќе по шаблон на таквите дискусии до четвртиот коментар почнуваат обвинувањата, на осмиот веќе има говор на омраза, а страстите се смируваат околу дваесеттиот со лични навреди и закани за бришење од пријатели. Тргнав да пишувам за овие дискусии, и како шок ми дојде сфаќањето дека речиси се имам навикнато на непостоењето на дискусија и дијалог во традиционалниот јавен простор, па се наоѓам себе си изненадена зошто ова се случува онлајн.
Затоа решив пред да се обратам на коментарите, да претрчам низ дебатата во теорија, во пракса и во нашата земја.

Дебатата не е натпревар за надмудрување, туку чекор кон отворено општество

Често луѓето кои се застапуваат за дебата, аргументирано изразување, промоција на дискусија добиваат етикети на манипулатори, надмудрувачи и извртувачи на вистината, што е една од најчестите предрасуди.
А дебатата е всушност фер и организирана дискусија базирана на изградени тврдења, што ја прави осмислена и аргументирана. Дебатата е алатка за креирање и подобрување на отвореното општество преку поттикнување на јасна и отворена дискусија, почитување на различните ставови и критичко размислување за појавите.
Ова може да се разглоби во тон дебатна теорија, но на крајот, не е потребно да знаеш како точно се структурира аргумент, или кој доказ на која категорија докази припаѓа и како најдобро се презентира. Она што е поважно од се’ е капацитетот и вештината за критичко размислување.

Критичкото размислување ги расчистува целите, ги предизвикува претпоставките, препознава скриени вредности, ги оценува доказите, достигнувањата на акциите и ги разгледува заклучоците. Критичкото размислување треба да се практикува и вежба секаде. Критичкото размислување ја прави разликата меѓу „Тој му покажа дека нема право да зборува“ и „Тој ја одбегна темата на дискусија и проба да му каже на говорникот тој нема зошто да разговара со некој како него“. Критичкото размислување не тера пред да поверуваме на сензационалистичка вест да се запрашаме зошто не е потпишан авторот или не се наведени изворите. Не тера да размислуваме, анализираме и не прифаќаме ништо како сервирано, и е клучен чекор кон капацитет за квалитетен општествен дискусурс.

Како се вулгаризираше дискусијата?

Вистинските дебати во нашиот медуимски простор речиси не постојат, а терминот дебата стана вулгаризиран.
Од „ток-шоуа“, интервјуа, отворени студија и емиси за политички дијалог – добар дел од водителите и гостите беспотребно го валкаат поимот дебата. Затоа веројатно и јавноста повеќе не чувствува потреба да види (таква) дебата и се појавуваат резулати од истражувања кои велат дека на најголем дел од граѓаните дебата помеѓу кандидати на избори не би им влијалеа на ставот и изборот

Од „ток-шоуа“, интервјуа, отворени студија и емиси за политички дијалог – добар дел од водителите и гостите беспотребно го валкаат поимот дебата. Затоа веројатно и јавноста повеќе не чувствува потреба да види (таква) дебата и се појавуваат резулати од истражувања кои велат дека на најголем дел од граѓаните дебата помеѓу кандидати на избори не би им влијалеа на ставот и изборот. Застрашувачки е тоа што голем број граѓани мислат дека немаат што да научат, разберат и одлучат преку гледање на дебата. Додека во други земји работите кажани во вистинските јавни дебати значително влијаат на рејтинзите и ставовите, кај нас не се бараат дебати, а изгледа дека и на малкумина ќе им помогнат во одлуките. Веројатно затоа што вербата во дискусијата ја снемало кога во емисиите кои се викат дебати нема фокусирана дискусија на јасна тема туку лутање, континуирано се применуваат обвинувања и етикетирања како најсилен начин за дискредитирање и се повикува на туѓиот кредибилитет наместо неговиот став и решение на конкретната тема.

Со трошење на зборови на ваков начин, најчесто најважните прашања останува да се дискутираат без директен дијалог, но индиректно преку медиумите. Кај нас се создаде култура на дијалог низ беседи и соопштенија, каде дискусијата се јавува во форма на реплики низ испратени реакции и „контра-прес-конференции“, но не и седнување на заедничка маса.

А кој ги организира заедничките седнувања на маса и дискусии во јавниот простор? Постојат примери на успешни приказни каде и важни теми биле структураирано разговарани меѓу спротиставени страни, впрочем и затоа група на дебатери од МОФ почна да го организира настанот Аргумент – Организирано изразување.
Но често кога некоја страна организира некаков дијалог, таа јавна „дебата“ е трибина каде се презентираат слични ставови од различни говорници. Оваа форма е соодветна, но премногу честа во споредба со речиси непостоечките дебати каде седнуваат луѓе кои делат различни ставови да дискутираат во јавност. За пример, кога последен пат некој партиски подмладок организирал дискусија со претставници на членови на партија или подмладок кои се наоѓаат во друга позиција или идеолошки расчекор на одредена тема, за да споредат ставови и аргументи?

Без вистински медиумски дебати, но со агресивни неструктурирани разговори, со судири низ јавни монолози и со еднонасочни дискусии, нема да знаеме што точно значи дискурс, како се мери издржаноста на аргументите и како се проценува која страна или став се блиски до нашите потреби и ставови.

Кој да не научи?

Јасно е дека јавниот медумски и дебатен простор има премногу не-дебата за да може да се задоволат нашите потреби за учење низ дијалог, исто како што скопските дискотеки не би можеле да ја задоволат нашата потреба за добра музика.
Но каде да учиме? Во семејствата младите често ги премолчуваат своите ставови за да избегнат конфликти со авторитетот родител со кои живеат. Во средните училишта само 27 отсто од средношколците некогаш добиле прилика да одржат говор или презентација пред своите соученици, додека само 23 отсто учествувале во дебата. На факултетите приоритетот е справувањето со образовниот систем и неговите административни процедури.
Остануваат јавните дикусии и организирани настани, од кои по својата форма, најмногу вистинска дебата ја имаат кога ќе дојде делот за прашања и коментари од публика.

Интернетот – последното прибежиште за сечија дискусија

Интернетот не е секогаш пријателско место, а особено секциите со коментари. А во нашите случаи, во македонската средина, овие секции се најчесто видени од три категории – поддржувачи, неистомисленици и апатични.
Интернетот не е секогаш пријателско место, а особено секциите со коментари. А во нашите случаи, во македонската средина, овие секции се најчесто видени од три категории – поддржувачи, неистомисленици и апатични.


Проблемот е што кога неистомислениците ја прескокнуваат темата на споделеното и почнуваат да „аргументраат“ како авторот е индоктриниран предавник и затоа нема потреба овој текст се чита бидејќи е малициозен и нарачан. Проблемот е кога на овој човек му се одговара со тоа дека тој е партиски послушник и треба да си ја гледа сопствената работа. Проблемот е кога на крај ќе се избришат едни со други затоа што во суштина и не разговарале. Проблемот е кога 500 луѓе ќе го видат тоа и иако имаат мислења никој нема да се вклучи.
Проблемот е кога ќе видиме говор на омраза ќе го истолерираме. Проблемот е кога ќе ги обезвреднуваме личните мислења обидувајќи се да ги препишеме на нечии туѓи влијанија.

И без добри примери во јавноста, без прилики во образованието, и на единственото најширокото место каде може да практикуваме дискусија, ние пречесто потфрлуваме.

За младите не е доцна

Група младински организации летово ќе ја отворат идејата да им да се овозможи на младите да дискутираат онлајн на структуран начин, на теми кои се од нивен интерес, во нова форма. Да се покажат и спротиставените ставови, личните искуства, незабележаните прашања и да се зајакне младинската интеракција. Ќе се обидеме да поттикнеме размена на ставови за остварувањето на мултикултурализмот, за квалитетот на образованието, за младинското вработување и за младинското организирање. Ќе се обидеме да им посочиме и на другите што мислат, знаат и сакаат младите.

А можеби и ќе успееме да направиме младите да го постават примерот за другите во нашето опшество за култура на дискусија и како таа може да води кон решавање на проблемите, разбирање и размислување.


Дона Костуранова, дебатер, претседател на Младински образовен форум
XS
SM
MD
LG