Достапни линкови

Жални врби, весела математика


Во Вардар ќе никнат три жални врби за 250 илјади евра.
Во Вардар ќе никнат три жални врби за 250 илјади евра.

Но врбите се само капка вода во проектот Скопје 2014. За врбите барем се знае колку пари се потрошени, затоа што за нив, барем засега нема дополнителни анекс договори кои би ја зголемиле првичната цена, како што е случај со останатите поголеми објекти од Скопје 2014.

Додека врбите ги нишаат гранките, државата се задолжува, велат граѓаните. Не е лошо да се гради, но во услови на криза, можеби парите треба да се потрошат за попродуктивни работи. Проектот Скопје 2014 викендов доби нова атракција - Вардар се збогати со три жални врби за, како што беше објаснето, да му се оддаде почит на вегетативниот свет.
Од една страна велат дека е голема криза, од друга страна за три врби се даваат 240 илјади евра.
Анкетиран граѓанин.

За тоа, Министерството за култура потроши 250 илјади евра. Поставувањето на врбите дојде во момент кога државата обзнани дека повторно ќе се задолжува, кога направи ребаланс на буџетот и кога проструија информации дека ќе се крати од парите наменети за боледување.

„Од една страна велат дека е голема криза, од друга страна за три врби се даваат 240 илјади евра.“

„Тоа што може да се направи, нека се направи, ова е единствената шанса.“
Ако нема пари за боледувања тогаш како има пари за аквапарк?
Анкетиран граѓанин.

„Ако нема пари за боледувања тогаш како има пари за аквапарк“, велат анкетираните граѓани во рубриката Хајд парк.

Од подмладокот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ поставија три жални врби вредни 250 денари. Но врбите кои тие ги поставија се обични. А оние во Вардар од видот салих алба или таканаречена бела врба. Во едно британско списание за градинарство се наоѓаат податоци дека врбите чинат по 130 фунти, или околу 160 евра.

Но, врбите се само капка вода во проектот Скопје 2014. За врбите барем се знае колку пари се потрошени, затоа што за нив нема дополнителни анекс договори кои би ја зголемиле првичната цена како што е случај со останатите поголеми објекти од Скопје 2014.

Македонската влада зема кредити, во буџетот фалат пари, се кратат трошоци. Мора да се штеди, но каде? Дали приоритет се жални врби, аквапарк, споменици? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Задолжување, за што и до кога?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00
Од податоците на Бирото за јавни набавки, сите основни договори биле проширени и надградени со анекс договори за таканаречени непредвидени и дополнителни работи. Основниот договор за Стариот театар кој изнесува 4,5 милиони се претвори во 30 затоа што се потпишани 7 дополнителни договори во вредност од 25 милиони евра. За Музејот на македонската борба се направени шест договори за дополнителни трошоци се во вредност од 13 милиони евра. На основниот договор за градба на Уставниот суд од 25 милиони евра во два наврати годинава се потпишани анекси од скоро 4,5 милиони евра. Цената се зголеми и со договорите за ентериерот од 2,4 милиони евра.

Токму анекс-договорите за невладините организации кои ги следат јавните набавки се спорни затоа што со нив неколкукратно се зголемува сумата предвидена за некој објект и преку нив се одлеваат милионски суми од буџетот. Ваквиот начин на објавување на тендери овозможува фирмата изведувач да понуди најниска цена на тендерот за потоа со анекс договор да извлече и до 30 проценти повеќе од основната договорена сума. Со ова се исполнува и законскиот критериум да не се распише нов тендер и фирмата да земе повеќе пари од првично предвиденото.

Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски од собраниската говорница порача дека проектот Скопје 2014 е пералница на пари.

„Па сетете се дека вие и Груевски ја лажевте македонската јавност дека проектот ќе чини 80 милиони евра, па само до сега се потрошени 200, 300 милиони а кај и да е ќе стигне до 500 милиони евра. Па зашто мислите дека ако лажете некој ви верува?“

На тоа пратеникот Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ одговори:

„Не знаете колку пари чини проектот Скопје 2014, јас ќе ви кажам, чини толку пари колку што вие украдовте од ТАТ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG