Јавни забавки

Македонка Макаровска, студент на факултетот за Архитектура „Св.Кирил и Методи“, Скопје

Жалните врби се садат триста пати, мостови се поправаат 100 пати, Илинденска се копа секоја година, компјутерите ќе се заменат со таблети... И не е забавно. И не е воопшто забавно, туку е навредливо, недомаќински и опасно, пишува студентката Македонка Макаровска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Јавни забавки се модерните игри без граници кои државата ги подготви за забава на своите граѓани и досега успешно ги забавува сите до еден. Забавата е на завидно високо интерактивно ниво. Самата игра во даден момент може да покрене 500 учесници директно во забавата и при тоа да се освојат вредни награди заради самото учество. Еден вид на луна парк на високо државно ниво.
Како почнува играта јавни забавки?
Врбите кои се во игра се садат во вода, овенуваат и се менуваат 300 пати се додека не се потрошат сите 900 врби, осносно директно се забавуваат 310 луѓе и 2 000 000 индиректно, се додека врбите не овенат и секако, не се веќе забавни. Идејата да се садат во вода е секако на учесникот што имал почетно 900 жални врби. Деветсто поделено со три - е толку е едноставна идејата.

Пример некој од учесниците во играта има 900 жални врби. Пример јас имам 100 реки. Некој има 3 планински врвови. И сега тој некој има 900 жални врби. Се отвора игра и наддавање за јавно забавување на само 3 жални врби.
Се јавуваат и други учесници што имаат 3 жални врби и секако победува тој што има 900, и тој истиот се избира да забавува 3 жални врби. Меѓувремено, при оформување на правилата на игра се вклучени 60 учесници за да ги дефинираат истите.

Учесникот со 900-те врби вклучува во самата забава уште 100 луѓе за да ги транспортираат врбите. И уште 120 да се засадат истите.
Врбите кои се во игра се садат во вода, овенуваат и се менуваат 300 пати се додека не се потрошат сите 900 врби, осносно директно се забавуваат 310 луѓе и 2 000 000 индиректно, се додека врбите не овенат и секако, не се веќе забавни. Идејата да се садат во вода е секако на учесникот што имал почетно 900 жални врби. Деветсто поделено со три - е толку е едноставна идејата. Едноставно, а пре пре забавно.

Така на пример некој друг има 100 тона бехатон коцки. Некој трет 1 000 000 компјутери за секое дете. И се се забавни примери. И така жалните врби се садат триста пати, мостови се поправаат 100 пати, Илинденска се копа секоја година, компјутерите ќе се заменат со таблети.
И крајно мора да се признае до сите што го прочитаа ова до крај е дека нема врска со архитектура, врби, патеки и не знам какви други проекти. Се се тоа подвидови и лажни имиња на системот на јавни набавки, кој ако мислите дека не допира до вас се лажете. Јавно се набавуваат чуда во државава. Јавно се набавува и забавува работна сила.

Второстепено но поважно од првичната идеја на концептот на забавата е дека интензитетот на забава се намалува доколку учесникот е подалеку од идејата на играта. Што е сосема логично како и за секоја друга забава. Еден се забавува повеќе, друг помалку и тој што е најдалеку од почетокот на играта вистински не се забавува. И не само што му е досадно, туку и тажно. Всушност тој е тој што е најблиску до самата жална врба, оттаму и логиката дека е тажен.

И крајно мора да се признае до сите што го прочитаа ова до крај е дека нема врска со архитектура, врби, патеки и не знам какви други проекти. Се се тоа подвидови и лажни имиња на системот на јавни набавки, кој ако мислите дека не допира до вас се лажете. Јавно се набавуваат чуда во државава. Јавно се набавува и забавува работна сила.

И во право се сите што се бунтуваат против проектите компјутер за секое дете, патека за секое трето дете, сопствена театарска сала за една партија. Улица како улица, театар како театар, врба како врба надвор од план и концепт не вредат ништо.

Нема смисла цел отчет даден во сантиметри, тони и литри, бесплански набавени и фрлени во вода. И не е забавно. И не е воопшто забавно, туку е навредливо, недомаќински и опасно.