Невладиниот сектор подолг период оценува дека дебарскиот крај се соочува со бројни еколошки проблеми кои наскоро ќе го нарушат биодоиверзитетот. Како клучни проблеми се посочуваат немањето на регионална депонија, но и евентуалната реализација на проектите Луково поле и Хидроцентарала Бошков Мост.
Мрежата за развивање на локалното акционо планирање за биодиверзитетот во Земјите од Западен Балкан успешно стартуваше и во Македонија. Во првата фаза во општините Маврово–Ростуша и Гостивар се постигнати добри резултати, а според првичните активности во кои во втората фаза е опфатена и општина Дебар се очекува да има добри ефекти за заштита на биодиверзитетот во западниот регион на Македонија.
Оваа оценка ја изнесе во Дебар раководителката на програмата на Европскиот Центар за заштита на природата и проектна координаторка Ајшеѓул Чил. Таа нагласи дека во првата фаза се посочени проблемите, но се дадени и насоките за заштита на животната средина.
„Во првата фаза беа вклучени две општини и тоа општината Маврово – Ростуша во која територија е и Националниот Парк Маврово, како и општина Гостивар. Таму беа многу добро посочени проблемите но и решенијата. Така во општина Маврово–Ростуша е одлучено да се спроведе проект за заштита на реката Радика, додека пак во Гостивар се одлучија да се спроведе проектот едукација и образование за младите како да се заштитува животната средина.“
Локалното акционо планирање е од големо значење за општина Дебар, бидејќи крајот изобилува со прекрасна природа, вели Чил.
„Во Дебар од првата средба се гледа дека има голем интерес за заштита на биодиверзитетот. Големо е присуството на невладиниот сектор, локалната власт, но и од електраната Шпилје. Сите се дојдени масовно и се очекува да се дадат приоритетите и насоките за решавање на проблемите.“
Локалната власт во Дебар, смета дека локалниот план кој ќе биде резултат на проектот на Европскиот центар за заштита на природата е многу битен за Дебар, бидејќи со него ќе следи целосно евидентирање на бројните проблеми кои може да го нарушат биодиверзитетот, вели локалниот координатор на проектот, претставникот на локалната власт Газменд Цами.
„Ова ќе биде основа да се направи стратегиски документ во кој ќе се идентификуваат целосно проблемите и слабостите за биодиверзитетот во нашиот регион. Потоа ќе се дадат насоки за решавање. Планот ќе ги даде и решенијата “, вели Цами.
Невладиниот сектор подолг период оценува дека дебарскиот крај се соочува со бројни еколошки проблеми кои наскоро ќе го нарушат биодоиверзитетот. Како клучни проблеми се посочуваат немањето на регионална депонија, потоа бројните диви депонии во сите рурални средини но и евентуалната реализација на проектите Луково поле и Хидроцентарала Бошков Мост, со кои според нив се појавува проблемот со дотокот на вода на реката Радика но и помалите реки во областите Долна и Мала Река.
Во Дебар од првата средба се гледа дека има голем интерес за заштита на биодиверзитетот. Големо е присуството на невладиниот сектор, локалната власт но и од електраната Шпилје. Сите се дојдени масовно и се очекува да се дадат приоритетите и насоките за решавање на проблемите.Ајшеѓул Чил, Европски Центар за заштита на природата.